Ма нормална појава е тоа при вакви временски услови.
На сите коли што сум ги возел ја имало оваа појава а не сум ставил керамика. За маснотии ич не станува збор.
Утринава баш обрнав внимание дали ќе има, и имаше, се приметуваш е ако гледав на десно низ шофершајбната, нанапред не се приметуваше. Се обидов да уловам на слика но не успеав, ваљда позадина за контраст лоша, или лош агол пошто камера и око не е исто.
Ефектот се јавува откако ќе поминат метлиците и трае дел од секунда пошто добри метлиците и "влагата"веднаш испарува и оттука некој не ни приметува ако не го насочи специјално вниманието како јас утринава.
Но ако се полоши метлиците се задржува подолго па потоа како кој, некого ќе го нервира, некој без осет повторно нема да примети
Може низ неколку теми како за брисачи или кај моите возила да се види колку алувам со тие метлици бидејки ме нервираат појави како маглење, оставање линии, и сл.