Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 415997 пати)

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2773
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #30 на: 01 Април 2015, 00:31:53 am »
Пошто мене ми дојде редот да терам вакви маки ај да прашам и јас. Има ли некој искуство со индуктивни плотни? Гледам доста им се паднати цените, ама сеуште не сум сигурен а и не сум доволно информиран, освен што турбо брзо загреваат и треба посебни инструменти што друго треба да се знае за нив?
Мене конкретно ми треба плотна со две рингли, фурна, фрижидер и аспиратор. Колку што знам никој не е задоволен од било кој аспиратор, сите се бучни и влечат доволно, сега прашањето ми е дали се исплати да се дадат можеби повеќе пари за некој условно кажано поквалитетен. Тука мислам на некој од модел на Фабер од 350-400 евра.
За да има смисла комбинацијата кај фабер треба да ги земам и фурната и плотната од таму за да ми дадат 5% попуст и 5 години гаранција во спротивно е само една година. Е сега проблемот со Еуролукс е како што разбрав тоа е некоја бугарска фирма/фабрика под капа на фабер, ако ги бараш на интернет нема да најдеш конкретно нивни сајт, ке налеташ само на македонскиот, бугарскиот и српскиот и можда уште нешто. Цената на Еуролукс е сосема нормална дури релативно ефтина.
Од друга страна ги гледав и Бош, али незнам зашто, вањда ради брендот, горење ми фатија око, али слушнав а и тука има некој што се жалат и трето, око ми фаќаат Електролукс, али некој тука спомна дека и тие немале врска со матичниот електролукс.
Е ај сеа...

Фриждер барам 70ка ширина, такви нема многу... гледам доста ги фалат Самсунг, а на избор има само Беко, еден Аристон и еден Електролукс кој е малце скапичок.
Патем блумберг нема веќе, не ги носат а колку што знам, сите што земаа се пресреќни. Ако некој знае каде може да се најде уште нешто од нив, нека каже.

П.С. За бољер планирам Аристон, оној со два казани и со убавКо дисплејче

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7641
  • Плинаш!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #31 на: 01 Април 2015, 00:38:54 am »
Ја би ти препорачал Беко. Иако дома немам ништо од беко, јас сега кога би купувал би земал беко. Имам другарче што ги сервисира сите домашни апарати и му верувам  кога вика дека беко се меѓу подобрите марки, а и колку што знам даваат од 3 до 5 години гаранција.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5447
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #32 на: 01 Април 2015, 01:01:14 am »
A sto vikate za Siemens?
Na saemov sega bea i edna firma sto nudese kompletna ponuda na Siemens i cenite ne im bea taka losi vo sporedba so konkurentite.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #33 на: 01 Април 2015, 07:59:18 am »
Гледајте да купите нешто за кое знаете дека ке имате сервис. Све друго е горе доле исто.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2773
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #34 на: 01 Април 2015, 09:54:52 am »
Ги видов и јас Сименс на саем, али не ми изгледаа ефтини. За 70ка фрижидер бараа околу 50К а за аспиратор 650 евра. Кажи која фирма беше ако ти текнува и дали имаат салон, можеби јас се фатив за грешните ствари. Жиле, и беко се опција, највеќе поради гаранцијата, 5 години даваат на се, али тоа знакчето им е многу грдо.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20613
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #35 на: 01 Април 2015, 10:46:18 am »
Фабер нудеа 5 години гаранција за нивните уреди. Ги препорачувам уредите, ама ептен се терсене ако ти затреба сервис. Додуша мене ми требаше за чешмата што ја земавме откај нив, не за електричните уреди, ама ипак, односот им беше за нигде. Не се бетер од Видео Дата, како и да е.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5447
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #36 на: 01 Април 2015, 10:49:38 am »
Vudelgo se vika firmata.
za servis mi rekoa imaat.

Imam vizitka so broj
02 2580 064

Jas cenite gi sporeduvav so EuroLux i ostanati ali na slicni modeli i ne bea bas poskapi.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2773
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #37 на: 01 Април 2015, 10:56:44 am »
@Vele, па се знае од кај се зима чешма бе, како правиш таква грешка, ај да не пуштам тука реклама, па јаре да ми прати фрактура :D
@Dende, ги знам вуделго, имам земено клима од кај нив, да имаат интересна и добра понуда, арно ме потсети да ги посетам.

