Автор Тема: Човекот и планетата Земја, сегашните и идните проблеми со кои (ќе)се справуваме  (Прочитано 25468 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Homo Sapiens, како никогаш досега во неговата еволуција и историја, се наоѓа во клучен и пресуден момент за неговата иднина. Никогаш до сега човекот не влијаел повеќе на неговиот хабитат, никогаш до сега човекот не располагал со средства и начини да ја уништи средината во која живее.

Ве поканувам на дискусија со општ карактер, со најразновидни подтеми за разговор: познати или непознати работи што влијаат на нежниот и ранлив еко-систем на планетата Земја, размислувања за насоката во која човештвото треба, или не треба, да се движи... Накратко се што се однесува на сегашноста и иднината на човештвото, и на нашиот хабитат -прекрасната планета Земја. Вклучително идејата е да се обединат разните офтопик муабети, кои се проткајуваат во многу други теми, кои се со специфичен карактер.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Човекот и планетата Земја, сегашните и &
« Одговори #2 на: 24 Декември 2014, 16:14:42 pm »
Ова е најновата, тазе глупост што ја направија активистите и за среќа „само“ споменик оштетија. Далеку пострашна е штетата што ја имаат направено на пример со противењето кон развојот на нуклеарната енергија, непотребно ширејќи страв и многу скапи бирократски процедури кои скоро целосно го запреа развојот на чиста технологија, која до сега требаше целосно да ги замени јагленот

Они не се борат против нуклеарната технологија туку против оние кои сакаат да ја користат на најевтиниот начин без притоа да водат ДОВОЛНО сметка за безбедносните аспекти. Ене ја Фукушима од пред неколку години. Најлесно им беше да јанаправат централата на сам брег на трусно подрачје каде појавата на цунами е сигурна.

Најголемиот проблем со експлоатицијата на нуклеарната енергија е со складирањето на потрошеното гориво. Потрошеното гориво мора активно да се лади. Главниот проблем во настанот со Фукушима остана ладењето на потрошеното гориво (откако како-така се средија проблемите со реакторите).

Ова се однесува на сите нуклеарни централи, и ова е причината зошто тие се градат некаде покрај вода. Потрошеното нуклеарно гориво мора активно да се лади, иначе ќе се случат „лоши работи„.

Всушност целата експлоатација на нуклеарната енергија е еколошка (посебно во однос на термоцентралите), но само краткорочно гледано. Што ќе се случи кога некогаш ладењето на потрошеното гориво ќе дојде во опасност.
Еден пример би бил тоа дали се размислува на последиците од евентуална јака соларна бура, на пример како таа од 1859та?
http://en.wikipedia.org/wiki/Solar_storm_of_1859
Во таков случај треба да се очекуваат денови, или недели (можеби и месеци) додека се поврати електричната мрежа. Секако дека нуклеарните централи имаат свои генератори, ама што правиме со електрониката со која се управуваат системите во централите, и не најмалку системите за ладење?

Така да секогаш кога ќе се спомне „чистината„ на нуклеарната енергија, сетете се дека ние всушност се обложуваме дека секогаш ќе сме во состојба да обезбедиме ладење на реакторите и на нуклеарното гориво. Но според искуствата со Фукушима, повеќе од очигледно е дека некои опасности воопшто не се предвидени.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Човекот и планетата Земја, сегашните и &
« Одговори #4 на: 25 Декември 2014, 20:38:01 pm »
Неупотребата на Ториум како нуклеарно гориво е политичка одлука.
Пар важни моменти зошто (политички) е одлучено да не се користи ториум:
- Нуспроизводите не може да се употребат за изработка на нуклеарно оружје (јбг, сетете се кој ја развил технологијата)
- Ториумот е многу подостапен ресурс, како таков не може да се котролира како што може да се контролира многу пореткиот ураниум. Впрочем, еден куп нови алтернативни методи за производство на енергија од разни лесно достапни енергенси, едноставно ги изеде мрак. Ќе се појави некоја добра идеја, и некој ќе го купи патентот во зародиш, или едноствано нема повеќе да се чуе за тоа. Фосилни горива, и ураниум... се прикладен избор затоа што може да се контролираат, а кој ги контролира енергетските ресурси тој ја контролира планетата.


