Точно Филип, но тие ја зголемувале само силата на моторот а не и компресијата, затоа трошеле повеќе.
Максималната моќност на моторот при вбризгување на вода или етанол е зголемена
токму затоа што е зголемена максималната компресија. Заради ништо друго.
Во цилиндрите у принцип можеш да набуташ колку-сакаш воздух (голема кубикажа, големо турбо, двете заедно...), а со тоа и да ја зголемуваш компресијата. Но така не можеш во бескрај. Кај бензинските мотори те ограничува самодетонацијата: ако начукаш премногу воздух во цилиндарот, при тактот „компресија“ температурата ќе се крене премногу и ќе се самозапали пред да кресне свеќицата. Чаре? Две чариња:
1. Ќе го подзатворш клапната да не влегува толку воздух: температурата која ќе се постигне при компресијата е функција од количеството воздух. Помалку воздух = помала компресија = пониска температура = нема самодетонација. Тоа ефективно значи намалување на гас, бидејќи колку најмногу гориво можеш да изгориш во секој циклус ултимативно зависи од тоа колку воздух си пуштил у секој циклус.
2. Ќе пуштиш во моторот да влезе воздух, но со вода (или етанол) ќе го разладиш, па така разладена дури и „густата“ (читај: висококомпримирана) смеса нема да го достигне flash point-от. Моторот може да прими повеќе воздух, а со самото тоа да изгори повеќе гориво, без самодетонации. Тоа ефективно значи голема потрошувачка на гориво.
Со други зброови, вода (или етанол) се шиба во смесата токму за да се зголеми компресијата повисоко од точката при која, инаку, бензинот би се самозапалил.
Она што ми е важно да го кажам е дека
кај еден ист бензински мотор не може да се крене максималната снага без да се крене компресијата. Тие две нешта се уствари едно, нераздвојно се врзани.
Кај „нормални“ возила тоа се прави со интеркулер: воздухот се лади пред да влезе во цилиндерот, па компресијата може да се крене малце повеќе. Меѓутоа, голем и ефикасен интеркулер тежи бааги, па затоа не е погоден за во авиони. Во авионите затоа се комбинираат методите на ладење на смесата: има мало (читај лесно во кг) интеркулерче, а ако дојде зорт се шиба и вода у смесата.
Поентата со алкохолот е добра, ама сепак е поскапа, а исто така и алкохолот би се самозапалил на повисоки компресии.
Таман работа ако се самозапалува етанолот. Кога етанолот би се самозапалувал во моторот тогаш не би го кревал туку би го спуштал октанкиот број. Температурата на спонтано самозапалување на етанолот е значајно повисока од онаа за бензинот - токму затоа го шибале во бензинските мотори на германските авиони (сојузниците за истото користеле дестилирана вода).
на дизел мотор постоечките дизни да се искористат за вбризгување на вода(т.е. да се прилагодат)наместо греачи да се стават свеќички а во граната да се намонтираат прскалки за вода и гориво, дали би можел да работи така на бензин.
Ни во лудило.