Автор Тема: Очекувано траење на современите автомобили?  (Прочитано 12822 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Колку би биле очекувани поминати километри на современите возила денес, односно колку километри би требало да се поминат само со редовно одржување на возилото? (уље/филтри/плочки/свеќици..., односно сите потрошни материјали редовно да се менуваат во предвидените термини за таа промена).

Да претпоставиме дека тоа возило се вози комбинација од град и отворено.

100000 км?

150000 км?

200000 км?



Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #1 на: 01 Мај 2014, 09:37:11 am »
200 000+. (Мада и оваа километража е мала, ама тие одговори ги понуди, па од тие го одбрав овој :) )

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #2 на: 01 Мај 2014, 09:42:28 am »
200 000+. (Мада и оваа километража е мала, ама тие одговори ги понуди, па од тие го одбрав овој :) )

Не се фиксни тие одговори.. :) Така да слободно кажете свои мислења. И што повеќе трае? Дизел или Бензин? (ако сметате дека е различно тогаш очекувано траење за бензин, очекувано за дизел)

Уште еднаш да напоменам исклучиво само редовен сервис, без сериозни интервенции вон редовниот сервис.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #3 на: 01 Мај 2014, 09:59:49 am »
Зависи од:

1. Одржувањето

2. Експлоатацијата

Нема еднозначен одговор.

Уредно одржуван автомобил кој е умерено возен по мазни патишта и полнет со квалитетно гориво ќе истера повеќе стотици илјади километри без сериозни дефекти.

Аљкаво одржуван автомовил („не мора сега да мењам уље, може и догодина“) кој е невнимателно возен по лоши патишта може и пред првата стотка да развие сериозни дефекти.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #4 на: 01 Мај 2014, 10:06:51 am »
Зависи од:

1. Одржувањето

2. Експлоатацијата

Нема еднозначен одговор.

Уредно одржуван автомобил кој е умерено возен по мазни патишта и полнет со квалитетно гориво ќе истера повеќе стотици илјади километри без сериозни дефекти.

Аљкаво одржуван автомовил („не мора сега да мењам уље, може и догодина“) кој е невнимателно возен по лоши патишта може и пред првата стотка да развие сериозни дефекти.


Изгледа не ми го прочита прашањето до крај.

Зборам за РЕДОВНО одржуван автомобил, без скокање на редовните сервиси и соодветните промени на потрошните материјали на време.

Возен по патишта во Македонија (отворени и градско возење).

Полнето гориво на Македонски пумпи.

Нормална и секојдневна експлоатација.

Колку илјади километри е очекуван век? Одговор од тип "Неколку стотици илјади километри" не е од корист.


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #5 на: 01 Мај 2014, 10:08:13 am »
Повторно: очекуваниот век зависи не само од одржувањето, туку и од стилот на експлоатација. Виде горе дека имаше две точки, 1 и 2, а не само една, мистер усб џитер?  ;)

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3793
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #6 на: 01 Мај 2014, 10:09:06 am »
Za sekoj moderen benzinec, ili dizel motor ( znaci od ponovite generacii ) minimum nad 300 000km, so garancija deka ke pomine tolku ;D ;D ;D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #7 на: 01 Мај 2014, 10:17:34 am »
Повторно: очекуваниот век зависи не само од одржувањето, туку и од стилот на експлоатација. Виде горе дека имаше две точки, 1 и 2, а не само една, мистер усб џитер?  ;)

Ослонувајќи се само на теорија а не и практично доживување  губиш многу од реалните уживања.. Како и да е твој избор. Ако може само конкретно на темава, без да биде SPAM или направи своја тема каде теоретски философски ќе збориме за нешто што е во суштина може и доста кокретно да се одговори.

Согласно наведените услови во моето прашање ако имаш конкретна бројка што ти паѓа на ум пиши, ако не ке има мислења и од други.

Фала :)




Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #8 на: 01 Мај 2014, 10:30:42 am »
Ослонувајќи се само на теорија а не и практично доживување  губиш многу од реалните уживања..

Мислам дека ни самиот не знаеш што точно ти значи ова.  ;)

Како и да е твој избор.

Што тоа?

Ако може само конкретно на темава, без да биде SPAM или направи своја тема каде теоретски философски ќе збориме за нешто што е во суштина може и доста кокретно да се одговори.

По конкретно од ова што ти го пишав - здравје.


Согласно наведените услови во моето прашање ако имаш конкретна бројка што ти паѓа на ум пиши, ако не ке има мислења и од други.

Ајде вака да пробаме: две идентични аута. И двете возени во МК. Едното го вози надркан тинејџер без возачко искуство и техничка култура, другото го вози умерен фамилијарен човек со повеќе стотици илјади километри под газот.

Дали и во двата случаи очекуваниот век на колата ќе биде ист?

(све ми се чини дека нема да добијам конкретен одговор на последното прашање во формат „векот ќе биде ист“ или „векот нема да биде ист“, но ајде може ќе ме изненадиш)

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #9 на: 01 Мај 2014, 10:37:39 am »
Филипв, крелл навистина убаво и конкретно горе си пиша во прашањето, редовно одржувано возило, незнам зашто сега нови теории, тинејџери, тркачи се вметнуваат во дискусијата.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #10 на: 01 Мај 2014, 10:42:09 am »
Две идентични аута може да се идентично одржувано, но различните стилови на експлоатација да носат различен век на аутото. И порај тоа што се двата исто одржувани.

Ова е толку self evident и очигледно што се чудам како воопшто дојдов во ситуација да го презентирам како гледише.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #11 на: 01 Мај 2014, 10:45:05 am »
Па ти допиша отпосле крелл:
Зборам за РЕДОВНО одржуван автомобил, без скокање на редовните сервиси и соодветните промени на потрошните материјали на време.

Возен по патишта во Македонија (отворени и градско возење).

Полнето гориво на Македонски пумпи.

Нормална и секојдневна експлоатација.

Колку илјади километри е очекуван век? Одговор од тип "Неколку стотици илјади километри" не е од корист.

Така да, прашањето е за нормална експлоатација.
Многу е јасно дека нафуран тинејџер 80% од колата ке ја експлоатира насилнички, а исто така веројатноста е многу голема и дека ке прави модификации на подвозје, ке засилува мотор и слично. ;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #12 на: 01 Мај 2014, 10:56:32 am »
За да добие еднозначен одговор на прашањето „колку км при нормално возење“ мора прво еднозначно да одговори на прашањето „што е тоа нормално возење“. Инаку, сите бројки кои ќе ги добие ќе бидат во својата суштина бесмислени.

„Нормално возење“ за тинејџерот и фамилијарниот човек имаат различни значења.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #13 на: 01 Мај 2014, 11:01:29 am »
Јас со 99% сигурност би рекол за некои автомобили 200.000 км. Да ве потсетам дека има производители што нудат 150.000 км гаранција. Тука нема дилеми.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Очекувано траење на современите автомобили?
« Одговори #14 на: 01 Мај 2014, 11:03:40 am »
Што е „очекуван век“? Времето/километрите пред првиот посериозен дефект, или времето/километрите пред отпад?