Работата е тоа што џандариве мора за се да казнуваат, мора да исполнат квота. Минатата недела така го казниле колега на таткоми. Оделе на терен со комбе и внатре биле повеке души, џандарот почнал да му бара лекарско пошто возел патници, а комбето се вози со Б категорија.
Колегата му рекол на џандарот дека лекарско не му потребно пошто тој не врши превоз на патници, туку тоа се колеги со кои оди на терен, дека сите се службено на терен со тоа возило.
После му побарал џандарот целосна опрема, пп апарат, и колегата исто му рекол дека според закон не е повеке задолжително да се има, и на крај џандарот изнервиран му рекол, јас имам зададена квота која мора да ја исполнам, така да, ке те казнам за неносење опрема, не ми е гајле дали е по закон, не е, ја мора да ја исполнам квотата и му пишал казна за неносење опрема од 100 евра.