Автор Тема: Mercedes - Benz neue B klasse  (Прочитано 11481 пати)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #15 на: 25 Август 2011, 16:16:00 pm »
Добро бе што му е филмот на мерцедес со овие А и Б класата? Одвратни се! На се личат само на коли не, а посебно не на Мерцедес.
Јас би ги закопал 6 feet under и А и Б класа, одма!

А иначе конкретно за ова, се гледа дека идол му е ASX от. Личат од страна кога ги гледаш :D :D

Па нели кај нас заедно продаваат во ист салон...Ме виде кога бев на прв сервис тој дизајнерот на Мерцедес...вика чек чек да видам како личи ова твоево....!
Аааааа вика мора и ние да напраиме едно вакво...! ;D

Впрочем нели и мерцедес и Митсубиши едно исто се...Опули знакоите..Мерцедес е Митсубиши заглаен во кружен ток! ;D

Клај го Мицко в круг ќе видиш.!

« Последно менување: 25 Август 2011, 16:20:14 pm Sportex »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #16 на: 25 Август 2011, 16:34:39 pm »
Добро бе што му е филмот на мерцедес со овие А и Б класата? Одвратни се! На се личат само на коли не, а посебно не на Мерцедес.
Јас би ги закопал 6 feet under и А и Б класа, одма!

А иначе конкретно за ова, се гледа дека идол му е ASX от. Личат од страна кога ги гледаш :D :D

Па нели кај нас заедно продаваат во ист салон...Ме виде кога бев на прв сервис тој дизајнерот на Мерцедес...вика чек чек да видам како личи ова твоево....!
Аааааа вика мора и ние да напраиме едно вакво...! ;D

Впрочем нели и мерцедес и Митсубиши едно исто се...Опули знакоите..Мерцедес е Митсубиши заглаен во кружен ток! ;D

Клај го Мицко в круг ќе видиш.!

Теши се, теши се...

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #17 на: 25 Август 2011, 16:55:28 pm »
Коа ке излезе од ова АМГ :) леле леле :) ем комби... ем змај :)

Еве ко` за тебе Рики:
http://www.modifiedcars.com/cars/23642/brabus-mercedes-benz-viano-2010-pictures

;)

До 100ка за 6 секунди..

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #18 на: 25 Август 2011, 17:30:16 pm »
Добро бе што му е филмот на мерцедес со овие А и Б класата? Одвратни се! На се личат само на коли не, а посебно не на Мерцедес.
Јас би ги закопал 6 feet under и А и Б класа, одма!

А иначе конкретно за ова, се гледа дека идол му е ASX от. Личат од страна кога ги гледаш :D :D

Па нели кај нас заедно продаваат во ист салон...Ме виде кога бев на прв сервис тој дизајнерот на Мерцедес...вика чек чек да видам како личи ова твоево....!
Аааааа вика мора и ние да напраиме едно вакво...! ;D

Впрочем нели и мерцедес и Митсубиши едно исто се...Опули знакоите..Мерцедес е Митсубиши заглаен во кружен ток! ;D

Клај го Мицко в круг ќе видиш.!

Теши се, теши се...

Шо да се тешам...до Б класа нејќум да видам Мерцедес....после тоа може да праиме муабет! ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #19 на: 25 Август 2011, 18:43:46 pm »
Јас да ти кажам право и за C малку се мислам, ама ајде тоа проаѓа некако. Ама А и Б...............шшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшш............. снема програма!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #20 на: 25 Август 2011, 21:12:35 pm »
Јас не го бендисувам исто така. Возев од старата серија Б, (ново ауто земено на тест од МакАутоСтар B180 dizel), и се возев во C 200 dizel - Разлика: бог и шеширџија! Бе личи ко` камијонче да возиш, Це е веќе "drivers car". Неверојатно добри возни карактеристики и лежење на пат, за разлика од Бе, кој што потфрли на сите полиња. Дури и дизелот му беше крш. 110 кс 2.0 дизел... мајко моја, ко` првите ЈТД од фиат, не иде, со клоци да го тераш! Белки ова новово ќе биде посовремено со моторизација... иако на изглед  е крш според мене. Се надевам дека барем седењето нема да биде комбеовско ко` во старата Бе.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #21 на: 25 Август 2011, 21:28:10 pm »

„Со цел агресивниот изглед да не остане само „ветер и магла“, претставени се нови четири-цилиндарски мотори, од кои два бензинци, со моќност од 122 КС за послабиот, и 156 КС за посилниот мотор, и два дизели, кај кои едниот развива 109 КС, додека посилниот развива 136 КС. Кај сите ново-претставени мотори, карактеристична е достапноста на силата уште при ниски вртежи, благодарение на турбо-натполнењето.“

