Не знам дали е за тука, но нема тема со прашања во естетско одржување, а прашањево е такво.
Гумата на сончевиот кров е премногу крута и на брзини над 120 км/ч. имам шум, со што да ја заштитам и да ја премачкувам бидејќи 25 години е изложена на различни надворешни влијанија и таква гума не се најдува туку се купува комплетен сончев кров.
Гледам го фалат gummipflege од Ликви Моли и пишува дека е без силикон, а пак на силиконскиот спреј од Ликви Моли има нацртано сончев кров. Дали силиконскиот спреј е подобар/полош? Друга алтернатива?