LFTR се зборува дека активно ги истражува Кина, која не располага со наоѓалишта за фосилни горива, ниту ураниум, а има голема потреба од енергија.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Ќе не лупне астероид, ќе се истопат сите глечери, ќе ја извее торнадо цела земја, ќе се отвори земјината кора, ќе го преебеме озонот, ќе ги уништиме шумите, ќе го загадиме воздухот, ќе нема нафта, ќе избие некоја јака војна, нашите внуци ќе патат, сите ќе не однема. :D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Нека не рокне нешто и сите упм да отидеме, оти не заслужуваме да живееме на планетава :)
New blood of old school

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Неупотребата на Ториум како нуклеарно гориво е политичка одлука.
Пар важни моменти зошто (политички) е одлучено да не се користи ториум:
-bla bla
-bla

http://www.whatisnuclear.com/articles/thorium_myths.html
Види мисконцепција број 1

LFTR се зборува дека активно ги истражува Кина, која не располага со наоѓалишта за фосилни горива, ниту ураниум, а има голема потреба од енергија.

Од истиот линк, под мисконцепција број 4.

Цитат
China has about an estimated 50% more known U than Th.
Колку што ѕирнав на линковиве, се проценува дека во Кина им двојно повеќе ураниум, можеби тоа се некои стари податоци.

Знам, тешко е да се прокопа низ сите срања што се пишуваат по интернетот и да се најде што навистина се случува, многу е полесно да се верува во теории на заговор.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Гледам некој инсистира да кака на сите теми...  Ех, ок. Нејсе.
Инсистирањето на употреба на фосилни горива и на нуклеарна енергија, тоа им одговара само на тие што сакаат да ги контролираат енергетските ресурси. Складирањето на потрошеното нуклерно гориво носи ризици, прашајте ги децата од Фукушима:
http://www.japantimes.co.jp/news/2014/12/24/national/science-health/four-fukushima-children-suspected-thyroid-cancer/#.VJosHsAAA
http://blogs.wsj.com/japanrealtime/2014/08/25/fukushima-watch-early-data-on-thyroid-cancer-released/
А study by researchers in Fukushima prefecture found 57 minors in the prefecture have been diagnosed with thyroid cancer so far and another 46 are showing symptoms that suggest they may also have the disease. Today, as The Japan Times reports, four more children are suspected of suffering from thyroid cancer in the latest survey bringing the total to 107 out of 385,000 now surveyed. This is dramatically higher than the normal "between 5 to 11 cases per million people," that Okayama University professor Toshihide Tsuda cites for national statistics between 1975 and 2008.

За човештвото е најдобро да се фокусира на експлатација на обновливи извори на енергија. Сонце, ветер, кинетичка енергија на водата, геотермална енергија,... сето тоа се ресурси кои се достапни и обновливи.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Ветерот не е обновлив извор на енергија.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Ветерот не е обновлив извор на енергија.

но затоа спаѓа во зелена енергија. бесплатна... и апаратурата за нејзино користење, ширум светот е релативно доста субвенционирана...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Човекот и планетата Земја, сегашните и &
« Одговори #11 на: 26 Декември 2014, 02:05:42 am »
Aман заман... саде адвокати на темава!  ::)
Како тоа „ветерот не е обновлив извор на енергија„, сакаш да кажеш дека таму каде постојано дува ветер, ако денес ставиш турбина таму утре нема да дува ветер
Или сакаш да кажеш дека таму каде има трафики, не дува ветер?  :D


Ветерот не е обновлив извор на енергија.
Ветeрот е можеби најеколошка обновлива енергија, во однос на технологијата. Соларната енергија може да се користи на различни начини но фотоволтаик панелите се незгодни за рециклирање. Хидроенергијата е чиста енергија, но ги нарушува природните еко-системи иако овде кај нас подобро да се замиже на тоа, пошто се е подобро од РЕК Битола (освен нуклеарна централа).

