Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 415987 пати)

Отсутен Macedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 63
Совет за бела техника
« на: 17 Декември 2014, 19:58:47 pm »
Здраво дечки! Пробав да најдам некоја ваква тема ама неможев. Или нема или јас не ја заприметив.
Е сега како што си пишува во насловот ми треба совет, или искуство околу бела техника. Реновирам стан и сега гледам шпорети, клими, релни, машини за перење и тн. Цел град го сврте, бев во нептун, техномаркет, сет тек, агротехна, горење и некои ситни продавнички за бела техника и веке главава незнам кај ми е, све ми е измешано. Највеке ме интересира квалитетот и издржливоста на производот, односно трајноста на истиот.
Е сега да бидам попрецизен барам плотна (стаклена) со комбинација, 2 плин 2 струја;
Вградлива релна,
Машина за алишта( по наредба  девојка ми )  :) да е 7+ кила и над 1000 вртежи,
Па ако имате било какво искуство или совет, споделете, бидејки веке која марка и да гледам веке се ми е исто, на форуми едни де се жалат од еден производител, други го фалат.
Па тотално сум збунет.
Секој совет и искуство се добредојдени

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33980
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1 на: 17 Декември 2014, 20:05:37 pm »
Брат, јас бев во твоја кожа пред две години. Бев во истите тие продавници. Дадов екстра пари ко демек ќе дадам повеќе пари ама ќе купам поквалитетно.

Со сета чест кажуивам дека квалитетот на таа роба која ја декларираат како поквалитетна е срање. Се е тоа едно големо срање. Сименс, Бош, Беко... се е тоа срање од квалитет.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5529
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2 на: 17 Декември 2014, 20:38:09 pm »
Eventualno gorenje ima momentalno akcija so 5 godini garancija...Ja se tokmev za masina za perenje mislam deka agrotehna ima ubavi ceni davaat na rati imase edna 16.000 taka nesto bese masina slim znaci potenka nego standardnive so uslovi sto gi diktira devojkati..
Edino so gorenje mozes da bides siguren deka naredni + 10 godini kje imas servis i  najvazno rezervni delovi za drugive neznam..
Samo eden sovet zemi poprosta masina nemoj od ovie digitalnive deka od najmala vlaga otide display i programator a delot kosta skoro povekje od cena na pola masina.

Отсутен Macedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 63
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #3 на: 17 Декември 2014, 21:11:29 pm »
Гледав во горење имаше една машина модел w8543 редовна цена 22000 а ако ја плтиш во кеш 18500, со 5 год гаранција, и не е некоја со допир и тие срања, обична со дугмиња. Работата е што по форуми и по луѓе слушам горење машините скокале многу, а други па ги фалат, истото важи и за другите производители

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1905
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #4 на: 17 Декември 2014, 22:28:52 pm »
Работата е што по форуми и по луѓе слушам горење машините скокале многу
Па има решение ќе ја заврзиш и нема да скока ......  :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #5 на: 17 Декември 2014, 23:02:11 pm »
за рамни плотни...  бломберг... еве невестава до мене е, само што ја прашав, задоволна била...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #6 на: 17 Декември 2014, 23:03:43 pm »
Фрижидер - Самсунг, Електролукс
Шпорет или плотна/фурна - Горење, Самсунг, Вирпул
Машина за перење - ЛГ
Машина за сушење - Со сензор за влажност, сеедно која.
Машина за садови - Вирпул, Индесит, големина по потреба.
Бојлер - Горење
Кујнско бојлерче - Горење

итн.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #7 на: 17 Декември 2014, 23:11:14 pm »
Фрижидер - Самсунг, Електролукс
Шпорет или плотна/фурна - Горење, Самсунг, Вирпул
Машина за перење - ЛГ
Машина за сушење - Со сензор за влажност, сеедно која.
Машина за садови - Вирпул, Индесит, големина по потреба.
Бојлер - Горење
Кујнско бојлерче - Горење

итн.

