Чекајте бе, зеленото Сонакс е за стакла - црвеното за пластика.
А дека не го бива црвеното за пластиките во кабината, само ако се лажеме. И е до одреден степен антистатик, ама да очекуваш дека ништо нема да се залепи за површината, е апсурд, исто толкав како што му е и цената. Средството е супер, а доста ми имаат поминато низ раце.
Единствена маана му е, кога врне, кога ќе отвориш врата, ако капне некоја капка на пластиките, остануваат бели флеки. Ама, лесно се бришат со истата постапка, со истото средство.
Јас за нанесување го користам ова..

Откако ќе распени на пластиките, пребришувам со МФ крпа, и воала - мат пластики, кои и мирисаат пријатно.
А средството за стакла, е ПРЕ-ПРЕ-ПРЕ-ПРЕСКАПО. Ајаксот врши дури и подобра работа, за фракција од цената на Сонаксот.
Јас не ни користам средство за стакло - при перење, кога се уште мокри стаклата, само ги пребришувам со крпава..

За ~180 денари, ќе се изненадите од резултатот, само со вода.