Бидејќи навистина немам време, а помина доста откако го извозев новиот Mercedes B, пробам со краток текст и неколку слики да го доловам возилото:
Еве, накратко да го опишам возењето со новата Б класа од мерцедес.
Прво - надворешниот изглед. Возилото веројатно спаѓа во МПВ сегментот, со возила како Опел Зафира, Форд Ц Макс, Голф Плус и слични, но за разлика од овие набројаниве е од премиум бренд. Мене не ми текнува некој друг, и изгледа дека е мерцедес единствена премиум марка која што има вакво возило (Можеби Ланча?).
Однадвор се евидентни промените во изгледот, споредбеено со старата б, оваа е пониска, покомпактна, со помало меѓуоскино растојание. Ова се должи најмногу на напуштањето на платформата со двоен патос. И покрај големите надворешни промени, веднаш ќе познаете дека се работи за Mercedes B - нема да го промашите. Оваа верзија имаше хром пакет, кој носи безброј хромирани додатоци како надвор така и внатре, а спортскиот пакет кој исто така беше на автото, носи спуштено подвозје за 1.5-2цм, 17“ бандаши со нископрофилни гуми и предни кочници со „дупки“.
Затемнетите стакла не знам во кој пакет спаѓаат
Предните и задните позиции се LED, а напред има и ксенон (и ова е доплата).
Внатре, прво седнав на задна клупа. Брат ми возеше, јас седев позади него. Двајцата сме големи луѓе, а јас имав место уште добри 3-4 сантиметри за колената, што е повеќе од одлично! Седењето позади не е многу високо, простор за глава има побајаги, така да и луѓе над 2 метри нема да имаат проблем со седење позади. Седиштата се добро профилирани - овие беа кожни со платнени делови кај седиштето и наслонот на грбот. Одлична комбинација според мене. Не се губи луксузот, а се избегнуваат непријатностите од типот седнување на (пре)жешка или (пре)ладна кожа. Сите тапацири на вратите се обложени со кожа, исто така и рачките за затворање, што многу ме бендиса. Делува луксузно. Овој модел позади немаше наслон за рака на средина на седиштето. Простор за ситници има, но нема позади место за чаша. Предните седишта се со пластична заднина, што е доста добро ако имаш деца кои ќе ги возиш во детски седишта со нозете напред.
Потоа седнав на совозачко седиште. Тука веќе се осеќаш како во MPV Седењето е високо, седиш доста исправен, но доста е удобно. Со седишта што се подесуваат секако - лесно ќе си најдеш згодна положба. Седиштата се малку плитки, но потпорните делови се добри и не е лесно во кривни да ти избега телото од седиште - до одредени граници. За разлика од седиштата од „Вито“ веројатно во старата Б, овие се далеку подобри. Пред совозачот - нема ништо посебно. Ладица за ситници со две прегради, отвор за вентилација десно, и контрли за прозор на рачката. Нема многу занимации - освен со радиото на централна конзола централната конзола продолжува во централниот срт, кој има две места за чаша и потпирач за рака, кој - како и секаде веќе е ладица за ситници. Шалттаблата е изведена од мека пластика, која е антирефлексивна, и бел украсен дел од тврда бела транспарентна пластика со доста добар 3D мрежест дизајн.Предната ладица е пространа - дводелна со доста простор.
Откако се навикнав на висината на совозачкото седиште, време беше да седнам позади волан. Висината на седиштето, погледот врз шалт таблата одозгора, и положбата на возачот во однос на целото возило, те тераат да мислш дека возиш комбенце - или нешто меѓу комбе и џип
Како и да е, позицијата е прегледна и удобна, и ти влева доверба дека секое ќоше од аутото го гледаш. Воланот и менувачот се (нормално) обложени со кожа, а на воланот има контроли за борд комп. и за радиото.
Воланот е одличен. добро профилиран и со убав изглед. Инструментите се прегледни, малку е незгодно што брзиномерот е шашаво поставен, па кога возиш 60 низ град, стрелката е доста долу, хоризонтално е поставена на 90км/ч, а на 180 ти е пред очи - или вертикално исправена
Гравирана е 260
пристапот до командите за жмигавци и брисачи е на левата рачка, а светлата се палат на кружен прекидач на шалт табла. Десна рачка - Нема!
Отворите за вентилација се „SLR“ стилизирани, а дисплејот што штрчи од централната конзола според мене им е промашај. Овде може убаво да го вграделе дисплејов во конзолата, барем за оние модели без навигација - со помал екран.
Прецизниот менувач за мене беше малку повлечен наназад, и многу блиску до наслонот за рака, па на менување брзини, лактот ми завршуваше во седиште. Типично мерцедески, и рачната кочница беше на „дугме“ на левата страна од воланот. Незгодно за „Ручна - пуна лева - пушти ручна“
Аутото беше опрмено со старт/стоп технологија и колижн превеншн-стандард за сите нови „B“ автомобили. За старт/стоп технолгијата можам да кажам дека е една од подобрите што сум ги пробал на дизел возило - речиси неприметно се гаси и пали моторот. Колижн детекшн - не видов, ама се надевам дека се гаси, пошто со моето возење нон-стоп ќе свети сијаличето на инструментите дека сум „опасно блиску“ до тој пред мене
Спорт варијантите имаат прогресивен волан - колку си побрз, толку повеќе се зголемува отпорот на воланот и имаш чувство на подиректно управување. Осетот на педалите е исто така за пофалба, кочница прецизна и со довлно риспонс на педалата, да не биде како памук а и да не е претврда, Спојката е со одличен `од, и точно знаеш каде е местото на „функционирање“, а и папучата за гас доста прецизно го командува моторот.
Кога сме кај моторот, овој 180 CDI е светлосни години пред стариот 180 CDI во старата B класа. За разлика од тромавиот тежок и камионски ориентиран 2.0 со 108 кс, сега има 1.8 со истата снага, но далеку пожив и помодерен.
Подвзојето е спортски тврдо во спрот пакетот - не го препорачувам за фамилијарни луѓе без спортски дух
Тука екстра тврдина додаваат и RunFlat гумите (нема резервно тркало), па патеката до средно водно и нерези беше доста напорна за сопатниците. Не се навалува во кривини премногу, но поради високото седење, и покрај добрата потпора на седиштата, телото ти се навалува побајаги под дејство на инерционите сили. Задниот дел малку повеќе „рита“ - повторно благодарение на спортскиот сетап, па може возилото да го користите за луѓе кои треба да исфлат камен од бубрег.
Се` на се` не е баш „мерцедески“ пријатно на патишта со лоша асфалтна подлога, па и низ град, дупките и лошите издигнатини од шахтите се осеќаат, но не претерано за да не биде подносливо.
Јас не сум љубител на овакви МПВ возила, но не верувам дека има подобро МПВ во својата класа од Mercedes B. Со нетрпение чекам да стигне новиот 1.6l турбо бензинец со директно вбризгување, па да видам тоа како иде. Мојот заклучок е дека овој Мercedes, со гордост може да ја носи ѕвездата на маска!
За крај еве и некое сликиче, жал ми е со телефон што сликав, не ми беше стандардната фото опрема при рака овој пат.