Тесла има сериозни проблеми со производството актуелниот модел, и во исто време има притисок од акционерите дека работи со загуба и вредноста на акциите им е пред колапс.
Па затоа на некој "паметен" од Тесла му текнало да ги вадат возилата полу-довршени од лента за да прикажат повисоки броки во производство, и повеќето елементи од ентериерот се додаваат кај локалниот дилер на Тесла. Седишта, волан, тапацири на врати, брисачи, елементи од шалт табла, сето тоа се додава од некој локален дилер. Каша попара.
Како што може секој да претпостави завршната обработка и надежноста на склоповите се катастрофално лоши, но сето тоа се покрива со агресивен маркетинг и билдање на "хајп" дека продаваат нешто несекојдневно.
Со едно едноставно гуглање или пребарување на видеа по интернет ќе видите дека има огромен број на поплаки од клиенти кои сватиле дека купиле ѓубре од возило.
Затоа споредбата на Тесла со било кој европски конкурент е тотална глупост затоа што за да го достигне нивото на завршната обработка и квалитет со европските конкуренти треба уште мноооогу време да помине.
Ок е да развиваш електромотор, батерија и софтвер за управување на возило, ама треба возилото прво да го доведеш на ниво да заслужува некој да го купи и да го споредиш што нешто што се нуди на пазарот.