Автор Тема: Renault Megane 1.5 dCi 2006  (Прочитано 133345 пати)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #450 на: 18 Април 2013, 00:26:59 am »
незнам баш што точно е проблемот

стави слики ако може,јас би го решил проблемот со 100-200 денара,ново цревце или санирање на дупчето со моќен силикон

за 22.000 би ја чипувал

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #451 на: 18 Април 2013, 03:13:20 am »
Javi se na 070521296 Kemal ili
Zoki Dupli go vikaat 076457398.
Kemal e gazda na RenoMak i bi trebalo da ti zavrsi rabota a mozno e da go ima delot na lager.
Zoki nosi najbrzo delovi od Turcija i najgolema e verojatnosta da ti go najde delot i da ti go donese.
Zoki ke ti go donese delot za 1-2 dena i najdobro e da mu dades mustra.
Ako ne ti zavrsat rabota bilo koj od ovie dvajca ke barame drugo resenie.
Ne se sekiraj se se resava.Gospodata od Automotiv znaat i te kako da bidat arogantni ako ne im pokazes zabi.

Kemal e najgolem prevarant sto postoi na SVET ! Mu imav odneseno edno Jugo da smeni krilo i ne samo sto go unakazija ama i lazese deka go imaa izvleceno (edniot rog bese ostaven kriv). Posteno mu se plati na raka a kolata bese katastrofa. Od nego NI OREV ne se zema pazi se da si znaes.

Присутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #452 на: 18 Април 2013, 10:01:18 am »
Дечки фала за советите!
Бушав, еве сега им вртам на двајцата едниот Зоки ми вика дека нема таков дел а не може  ни да донесе исто така и тој Кемал ми го кажа тоа... И сега најверојатно единствен спас ми е грција. А еве им пишав на меил на Хрватите да видам што ќе ми одговорат.

@zoki, тие мегани не се со мотор ко мојот.

Нуме, не се нервирам туку се чудам една мембрана толкав секс направи тоа чудо едно

Smich, абе не е тоа заебанција со цревце да се среди таму има висок притисок.

Симо, и ја го помислив тоа со дреарот ама ајде...

Најпаметно е како сто викате да го изварам делот кој е екстремно достапен за вадењ и со него да идам у грција нема друго чаре или пак да го порачувам од нет и да го извади мајсторот колку да го сликам и да го видам парт намберот.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #453 на: 18 Април 2013, 14:26:53 pm »
Dobro be sto e tolku SKAPO be toa ? Da ne e vselenski brod be taa kola. ELEMENTARNA MEHANIKA e toa. Edno obicno CREVCE so nepovraten ventil samo. GARANT moze da se kombinira so takvo od druga kola.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #454 на: 18 Април 2013, 15:18:53 pm »
Може да пробаш да го санираш цревото со Рајхем термо црево, можеш и дупло тродупло да го појачаш.
Може и замена за цревото да направиш, мислам ќе го издржи притисокок јаки се мн.


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #456 на: 20 Април 2013, 15:25:49 pm »
Дечки се искомплицира работава... Имено тој дел што го имале они не одговарал со фи-то на пумпите а не им дава во каталог друг дел кој би бил за тие пумпи, значи дел немаат и нема а неможат да порачаат бидејќи го нема во каталог (овластен сервис) а и нигде низ цело скопје. Е сега сулуцијата они што ми ја понудија е следната: Да го сменат хидрауличниот друг лагер за да можат да ја натакнат цефката... Според каталог за тоа им се потребни 8 работни часа од кој еден час им е 1300 денари... Пумпата е 8.000 и цефката скоро 4.000 па да им се намочам! Причината зошто го немаат делот е дека Рено го сменил добавувачот, веќе Рено како фирма не соработува со фирмата што ги ставала деловите пред 4-5 години, на пример пумпата е бош а цефката е сименс и не си одговара фи-то. Е сега единствено чаре е половно или од нет нов дел или немам појма... Не знам што да правам стариот препушти се на мене да одлучам дали да се вози вака додека гура или да барам половен кое би било исто гомно и со ист ризик да цркне то или да барам у странство.
Ве молам за помош и совет!

