Го слушнав ова што кажа овој на ф1, глупости.
Тоа се повеќеслојни глупости. Оптоварувањата кај возачите на ф1 се латерални, во хоризонтала. Дури ни при 5 г странично или напред/назад забрзување срцето нема проблем да ја испумпа крвта до мозокот. Меѓутоа, 5 ге во вертикала надоле (како кај воените авиони) без соодветен тренинг и опрема значи инстант блекаут - срцето просто не може да ја добаци крвта горе до мозокот.
Така да, со сета бескрајна почит кон возачите на формула, оптоварувањата на кои се изложени не се ни приближно тешки како оние на пилотот кога ќе треба да изведе split s со 600-700 км/ч.