Автор Тема: Препораки за сервис за HONDA???  (Прочитано 9113 пати)

Отсутен dzgoran

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Препораки за сервис за HONDA???
« на: 08 Ноември 2014, 16:44:39 pm »
Здраво, нов сум на форумот и мислам дека тука ќе најдам попрецизни работи што ме интересираат околу одржување на моето возило во МК, нешто што барам малку повеќе од универзални "мајсторчиња" што даваат генерални дијагнози за било која марка автомобили....или пак можеби на некому ќе помогнам со нешто од мое искуство...

Сопственик сум на Honda Accord 2.4 i-VTEC od 2009 год, па би сакал некој да ме упати кај добри сервисери за оваа јапонска марка во Ск или било каде во државава...
Од официјалните за хонда кај нас во Макпетрол имам лошо искуство, но тоа е друга приказна, а башка се и изгор скапи за услуги што се смешни... би бил благодарен ако некој ме упати кај добри сервисери да си го одржувам возилото..
позз..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #1 на: 08 Ноември 2014, 17:23:40 pm »
Сигурно некој од Хондаџиите ќе знае да ти препорача мајстор. Во меѓувреме, што се случило во официјалниот сервис?

Отсутен dzgoran

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #2 на: 08 Ноември 2014, 17:37:03 pm »
Прво ми истече гаранцијата и немам потреба да ја носам таму пошто ми се некако арогантни,  незаинтересирани... прашувам за нешто на пр. еден акумулатор да сменам да ми кажат колку јачина која димензија, бренд и сл.. пошто имав мали заебанции околу димензијата на куќиштето и моќноста на препорачаниот акумулатор за мене едноставно не се совпаѓаа -  мала димензија(тесни и долги) немаше над 45 ампери...и кога ги прашував општо за информација да си знам кој тип, модел и сл. за мојот модел, избегнуваат арогантно со одговор "специјални хондини биле", кога по некој ден случајно разбирам од едно продавниче набавувале каде што јас купив 72 амперски премиум по цена помала од 45-ките од макпетрол(истиот бренд)...друго кога ја однесов кај еден пријател мајстор во бг, му беше мерак да ја провери и ми извади филтри црни кои не биле заменети последен пат, а нормално ми беше наплатено тогаш....башка прескапи се... еден бришач 80 евра јбг...... и така натаму....

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #3 на: 08 Ноември 2014, 17:41:48 pm »
Во Бутел 1 Манџар (чинам така го викаа)
Телефонче немам, ама ако нема никој од форумов ќе се потрудам да најдам

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #4 на: 08 Ноември 2014, 19:57:45 pm »
ама и манџар како бивши вработен во макпетрол хонда си има прифатено и си држи некои такви принципи на работа,
кога ќе влезеш кај него од лева страна има еден знак пишува, нешто како
ти можеш да седиш и да гледаш колку сакаш ама ние ќе почнеме да работиме ти кога ќе си идеш
али дека си ја знае работата си ја знае, само нема баш ефтино и кај него да поминеш, и ќе си платиш ама чиракот ќе ја заврши работата ;D
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #5 на: 08 Ноември 2014, 20:07:42 pm »
јас искрено го почитувам таквиот начин на работа...
нема што да гледаш како се работи, ако ти кажам дека колата ќе биде направена до одреден датум, и ќе дојдеш да си платиш и да ја земеш...
и ти среќен што си завршил работа, и јас среќен што сум направил кеш и имам задоовлен муштерија :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #6 на: 08 Ноември 2014, 20:12:19 pm »
Јас па напротив кај такви не би ни отишол. Ако сака таква глума нека отвори официјален со црно на бело па нека ми глуми официјален. На таквите мајстори и правила им се даваат доста отворени раце за некоја ситница да ти биде претставена како друг дефект и да ти биде доста дебело наплатена. А верба - верба немам ни во ретровизорот :) и кај него има мртов агол - и он може да те поебе :)