-машина за перење горење... г’зот и е скинат од перење, ете ја пере без проблем. со 2 мали деца, просечно 14 пати пере неделно. да, неделно...
-фрижидер бломберг, ја потврдувам за него, башка 5 години гаранција-НЕПТУН
-шпорет исто така бломберг, невестава потврдува дека е добар со 5 години гаранција-НЕПТУН
-бојлери...? ме зезаш горење? синерџи, елкетролукс, тингинокс, исеа, аирстон... со нив работам и ги гледам годиништа не се сменило ништо...
-за сушење алишта не сум компетентен, не користиме тоа, али во викендица имам машина за перење со сушење, канди... меѓутоа тоа канди со ова сега врска немаат...
-машина за садови мидеа. евтина а камила, за 12 особи. ја имаме 2-3 години...-ЈСК Тетово, меѓутоа од пред тие 2-3 години, скоро  15 имавме мала машина од бош. сеуште работи без точка корозија или проблем со нејзе, само мала ни беше па затоа е таму... и сеуште се продава истата машина во ТЕХНОМАРКЕТ..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #8 на: 17 Декември 2014, 23:30:02 pm »
-бојлери...? ме зезаш горење? синерџи, елкетролукс, тингинокс, исеа, аирстон... со нив работам и ги гледам годиништа не се сменило ништо...

За другото не коментирам, за ова малку.
Тинг инокс ми е многу чкартовска фирма од една причина. Инаку прв бев за да се купи нешто од нив, прво заради иноксниот казан.
Еднаш решив и купив од нив. Поминав преку најгрдиот изглед на планетата земја, поминав покрај најнеквалитетниот лим со кој е изработен најгрдиот изглед, поминав покрај најгрдите пластични поклопци, поминав покрај најмизерната топлотна изолација од 3 сантиметра камена волна, поминав покрај најгрдото тркалце на термостатот. АМА никако не можев да поминам покрај најчкартните термостати кои ке ме запалеа жив кои им ги вградуваат. Во гарантен рок три пати доаѓаше сервисер и ми менуваше термостати. Значи четврти термостат ми работи на бојлерчето кое го платив најскапо на свет. 4200 денари за најгрдото нешто на планетава земја со надеж дека ке трае.
Више никад.

Аристон....
На секој 8 до 10 месеци сака чистење од каменец. Лимот на казанот е изработен како од печатарски лим. Тенок да потенок не може да биде. На лик е ок, останати пропратни делови ок.

За другите не можам да коментирам, сум немал искуство.

Леов, динамо хит, тие не ги рачунам, незнам зошто.

Горење има изработка екстра. Надворешна никаква замерка. Изолација од пурпена, односно како на фрижидер.
Казан од лим 2мм, двојно емајлиран. И уште еден куп работи околу гречај и заштити итн итн. По мое мислење е во моментот поскап двојно од конкуренцијата и тоа со оправдување.

Пример.
Аристон од 100 литра со спирала чини 7000 денари, а горењето беше околу 14 и нешто, на попуст е 12 700 одприлике.
Тинг инокс е 18 000 мислам, има предност што е иноксен казанот, но се друго му е срање.
Некој ке рече не го гледаш, точно, но вода во тинг загреана на 60 степени и во горење загреана на 60 степени, после 10 часови, разлика ке има од минимум 15 степени.
Како?
Е па горењето за 10 часа ке се олади околу 6 до 7 степени, односно од 60 температурата ке падне на 52 53 степени, а кај тингот ке биде на 40 до 43 степени. Во просторија со нормална температура од 20 степени целзиусови.
Ако преноќи, на горењето ке имаш 40 степени вода, а кај тингот ке имаш 25 степени.

Мислам дека ке се сложиш со оваа констатација.
Ако грешам, поправи ме те молам.
:)

Поентата ми е не само дека изработката е во прашање, туку и економичноста.
Тоа влијае секако и на потрошувачката на енергија.

