Поминаа повеќе од три месеци како не ажурирана темава а имаше доста (пошто нели француско)
1. Проблемот со куплугот е решен со просто заварување на двете цревциња и отстранета е таа мембрана. И сега функционира во најдобар ред. На овој потег се решив јас лично бидејки во потрагата на таа мембрана беше невозможна и сите ми нудеа црево без мембрана,дури и овастениот сервис.
Операцијата успешно ја изврши сервис Витадела во кисела вода кој најтопло го препорачувам! Цена на работна рака 800 денари.
2. Се појави проблем со климата, кога почнаа горештиниве уклучив клима не работеше, ја однесов на мајстор после Х време ја полнеа божем не успеаа да ја напраат кај Нико 1 и ме пратија кај еден мајстор во лисиче кој работи само со клими и ми рече дека компресорот рикнал и ке треба нов или половен нов бил околу 600 евра а половен 300-400.... Искрено се разочарав од колата... И отидов во сервис митревски во Ченто тој со истата приказна и ми бараше 800 евра само за компресор.
Од очај одев од мајстор на мајстор заедно со стариот и секаде иста цена и сите беа најдобри во градов ако не и пошироко. Отидов до Волково или кај е тоа каде што растураат Рено најдов за 100 евра, не го купив зошто прво барав пристоен мајстор кој ке биде добар.
Поминуваа денови колата се цепаше без клима, и еден ден имав работа до кисела вода и гледам на билборд акција 800 денари или не знам колку беше клима полнење во Витадела еден од овлатените сервиси за Рено. Му се јавив другиот ден ми закажа за истиот.
Отидовме со стариот ја бапна на дијагностика не на „дијагностика“ вади клема врати клема како што правеле другите тоа го приметив дека после секоја нивна „дијагностика“ од најдобрите мајстори за авто клима саатот и радиото ми се ресетираа
И мајсторот во Витадена му навлезе подлабоко во софтверот на колата со оригинална CLip дијагностика за рено и ми кажа дека едниот клип во компресорот е скршен заради што како не се знае. И чарето е да се смени само скршениот клип и тоа е тоа. Се сложивме одма зошто беше подобра солуција тоа наместо земање половен компресор. Колата ја работеше 5 саати и ни зема само 100 евра со повторно полнење и прочистување на системот за ладење, ни се јави после 5 саати и рече дека е завршена да дојдеме да ја земеме.
Кога дојдовме ја пушти климата и функционираше како што треба и ни рече за оваа работа имате Рено гаранција 1 година, што значи Рено стои зад вас 1 година и гарантира дека нема да се заебе една година.
Јас истрено се изненадив и и не верував во тоа.
Климата функционораше 1 недела без проблем и потоа пак престана ја однел татко ми и му рекле дека софтверска глешка нема гајле ја избришале грешката и сега е ок. После 4 дена пак дува дува и престана му кажав на стариот да ја носи зошто тоа беше ден пред идење на пат. Ја однел и му рекле ке треба нов компресор сега ќе го порачаме од Рено и ќе ти се јавиме кога ќе стигне, и стариов се уплашил не му се давало псри за компресор но тие фино му објасниле дека тоа подлежи под гаранцијата шт му ја дале. Алал да им е нема што. После 1 недела пристигна компресорот и сега Мегането има нов компресор за 100 евра.
3. Направен е редовен сервис пред 500км, моментално Мегането има 95.650км
Планови за блиска иднина, ксенон и монтирање на ДВР камера која ја имам ама сакам да се поврзе со постојан напон на струја кога ќе ја запалам колата.
Поздрав!!!