Колку пати да кажувам дека на сите коли сум го имал тој ефект?
И на сегашнава го има, само кај мене трае дел од секунда и не можам да го фатам со камера, ем не се приметува ако се гледа директ напред туку одкосо под некој агол.
И најбитно, ако го бараш ќе го видиш, исто како двете зуцки што ги имам на шофершајбната, ако фокусот од погледот ми е 20 метра испред шофершајбна не ги гледам, ако гофокусирам погледот на самото стакло ќе ги видам.
Значи, како што не гледаш во извор на светлина (фарови) од колите од спротивен правец, така не гледај на површина на шофершајбната, со тек на време ќе исчезне таа опсесија.
И на крај, од сликата што си ја ставил ептен убаво се гледа како метлиците ти оставаат трагови, јас живци кинам од такви метлици, но тоа е субјективно прашање

Уште една работа ќе повторам, тоа шаренилото се појавува откако ќе помине метлицата пребришувајки го стаклото, и поизразено е навечер на црна позадина, плус треба се додаде дека врие коли со искривени снопови на светла што од раштелуван фар, што од модерни бели светла (лед светла).