Инаку Тинг покрај сите недостатоци, повторно кај мене е на високо ниво единствено само заради иноксниот казан и неговата изработка (на казанот значи). Ништо друго!

Ти имаш поголемо искуство со овие уреди, бојлериве, тоа ти е во тесна врска со струката, но моето скромно искуство говори малку поразлично.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1905
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #9 на: 18 Декември 2014, 00:23:01 am »
Јас пак се мислев дали да земам ТИНГ INOX или Ferolli бољер и сепак се решив за ferolli и еве го една година тера и задоволен сум од него моја препорака за него.....

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #10 на: 18 Декември 2014, 00:25:14 am »
си земал некоја евтина верзија или лоша верзија на тинг инокс...


а аирстон од 100 литри го имам во викендица веке 7-ма година... без никакви замерки.. ама не зедов било која... со елкетронски дисплеј, со квартален избор на температури, (ноќна, дневна, утринска и попладневна) со електронски термостат и реле за греачот... презадоволен... значи од набројаните (од мене) бојлери, има и поскапи и по евтини... what you pay is that you gеt, т.е. што ке платиш, тоа и ке добиеш.

а леов, динамо хит.. и јас не ги ни спомињам... пошкартно амин...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #11 на: 18 Декември 2014, 00:30:41 am »
си земал некоја евтина верзија или лоша верзија на тинг инокс...

Нема лоша, нелоша, едни се тие, кујнски од 10 литра.
Разлика е ниска или висока монтажа, друго јок.
:)
Серија можеби ми се паднала, јбга, лоша среќа со термостатите. Али тоа беше капакот само.
Набројаното го замижав само ради казанот.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20613
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #12 на: 18 Декември 2014, 00:32:10 am »
Здраво дечки! Пробав да најдам некоја ваква тема ама неможев. Или нема или јас не ја заприметив.
Е сега како што си пишува во насловот ми треба совет, или искуство околу бела техника. Реновирам стан и сега гледам шпорети, клими, релни, машини за перење и тн. Цел град го сврте, бев во нептун, техномаркет, сет тек, агротехна, горење и некои ситни продавнички за бела техника и веке главава незнам кај ми е, све ми е измешано. Највеке ме интересира квалитетот и издржливоста на производот, односно трајноста на истиот.
Е сега да бидам попрецизен барам плотна (стаклена) со комбинација, 2 плин 2 струја;
Вградлива релна,
Машина за алишта( по наредба  девојка ми )  :) да е 7+ кила и над 1000 вртежи,
Па ако имате било какво искуство или совет, споделете, бидејки веке која марка и да гледам веке се ми е исто, на форуми едни де се жалат од еден производител, други го фалат.
Па тотално сум збунет.
Секој совет и искуство се добредојдени

У принцип, све зависи од тоа, колку пари имаш да потрошиш :)

Ја можам вака да ти препорачам, од лично искуство и од копање и прибирање информации пред не толку долго време, пошто бев у истата ситуација:
- фрижидер - Bosch;
- плотна, рерна, аспиратор - Eurolux (Faber) - ги препорачувам уредите мада, да бидам искрен, фирмата не се покажа најсјајно во периодот после продажбата. Не препорачувам зимање чешма откај нив;
- машина за садови - Beko;
- машина за перење - Samsung, Beko, LG;
- бојлер голем - и Леов ќе заврши работа. Мал: проточен - Siemens; нискомонтажен - Ariston; високомонтажен - Леов;
- клима - Beko, LG, Samsung, Toshiba (тука ептен зависи колку пари имаш планирано :))

Се надевам помогнав колку толку. Или можда у најмала рака, дополнително ти заматив памет :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13692
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #13 на: 18 Декември 2014, 01:08:56 am »
Јас зедов све Беко...до сеа се шо сум имал Беко работело беспрекорно.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3585
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #14 на: 18 Декември 2014, 01:29:18 am »
За 30000 бона имаш во нептун машина за перење 7 кг 1000 вртежи и еконимија а+++ со машина за сушење алишта исто така 7 кг :)
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)