Кола наменета за наш пазар над 250к км тешко по мене.
Не заборавајте дека колите на Запад се поквалитетни, патиштата на Запад се многу подобри, горивата на Запад се поквалитетни и (претпоставувам) резервните делови на Запад се поквалитетни.
VW Caddy (2.0 SDI), направи ~560 000 км за 5 години. Купено и возено кај нас, на нашиве (ахем) „прекрасни“ патишта. Го продадовме со некои 565 000 км. Сеуште си вози без мука. Редовно одржуван, сервисиран прво во Порше, после под наша „режија“. Сменета беше само пумпицата на куплунгот, пошто изгуби притисок. Толку. Другото што беше сменето, беше поради тогашните „експерти“ во сервисот на Порше.
Другото Кеди (2.0 SDI) има веќе накај 400 000 км. Само редовен сервис видело.
Третото Кеди (1.6 TDI) е најтазе, и веќе има ~ 100 000 поминато. Сега за сега, само редовен сервис видело.
Сите се товарни изведби и не ретко се возат под речиси полна оптовареност.
Не се толку лоши новите коли, колку што некој сака да ги претстави.