- Дефинитивно ќе биде посовремено со моторизација, а што е до седењето, меѓу главните муабети на Мерцедес, е дека новава Б-класа е поспуштена, и драстично подинамична од минатата генерација... Меѓутоа, според изгледот, нема да ме чуди пак да биде „комбесто“ седењето... Ама останува да видиме :)

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #22 на: 25 Август 2011, 21:29:39 pm »

Како  и да е, ако на некој му текне мерц. да ми поклони, нека биде Це :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #23 на: 25 Август 2011, 21:43:11 pm »
Ја ќе бидам поскромен, и ќе речам, дека еве, ако до толку некој сака да ми поклони Мерцедес, ќе се жртвувам ако треба, нека биде SLS AMG ::)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #24 на: 25 Август 2011, 21:44:25 pm »
Ја ќе бидам поскромен, и ќе речам, дека еве, ако до толку некој сака да ми поклони Мерцедес, ќе се жртвувам ако треба, нека биде SLS AMG ::)

Од секогаш сум знаел дека скромноста ти е најголема врлина ! ;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #25 на: 25 Август 2011, 21:46:05 pm »
Хехехехехе ;D

Абе остај, у сурат ми се глеа ;D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #26 на: 28 Ноември 2011, 10:02:27 am »
По недобриот впечаток од веќе старата B - класа, денес ќе одам да се провозам со новата B - klasse. Од она што ми го раскажаа, квалитетот на ентериерот е на ниво на C - класа, подобрени се возните карактеристики, не си више комбе шофер,  и се осеќаш ко` во кола, а не ко` во минибус :) Повеќе лични впечатоци - нешто покасно :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #27 на: 06 Декември 2011, 02:00:59 am »
katastrofa nevidena A i B klasata...... Azbukata na Mercedes treba da pocne od C..........

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #28 на: 06 Декември 2011, 12:46:20 pm »
Не е така за новата B класа. Спремам малку подолг текст и понекоја сликица, само да смогнам сили и време.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #29 на: 11 Декември 2011, 01:15:48 am »
Бидејќи навистина немам време, а помина доста откако го извозев новиот Mercedes B, пробам со краток текст и неколку слики да го доловам возилото:

Еве, накратко да го опишам возењето со новата Б класа од мерцедес.

Прво - надворешниот изглед. Возилото веројатно спаѓа во МПВ сегментот, со возила како Опел Зафира, Форд Ц Макс, Голф Плус и слични, но за разлика од овие набројаниве е од премиум бренд. Мене не ми текнува некој друг, и изгледа дека е мерцедес единствена премиум марка која што има вакво возило (Можеби Ланча?).

Однадвор се евидентни промените во изгледот, споредбеено со старата б, оваа е пониска, покомпактна, со помало меѓуоскино растојание. Ова се должи најмногу на напуштањето на платформата со двоен патос. И покрај големите надворешни промени, веднаш ќе познаете дека се работи за Mercedes B - нема да го промашите. Оваа верзија имаше хром пакет, кој носи безброј хромирани додатоци како надвор така и внатре, а спортскиот пакет кој исто така беше на автото, носи спуштено подвозје за 1.5-2цм, 17“ бандаши со нископрофилни гуми и предни кочници со „дупки“.
Затемнетите стакла не знам во кој пакет спаѓаат :)
Предните и задните позиции се LED, а напред има и ксенон (и ова е доплата).

Внатре, прво седнав на задна клупа. Брат ми возеше, јас седев позади него. Двајцата сме големи луѓе, а јас имав место уште добри 3-4 сантиметри за колената, што е повеќе од одлично! Седењето позади не е многу високо, простор за глава има побајаги, така да и луѓе над 2 метри нема да имаат проблем со седење позади. Седиштата се добро профилирани - овие беа кожни со платнени делови кај седиштето и наслонот на грбот. Одлична комбинација според мене. Не се губи луксузот, а се избегнуваат непријатностите од типот седнување на (пре)жешка или (пре)ладна кожа. Сите тапацири на вратите се обложени со кожа, исто така и рачките за затворање, што многу ме бендиса. Делува луксузно. Овој модел позади немаше наслон за рака на средина на седиштето. Простор за ситници има, но нема позади место за чаша. Предните седишта се со пластична заднина, што е доста добро ако имаш деца кои ќе ги возиш во детски седишта со нозете напред.