Од секогаш сум го сакал сервисот во Рено. Многу добро се спријателивме со луѓето тука ем емпатија имаат развиена сосема те разбираат.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #457 на: 20 Април 2013, 15:28:53 pm »
Javi se na 070521296 Kemal ili
Zoki Dupli go vikaat 076457398.
Kemal e gazda na RenoMak i bi trebalo da ti zavrsi rabota a mozno e da go ima delot na lager.
Zoki nosi najbrzo delovi od Turcija i najgolema e verojatnosta da ti go najde delot i da ti go donese.
Zoki ke ti go donese delot za 1-2 dena i najdobro e da mu dades mustra.
Ako ne ti zavrsat rabota bilo koj od ovie dvajca ke barame drugo resenie.
Ne se sekiraj se se resava.Gospodata od Automotiv znaat i te kako da bidat arogantni ako ne im pokazes zabi.

Kemal e najgolem prevarant sto postoi na SVET ! Mu imav odneseno edno Jugo da smeni krilo i ne samo sto go unakazija ama i lazese deka go imaa izvleceno (edniot rog bese ostaven kriv). Posteno mu se plati na raka a kolata bese katastrofa. Od nego NI OREV ne se zema pazi se da si znaes.

Јас моја кола не би оставил таму. Еднаш се обиде да ми подвали, си ја спакував колата и назад во Аутомотив!

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #458 на: 20 Април 2013, 15:33:05 pm »
пробај да најдеш на старо. Пробај во сервис од грција или бугарија. Нека ти дадат точен број од делот за твојата кола, можеби го има и по интернет за нарачки. Опцијата и сумата што ти ја побарале во сервис е претерано скапо решение за мала мака. Да ти сменат се` само затоа што не им одговарал навојот е жива глупост. Дури сум сигурен дека може да се направи „муфче“ или нешто слично на дреар, за да се прилагоди цревцето.

Ако се купува на старо, или сигурен да си дека е исто годиште или земај комплет хидраулика сосе црево. Официјалните сервиси во БГ и ГР подеднакво ќе те одерат. Само од независни добабувачи барај.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #459 на: 09 Мај 2013, 02:04:16 am »

Присутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #460 на: 09 Мај 2013, 09:32:55 am »
Фала ракун! Ама сега за секад не сум у план да мењам бандаши :) си имам два пара нови гуми 15ки :)


Вчера направен редовен сервис и е променето: Масло, филтер за масло, филтер за нафта и филтер за полен.
Масло Elf Excellium NF 5w40 synthetic oil, 5l - 2400 денари
Филтер за масло - 200 денари
Филтер за нафта - 1600 денари
Филтер за полен - 700 денари
Дијагностика - 200 денари
Рака - 200 денари
Вкупно: 5300 денари.
Меганот моментално има 86 000км.
Морам да кажам дека филтрите ги земам од еден магацин што дистрибуираат Унико филтри која е босанска фабрика за филтри и работи по лиценца на Манн филтрите. Цените се сосема пристојни а филтрите ги возам од 40.000км и досега се одлични.
https://www.mann-hummel.com/mf_prodkata_unico/index.html?ktlg_lang=20
https://www.mann-hummel.com/mf_prodkata_eur/
Може и самите да прочитате :)

Ova da ne e toa?

http://www.ebay.co.uk/itm/Renault-Scenic-Clutch-Fluid-Hydraulic-Gearbox-Pipe-1-5-Dci-Mk2-2004-Megane-/310608024921?pt=UK_CarsParts_Vehicles_CarParts_SM&hash=item4851ae5559&nma=true&si=%252B%252BWScw3Ub%252F3ZQFxvJ%252B%252Fnp5BAUFE%253D&orig_cvip=true&rt=nc&_trksid=p2047675.l2557
Оваа е таа цефка која ми ја нудеа во сервисот и која не одговара со пумпите

Присутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #461 на: 15 Септември 2013, 17:07:49 pm »
Поминаа повеќе од три месеци како не ажурирана темава а имаше доста (пошто нели француско) :D
1. Проблемот со куплугот е решен со просто заварување на двете цревциња и отстранета е таа мембрана. И сега функционира во најдобар ред. На овој потег се решив јас лично бидејки во потрагата на таа мембрана беше невозможна и сите ми нудеа црево без мембрана,дури и овастениот сервис.
Операцијата успешно ја изврши сервис Витадела во кисела вода кој најтопло го препорачувам! Цена на работна рака 800 денари.

