Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 431430 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17416
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2160 на: 22 Декември 2022, 12:29:45 pm »
Дајте предлог за кујнско проточно бојлерче што ќе функционира на скопска вода.

И кои услови треба да му ги запазам во поглед на струја и притисок на вода?

Имаат ли опција за чистење? Колку често се прави тоа?

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2161 на: 22 Декември 2022, 12:58:18 pm »
https://www.elipso.mk/prodavnica/bela-tehnika/bojleri/mali-protochni-boljeri/


STIEBEL ELTRON билокој од понудените. Јас го возам 12 години претходниот модел.
Имаат некоја заштита за бигор.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54933
  • Махер
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2162 на: 22 Декември 2022, 13:00:54 pm »
Дајте предлог за кујнско проточно бојлерче што ќе функционира на скопска вода.

И кои услови треба да му ги запазам во поглед на струја и притисок на вода?

Имаат ли опција за чистење? Колку често се прави тоа?
Колку KW криклучок имаш? 3.5 или 4 или 6? Тоа ќе ти го ограничи изборот.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17416
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2163 на: 22 Декември 2022, 13:07:18 pm »
Јас најслабиот би го купил секако, кај мене во домаќинство само во зима се користи малку да замлачи вода.

Stiebel Eltron ги читав и во групата МДМ, многу луѓе ги спомнаа, ама викам ај тука кај мои луѓе да прашам.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11727
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2164 на: 22 Декември 2022, 13:08:40 pm »
Само Штибел.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2165 на: 22 Декември 2022, 13:24:11 pm »
Vaillant се уште подобри (не можам да се сетам на муабетот од покани) ги имаше во Енергосистем.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11727
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2166 на: 22 Декември 2022, 14:47:18 pm »
Можи да се уште подобри, немам искуство со нив.

За штибел знам дека одлично се понашаат со скопската вода.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17416
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2167 на: 22 Декември 2022, 16:00:36 pm »
Ми рекоа дека можеле да го донесат и тој од 4.4 kW ама нема да постигнувал температура.

Рекоа дека на нормален штекер функционира овој помоќниот од 5.7kW. Зошто од струја не се разбирам, ќе ми запали нормална инсталација со толку киловати или да не се секирам?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8509
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2168 на: 22 Декември 2022, 16:16:55 pm »
Ми рекоа дека можеле да го донесат и тој од 4.4 kW ама нема да постигнувал температура.

Рекоа дека на нормален штекер функционира овој помоќниот од 5.7kW. Зошто од струја не се разбирам, ќе ми запали нормална инсталација со толку киловати или да не се секирам?

Не, ама ќе ти бута осигурач цело време ако е врзан сериски.
Среќа има копче за регулирање и можеш да го местиш на послабо.

Ако е штекеротна самостојна линија немаш гајле.

Ако си во зграда секогаш ќе постигнува добра температура.

Во куќа, со поладна вода, макс 40 степени зимоска во најдобар случај.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54933
  • Махер
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2169 на: 22 Декември 2022, 16:21:47 pm »
Ми рекоа дека можеле да го донесат и тој од 4.4 kW ама нема да постигнувал температура.

Рекоа дека на нормален штекер функционира овој помоќниот од 5.7kW. Зошто од струја не се разбирам, ќе ми запали нормална инсталација со толку киловати или да не се секирам?
Нормален осигурач е 16А така да не гледам како на "нормална" ќе се врзе 5.7kw. мора да се промени осигурач на 25А+. Ама дали ќе издржат жиците? Се сомневам. Не дека одма ќе стане нешто ама не е правилно. Со 3.5kw греат веќе жиците, греат контактите, греат прекидачите и тоа јако. Што ќе прават кога ќе им дадеш 5.7kw? Јас никогаш не би се заебавал со вакво нешто. Крај краева не ни мора да се менува осигурач, може директ жиците да се премостат без осигурач. Така сигурно нема да паѓа осигурач. [/endrant]

Има 3.5kw кујнски бојлери во сетек. Какви се такви се, народ ги користи. Знам дека ги бендисуваат тие неколку што ги имаат. Се вклучуваат на православен штекер и чао.

Се друго е мачка во вреќа.

