vili, и јас имам читано за потрошувачка на уље на TSI моторите. Сум прочитал најразноразни искуства, но во оригиналнот(англискиот) буклет/упатство, вика дека во зависност од стилот и условите во кои се вози дека може да потроши и до 0,5л на 1000км. И тоа не зборам за првите 5000км туку воопшто. Кај мене дојде на средина на шипка по извозени 3000км(градско возење, без газење), и дотурив 250мл и дојде на max. Значи од min до max е ~500-600г.
Инаку и покрај тоа што ги потсеќам да не ставаат премногу уље(треба 3.3л со филтер) пак после сервис кога ќе проверам е преку максимум.
П.С. антифризот и кај мене ептен малце спадна(~3мм) од порано, ама не е најверојатно ништо пошто е пак над min кога е ладен моторот.