2. Се појави проблем со климата, кога почнаа горештиниве уклучив клима не работеше, ја однесов на мајстор после Х време ја полнеа божем не успеаа да ја напраат кај Нико 1 и ме пратија кај еден мајстор во лисиче кој работи само со клими и ми рече дека компресорот рикнал и ке треба нов или половен нов бил околу 600 евра а половен 300-400.... Искрено се разочарав од колата... И отидов во сервис митревски во Ченто тој со истата приказна и ми бараше 800 евра само за компресор.
Од очај одев од мајстор на мајстор заедно со стариот и секаде иста цена и сите беа најдобри во градов ако не и пошироко. Отидов до Волково или кај е тоа каде што растураат Рено најдов за 100 евра, не го купив зошто прво барав пристоен мајстор кој ке биде добар.
Поминуваа денови колата се цепаше без клима, и еден ден имав работа до кисела вода и гледам на билборд акција 800 денари или не знам колку беше клима полнење во Витадела еден од овлатените сервиси за Рено. Му се јавив другиот ден ми закажа за истиот.
Отидовме со стариот ја бапна на дијагностика не на „дијагностика“ вади клема врати клема како што правеле другите тоа го приметив дека после секоја нивна „дијагностика“ од најдобрите мајстори за авто клима саатот и радиото ми се ресетираа :)

И мајсторот во Витадена му навлезе подлабоко во софтверот на колата со оригинална CLip дијагностика за рено и ми кажа дека едниот клип во компресорот е скршен заради што како не се знае. И чарето е да се смени само скршениот клип и тоа е тоа. Се сложивме одма зошто беше подобра солуција тоа наместо земање половен компресор. Колата ја работеше 5 саати и ни зема само 100 евра со повторно полнење и прочистување на системот за ладење, ни се јави после 5 саати и рече дека е завршена да дојдеме да ја земеме.
Кога дојдовме ја пушти климата и функционираше како што треба и ни рече за оваа работа имате Рено гаранција 1 година, што значи Рено стои зад вас 1 година и гарантира дека нема да се заебе една година.
Јас истрено се изненадив и и не верував во тоа.

Климата функционораше 1 недела без проблем и потоа пак престана ја однел татко ми и му рекле дека софтверска глешка нема гајле ја избришале грешката и сега е ок. После 4 дена пак дува дува и престана му кажав на стариот да ја носи зошто тоа беше ден пред идење на пат. Ја однел и му рекле ке треба нов компресор сега ќе го порачаме од Рено и ќе ти се јавиме кога ќе стигне, и стариов се уплашил не му се давало псри за компресор но тие фино му објасниле дека тоа подлежи под гаранцијата шт му ја дале. Алал да им е нема што. После 1 недела пристигна компресорот и сега Мегането има нов компресор за 100 евра.

3. Направен е редовен сервис пред 500км, моментално Мегането има 95.650км

Планови за блиска иднина, ксенон и монтирање на ДВР камера која ја имам ама сакам да се поврзе со постојан напон на струја кога ќе ја запалам колата.
Поздрав!!!  ;) ;D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #462 на: 15 Септември 2013, 17:14:19 pm »
Значи се исплатело шетањето.

Браво за Рено за професионалниот однос!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #463 на: 15 Септември 2013, 17:26:21 pm »
Ти се прибра бе?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #464 на: 15 Септември 2013, 20:55:40 pm »
Си најде другари во сервис а ?