Потоа седнав на совозачко седиште. Тука веќе се осеќаш како во MPV Седењето е високо, седиш доста исправен, но доста е удобно. Со седишта што се подесуваат секако - лесно ќе си најдеш згодна положба. Седиштата се малку плитки, но потпорните делови се добри и не е лесно во кривни да ти избега телото од седиште - до одредени граници. За разлика од седиштата од „Вито“ веројатно во старата Б, овие се далеку подобри. Пред совозачот - нема ништо посебно. Ладица за ситници со две прегради, отвор за вентилација десно, и контрли за прозор на рачката. Нема многу занимации - освен со радиото на централна конзола централната конзола продолжува во централниот срт, кој има две места за чаша и потпирач за рака, кој - како и секаде веќе е ладица за ситници. Шалттаблата е изведена од мека пластика, која е антирефлексивна, и бел украсен дел од тврда бела транспарентна пластика со доста добар 3D мрежест дизајн.Предната ладица е пространа - дводелна со доста простор.

Откако се навикнав на висината на совозачкото седиште, време беше да седнам позади волан. Висината на седиштето, погледот врз шалт таблата одозгора, и положбата на возачот во однос на целото возило, те тераат да мислш дека возиш комбенце - или нешто меѓу комбе и џип :) Како и да е, позицијата е прегледна и удобна, и ти влева доверба дека секое ќоше од аутото го гледаш. Воланот и менувачот се (нормално) обложени со кожа, а на воланот има контроли за борд комп. и за радиото.  

Воланот е одличен. добро профилиран и со убав изглед. Инструментите се прегледни, малку е незгодно што брзиномерот е шашаво поставен, па кога возиш 60 низ град,  стрелката е доста долу, хоризонтално е поставена на 90км/ч, а на 180 ти е пред очи - или вертикално исправена :) Гравирана е 260 :D
пристапот до командите за жмигавци и брисачи е на левата рачка, а светлата се палат на кружен прекидач на шалт табла. Десна рачка - Нема! :)
Отворите за вентилација се „SLR“ стилизирани, а дисплејот што штрчи од централната конзола според мене им е промашај. Овде може убаво да го вграделе дисплејов во конзолата, барем за оние модели без навигација - со помал екран.
Прецизниот менувач за мене беше малку повлечен наназад, и многу блиску до наслонот за рака, па на менување брзини, лактот ми завршуваше во седиште. Типично мерцедески, и рачната кочница беше на „дугме“ на левата страна од воланот. Незгодно за „Ручна - пуна лева - пушти ручна“ :)
Аутото беше опрмено со старт/стоп технологија и колижн превеншн-стандард за сите нови „B“ автомобили. За старт/стоп технолгијата можам да кажам дека е една од подобрите што сум ги пробал на дизел возило - речиси неприметно се гаси и пали моторот. Колижн детекшн - не видов, ама се надевам дека се гаси, пошто со моето возење нон-стоп ќе свети сијаличето на инструментите дека сум „опасно блиску“ до тој пред мене :)

Спорт варијантите имаат прогресивен волан - колку си побрз, толку повеќе се зголемува отпорот на воланот и имаш чувство на подиректно управување. Осетот на педалите е исто така за пофалба, кочница прецизна и со довлно риспонс на педалата, да не биде како памук а и да не е претврда, Спојката е со одличен `од, и точно знаеш каде е местото на „функционирање“, а и папучата за гас доста прецизно го командува моторот.
Кога сме кај моторот, овој 180 CDI е светлосни години пред стариот 180 CDI во старата B класа. За разлика од тромавиот тежок и камионски ориентиран 2.0 со 108 кс, сега има 1.8 со истата снага, но далеку пожив и помодерен.
Подвзојето е спортски тврдо во спрот пакетот - не го препорачувам за фамилијарни луѓе без спортски дух :) Тука екстра тврдина додаваат и RunFlat гумите (нема резервно тркало), па патеката до средно водно и нерези беше доста напорна за сопатниците. Не се навалува во кривини премногу, но поради високото седење, и покрај добрата потпора на седиштата, телото ти се навалува побајаги под дејство на инерционите сили. Задниот дел малку повеќе „рита“ - повторно благодарение на спортскиот сетап, па може возилото да го користите за луѓе кои треба да исфлат камен од бубрег.
Се` на се` не е баш „мерцедески“ пријатно на патишта со лоша асфалтна подлога, па и низ град, дупките и лошите издигнатини од шахтите се осеќаат, но не претерано за да не биде подносливо.
Јас не сум љубител на овакви МПВ возила, но не верувам дека има подобро МПВ во својата класа од Mercedes B. Со нетрпение чекам да стигне новиот 1.6l турбо бензинец со директно вбризгување, па да видам тоа како иде. Мојот заклучок е дека овој Мercedes, со гордост може да ја носи ѕвездата на маска!

За крај еве и некое сликиче, жал ми е со телефон што сликав, не ми беше стандардната фото опрема при рака овој пат.

« Последно менување: 11 Декември 2011, 09:56:28 am Simo - Carrier166 »