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ако земеш статистички колку енергија се произведува од нуклеарки во однос на штетата направена од изолираните случаи како Факушима, ќе дојдеш до заклучок дека е далеку позелено решение од било кое друго и дека е најчист и најеколошки извор на енергија во однос на било што друго, вклучително и хидро.
Под штета сметам и сето загадување и уништување на природа кое треба да го направиш за да произведеш соларни панели, ветерњачи и слично, како и загадувањето, штетите и нарушувањето на природата при изградбата на нивните централи и нивното вградување.
Понатаму да се земе во предвид разликата во цена од произведената енергијата и проценка на трошокот и загадувањето кое што луѓето треба да го направат за да ја сработат и надоместат таа разлика во цена. На пример еден производствен погон каде електричната енергија влегува со голем % од цената на производот, поради поскапата електрична енергија треба да произведе многу повеќе производи за да го постигне таргетот на заработувачка. Тоа значи трошење на повеќе ресурси и поголемо загадување на природата.

Да, статистички гледано несомнено си во право. Но кога ќе речеш дека е „релативно мала штетата направена од изолираните случаи„ не заборавај да анализираш како е дојдено да таа штета биде толку мала (во однос на најлошото можно сценарио: тотален нуклеарен мелтдаун). Колкава ќе беше таа штета ако системот не функционираше, и ако во Фукушима и во Чернобил животите и здравјето не го жртвуваа неброени (и неопеани) херои?

Значи кога се релативизира можноста од штета, се поаѓа од претпоставка дека општеството и државните апарати функционираат, и постојат обучени и спремни структури кои ќе го ризикуваат (и жртвуваат) своето здравје за добробит и безбедност на сите.
Но што правиме ако тоа се случи во услови кога општеството и државните апарати НЕ функционираат??

Е затоа ти реков добро е што тиа на Левантот (дел од Блискиот Исток каде се најголемите и најкрвави војни) немаат нуклеарни централи. Тоа изгледа го пропушти, како и тоа дека баш во Украина каде сега се води војна... имаат не една туку повеќе нуклеарни централи од која едната е најголемата во Европа: Zaporizhzhia Nuclear Power Plant. Како за беља баш таа централа е најблиску до фронтот во Новорусија, и повеќе пати се шират разни шпекулации за можни саботажи заради фолс флаг намени. Дури е јавно за зголемена радијација во областа.
Еве на мапа, локацијата на активните нуклеарни централи (има и неактивни):



Значи досега, историски гледано штетите од загадувањето од нуклеарните централи се релативно мали, дури и кога ќе се земат во обзир незгодите. Но тоа е заради функционирањето на општеството и државата... а кое 100% го бара и функционирањето на централите и на складирањето на потрошеното нуклеарно гориво (кое исто треба активно да се лади).
Што правиме во услови на војна, саботажа, или привремен распад на општеството? Е тоа е прашањето на кое мора да се одговори, кога се зборува за безбедноста на енергијата добиена од нуклеарните централи.




Ако сака некој ќе има деца ако нејќе ќе нема. Јас до 30 години најмалце не ни размислувам деца да имам, а веројатно ни после тоа нема. Со овој стандард неможам да им пружам пристоен живот, а како што тргнало нема ни да можам.
Не спорам ништо од ова, само онака од забавен аспект, да ти препорачам да го погледаш:
http://www.rottentomatoes.com/m/idiocracy/
http://www.cinemablend.com/reviews/Idiocracy-1775.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Tреба споменик да им се дигне на тие луѓе.