П.С. тикви. Нема лагер зошто сите го бараат овој, баш од оваа причина. https://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10122&product_id=72945

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8509
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2170 на: 22 Декември 2022, 16:28:03 pm »
Нема мачки, Дени.
Кај мене работи баш тој, веќе 5 месеци, намален на регулатор како што пишав.

Единствен заеб ми е што се на ист вод со машина за садови и не смеам да ги вклучам двете во исто време - веднаш паѓа осигурач тогаш.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54933
  • Махер
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2171 на: 22 Декември 2022, 17:32:41 pm »
Нема мачки, Дени.
Кај мене работи баш тој, веќе 5 месеци, намален на регулатор како што пишав.

Единствен заеб ми е што се на ист вод со машина за садови и не смеам да ги вклучам двете во исто време - веднаш паѓа осигурач тогаш.
Епа сега ако тој "регулатор" прави да е 3.5kw нема да има проблем, нели нормално.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7043
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2172 на: 22 Декември 2022, 17:34:54 pm »
Јас сум на линија со Дени.

Можеби до сега не се случило кај никој од вас ама јас не би спиел мирно. Најголемиот проблем е што тие 5.5 кв, ме се користат краткотрајно, туку за цело време додека се користи, па имаш ситуација каде на кабел од 1.5мм2,теоретски трпи 3,5кв,а во пракса едвај 2,5 со денешниов квалитет, вие ставате 5.5 кв потрошувач.

Потрошувач од 5.5 кв, по правило треба да оди на 2 фази.
Баш ме интересира во упатството за монтажа што вели за мин електрична инсталација.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17416
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2173 на: 22 Декември 2022, 19:28:03 pm »
Имаше негде во кујната трофазен штекер, само не ми текнува што направи електричарот со него кога ми ги преместуваше позициите...

Знам една фаза отера за рерна или плотна, е сеа дали другите две ги умртви зошто немавме потреба, не ми текнува... Ако се уште тука двете фази, можда може на две да се закачи овој од 5.7kw.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54933
  • Махер
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2174 на: 22 Декември 2022, 19:42:32 pm »
Јас сум на линија со Дени.

Можеби до сега не се случило кај никој од вас ама јас не би спиел мирно. Најголемиот проблем е што тие 5.5 кв, ме се користат краткотрајно, туку за цело време додека се користи, па имаш ситуација каде на кабел од 1.5мм2,теоретски трпи 3,5кв,а во пракса едвај 2,5 со денешниов квалитет, вие ставате 5.5 кв потрошувач.

Потрошувач од 5.5 кв, по правило треба да оди на 2 фази.
Баш ме интересира во упатството за монтажа што вели за мин електрична инсталација.
Инсталациски би требало да е 2.5мм2 по некое правило.
https://www.energy-solutions.co.uk/technical-information

По правило на подолго оптеретување од 17А декларирана температура му е околу 60°С, што се изгореници на кожа при 5 секундна изложеност. Многу непријатна температура. За тоа е "предвиден". Е сега на 25А оди на 70°С истиот кабел.

Е сега што ми е муабетот. Значи каблите можат да издржат 3.5 па ете и 5кв ама за кратко време. Не со саати греач да работи така. Тоа е поентата. Јас практикувам греалки, панели, бојлери да се под 2кв на стандардна инсталација. Убаво е така. Не се укрутува жицата и изолацијата, не се растечнува се што било планирано во кабелот, не се црнеат контакти итн. Значи тоа е за постојано оптеретување. Фен на пример е греач, ама се користи ограничено и пократко и може да е 3кв зошто е рачен апарат кој не го оставаш и го забораваш како што се греалки.

Зборувам како best practices. И проточно за кујна ако го земеме дека е нешто што не се користи премногу време ете може да спадне во тие категории од 2-3.5kw на обична инсталација.

Да има луѓе што ги користат со години. Не дека не. И ти да ставиш ќе го користиш. Не дека не. Но, изолацијата крева 60-70ц на 5.7кв сигурно и 80ц, тоа е буквално греач кој оди низ куќата. Контактите греат, оксидираат. Црнее жицата, црнее изолацијата и се јагленосува. Пак ќе речам, чисто ете инженерско размислување што се случува. А не дека не може. Како што гледаме 2.5мм2 кабел комотно држи и 45А... При 200°С.