Точно е, но погленди го она перниче над ГазиБаба/Железара. Накај Кондово исто имаше еден прилично убав столб.
http://1drv.ms/176eVAiНе се гледа најдобро но тие две места беа посебно добро средени.
Пред една недела возев точак покрај Вардар (Ѓорче-Аеродром), по поминување под железничка и натака воздухот значителлнно и видливо се менува. Областа околу Вардар не е густо населено подрачје туку е претежно индустриско и комерцијално завземено.
Воздухот од Влае до Аеродром и тоа по коритото на Вардар е толку осетно рзличен што се приметува со „голо око“. Не ми е јасно како жителите на Аеродром се осудуваат да излезат од дома и да трчаат или возат велосипед покрај Вардар.
Не дека во Влае и Ѓорче се во дозволени граници, но ако овде е 2-3 пати над дозволено, таму е 8-10 над. Таква голема рзлика тешко се прави само со греење или сообраќај бидејки тој дел од загадувањето рамномерно се распространува по густо населените места. Да не заборавиме дека Ѓорче и голем дел од Влае воопшто нема централно греење, а повеќето од населението во Аеродром и Лисиче се грее токму на ваков тип греење.