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2986
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #38 на: 01 Април 2015, 11:04:08 am »
Во Горење салонот во Карпош 3 имаат на попуст стари залихи од фрижидери, шпорети, машини за перење а некогаш и на тие спуштени цени даваат уште некој процент попуст.

Летоска земавме фрижидер со 50 и нешто % попуст, нов со гаранција (не ми текнува колку години е). И машина за перење  земавме со доста голем попуст, некој од елементите (или двата) беа од некоја продавница што држела Горење (мислам дека надвор од Скопје) и што затворила.

Аспиратор имам Беко и е ок, бар 5 години е стар.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #39 на: 01 Април 2015, 11:07:46 am »
ми требаше за чешмата што ја земавме откај нив,

Во моментот по мене за чешми што се нудат кај нас работите стојат овака:

Grohe - од тоа што можам да го видам што го нудат како квалитет. Сепак цените им се небеса и незнам што се има да се купи кај нас. Во Германија важат за број 1, затоа и ги препорачувам.
Armal - постара чешма која ја имам, можеби повеќе од 20 години, презадоволен!
Unitas - 6 години гаранција, постара чешма која ја имам, можеби повеќе од 20 години, имам и нови, презадоволен од искуство!
Понатака можам да ги предложам со искуство
Newarc ги продаваат во Baudom одлични чешми! Цените се пристојни.

Со доза на резерва од искуство, српски исто така ефтини кои се продаваат во Меркур. Има резервни делчиња, ефтини за одржување, мислам дека со 2 години гаранција.

За следниве имам слушано од корисници:
Нензнам како се викаше една турска фирма во Меркур што ја нудат, 5 години гаранција и ниски цени дури и да се чудиш.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20613
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #40 на: 01 Април 2015, 11:18:29 am »
@Vele, па се знае од кај се зима чешма бе, како правиш таква грешка, ај да не пуштам тука реклама, па јаре да ми прати фрактура :D
@Dende, ги знам вуделго, имам земено клима од кај нив, да имаат интересна и добра понуда, арно ме потсети да ги посетам.

Појма неам од кај се зима чешма :(

Јас земав откај овие онаква на извлекување шо е, у пакет со се’ друго. Зажалив за чешмата, не за другите работи (пу-пу да не урочам).

Земав туш-батерија „Фиоре“ од продавниците на пазарче, па сеа за сеа арна си е :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2773
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #41 на: 01 Април 2015, 11:49:04 am »
Како бе незнаеш? o.O Секако дека чешма се зема од Hansgrohe, грешка си Сале, Grohe e злиот брат што ја напуштил фирмата и патем сега се полукинеска фирма, и секако не е број еден во германија, само се најкомерцијални ги има насекаде а се со многу послаб квалитет од хансгрохе (и секако се поефтини), практично се копија во многу погледи. Инаку пред две недели бев на саем за вакви ствари во германија.
Туку чешма, санитарија и керамика не ми е никаков проблем, тоа ми е се обезбедено.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5447
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #42 на: 01 Април 2015, 11:52:40 am »
Koj gi prodava kaj nas tie cesmi?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2773
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #43 на: 01 Април 2015, 11:58:28 am »
Koj gi prodava kaj nas tie cesmi?

http://www.sate.com.mk/

Моментално имаат Outlet акција на лански производи па има добри попусти.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #44 на: 01 Април 2015, 12:10:57 pm »
Мене конкретно ми треба плотна со две рингли, фурна, фрижидер и аспиратор. Колку што знам никој не е задоволен од било кој аспиратор, сите се бучни и влечат доволно, сега прашањето ми е дали се исплати да се дадат можеби повеќе пари за некој условно кажано поквалитетен. Тука мислам на некој од модел на Фабер од 350-400 евра.

П.С. За бољер планирам Аристон, оној со два казани и со убавКо дисплејче

Аспиратор земи си ЛИНО, во продавницата за ФАБЕР кај Зебра, две турбини, 7000 денари негде. Јас го имам мислам дека последниот, МЦ нешто беше. Корне!

http://www.elektropromet.com.mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=6&Itemid=11&limitstart=5

Моите имаат Аристон бојлер, не се задоволни, кога ќе го пуштиш зуе како оние за кафе бокалчињата. Грее, ама е бучен. И изолација слаба. Можеби ефина варијанта ЛЕОВ титаниум.

За генерална марка, ефтино и добро, БЕКО