Иначе законот гласи дека возач почетник е секој возач до навршена 21 година и 2 години возачко искуство. Тоа и-то значи дека и 2та услова се задолжителни, односно мораш да ги исполнуваш за да не го прекршиш законот.
Законов до некаде е паметен и океј, меѓутоа кај нас функционира во целосна спротивност од тоа како треба да функционира, односно самата ситуација во нашава ни мила држава не дозволува законот да кореспондира со неговата основна цел и намена. Зашто е тоа така? Епа од простра причина што оние кои што треба да бидат опфатени со овој закон, татините синови кои возат коли појаки од 100 коња, кои се курчат и возат пијани, продолжуваат да го прават тоа поради тоа што знаат дека тато ќе сврти еден телефон или ќе му дае 200 евра за една недела да плати казна. Од друга страна го јадеме јас односно ние, што знаеме дека тато нема да сврти телефон и знаеме дека нема да ни дае 200, не дај боже 400 евра, а сепак знаеме како да се испонашеме кога ќе искочиме и знаеме дека треба да бидеме трезни и дека не треба да направиме некоја глупост од проста причина, ако не ни текнуе на тоа дека може да загорзиме нечиј живот ќе ни текне на тоа дека тато ќе ги собере клучевите и више ни к од кола нема да видиме. Овие другиве пак условно кажано чалмаџииве, знаат дека тато ќе ја среди колата или ќе купи понова. И доаѓаме до крајниот заклучок, која е поентата на законов што во вечерните часови ме трнал мене од улица, пред се воспитано и свесно за последиците дете, а не го тргнал мајмунот којшто прво нема домашно воспитание, а пак да не зборуваме за свесноста и помислувањето на последиците, сума сумарум кај нас законов нема поента.
И јас бев копиљ со возачка на 18 години, идев у школо и на факс со кола, ама додека не ми поминаа 2 години од дозвола, колата секоја вечер во 23-00 беше на паркинг, последната година до 21 годишна возраст не ја чекав пошто ми дое преку тасета од чекање и малце бев стегнат и се молев да не ме запрат џандари, ама никогаш не сум влегол у кола со повеќе од едно исипено пиво и никогаш не сум изведувал глупости од стилот проаѓање на црвено, за малку прегазуење пешаци и слични ствари. Е сеа нормално дека имало испади у стилу пречекорување брзина и такви слични работи, ама па кој пубертетлија не го правел тоа, но сепак можам комотно да кажам дека тоа сум го правел со многу повеќе памет и свест од многу мои врсници, или како што рече Бојан фраеришање со усул.