Партнерството меѓу кинескиот производител на автомобили Great Wall Motors – GWM и на бугарската компанијата Литекс Моторс конечно вроди плод која има свој лик и најважно своја цена.
Имено стартува продажбата на првите кинески автомобили произведени во Бугарија во фабриката на Литекс Моторс во Ловеч. Тоа ќе се случи кон средината на месец октомври.
Планот на GWM и на Литекс Моторс е во исто време да бидат отворени дванаесет продажно сервисни центри низ Бугарија и со тоа официјално да стартува продажбата на кинеските автомобили на тамошниот пазар.
Потоа следи освојување и на останатите пазари во Европа вклучувајќи ја и ЕУ бидејќи автомобилите ги задоволуваат сите европски норми кои важат за нови автомобили.
Иако продажбата стартува за еден месец од сега Литекс Моторс ги објавува цените и нуди можност купувачите однапред да ги нарачаат. Во понуда се три модели, градскиот Voleex C10, пикапот Steed 5 и SUV Hoover H5.
Great Wall Voleex C10 е долг 3.810 mm, широк е 1.705 mm, висок е 1.540 mm со меѓуоскино растојание од 2.460 mm. Моторот е бензинец од 1.5 литри со 97 КС и 138 Nm, го забрзува до 100 km/h за 11,1 секунди, вози со максимални 175 km/h и во просек троши 7,3 l/100 km. Цената стартува од 8.200 евра.
Great Wall Steed 5 е долг 5.040 mm, широк е 1.800 mm, висок е 1.730 mm со меѓуоскино растојание од 3.050 mm. Моторот е бензинец од 2.4 литри со 136 КС и 200 Nm, го забрзува до 100 km/h за 12,9 секунди, вози со максимални 160 km/h и во просек троши 10,6 l/100 km. Цената стартува од 12.500 евра.
Пикапот се нуди и со погон на задни тркала и со погон на четири тркала, а во понудата е и трубо дизел од 2.0 литри со 150 КС и 310 Nm, го забрзува до 100 km/h за 12,4 секунди, вози со максимални 160 km/h и во просек троши 8,4 l/100 km.
Најскап е моделот Hoover H5 кој во должина мери 4.649 mm, широк е 1.810 mm, висок е 1.745 mm со меѓуоскино растојание од 2.700 mm. Моторот е бензинец од 2.4 литри со 136 КС и 200 Nm, го забрзува до 100 km/h за 12,3 секунди, вози со максимални 171 km/h и во просек троши 10,3 l/100 km. Цената стартува од 14.700 евра.
Сите модели се нудат со гаранција од 5 години, или 100.000 километри и богата сериска опрема. Плановите на GWM и на Литекс Моторс се големи. Годишно ќе се произведуваат 50.000 возила, ќе работат 2.000 работници, а во 2016 стартува освојување на западноевропските пазари со поширока палета на модели.
http://www.vozi.com.mk/vesti/kinezite-od-bugarija-imaat-cena.html