Отсутен dzgoran

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #7 на: 08 Ноември 2014, 20:22:10 pm »
Секогаш треба да се почитуваат своите методи и принципи кај мајсторот... мене ни ме интересира да гледам, ни па имам време да висам на некој над глава, исто како што јас не сакам да ми виси некој... тоа е во ред, но зборувам за начинот на комуникација меѓу клиент-мајстор, кога прашувам каков дел, која марка или слично не сакам некој да ми вика "специјално од јапонија ми стигна нема што да ти објаснувам"... и на крај фактура од стотици евра... затоа си барам човек прво, па ќе ме има редовно како муштерија и како пријател

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #8 на: 08 Ноември 2014, 20:57:09 pm »
јас искрено го почитувам таквиот начин на работа...
нема што да гледаш како се работи, ако ти кажам дека колата ќе биде направена до одреден датум, и ќе дојдеш да си платиш и да ја земеш...
и ти среќен што си завршил работа, и јас среќен што сум направил кеш и имам задоовлен муштерија :)

Аааа не. Да извиниш. Мајмун правење уште од старт пред да почне со работа... никако.
За парите што ги плаќаш, па уште и дебели, сакам да знам се што се случува и да намирисам секоја дубара. А не да платиш а да не ти смени делови. Такви муабети само кон плавуши со дебели спонзори што утре можат да им купат нова кола.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #9 на: 08 Ноември 2014, 21:53:02 pm »
друже, значи во старт идеш со почит кон човекот и истото го очекуваш од него, значи ако рекол дека колата за да се направи треба толку време и толку пари, нека биде така. Доколку не се случи така како што рекол, ќе си превземеш соодветни мерки.

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #10 на: 09 Ноември 2014, 15:52:13 pm »
какви мерки?
тоа е тоа што сакаше achtung да каже, нека си отвори официјален сервис, да ти издаде сметка со сите делови што ги сменил
за ти после да имаш на што да се жалиш кај било кој,

а не вака на крај ти вика 600 денари, ни знаеш што ти сменил ни кој бренд било тоа што ти сменил, ни дали те излажал за брендот ни пак имаш некаква сметка врз која ќе се жалиш накнадно
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #11 на: 09 Ноември 2014, 21:01:11 pm »
ја кола кај некој што пишал така,никад не би однел.јас давам пари,па ако запнам треба да ми дозволи да гледам што се менува,поготово што не е официјален сервис и којзнае дали има камери,па у случај на рекламација да може да се види што е правено.а и со самото тоа што го напишал,мене прво што ми паѓа на памет е дека ќе ми направи дубара,иначе нема зашто би го пишал така,освен ако не е заебанција

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #12 на: 09 Ноември 2014, 21:40:19 pm »
Да кажам и јас моето мислење, и јас работам во сервис механичар, и ако газдата цело време ми гледа во рацете што работам не ми е угодно, тогаш секогаш се брзаш и можеш нешто да утнеш гледајќи те одзад грб цело време, зборувам за покрупни работи работи што треба да мислиш во нив, а не тој застанал до тебе муабет ти прави, само те прашува нешто и деконцентрира, и ние така на шала викаме да залепиме таков лист :) и секогаш тие што сакаат да останат да гледат се некои отоци :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #13 на: 09 Ноември 2014, 21:54:20 pm »
Од тоа слушање "абе ја однесов на сервис, не ми сменија каиши/масло/филтер" сам си мењам (фала богу до сега немало потреба за голем зафат, па се сведува на редовни сервиси) и знам дека сум сменил и дека е ново.

За во сервис убаво би било над сервисот да има како просторија за седење, со стаклен под, со големи прозорци и кој сака да си гледа што се работи на неговото возило. Нема да му стои над глава на мајсторот, ама ќе види дека се работи на возилото, а не се става само печат во сервисната книшка.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Препораки за сервис за HONDA???
« Одговори #14 на: 09 Ноември 2014, 21:55:54 pm »
ова само во МК и во БГ има сомнежи (повеке пати докажани) во лажирањето на извршениот сервис...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време