Си беше еднаш еден фраер, кој добил на поклон малку по јако градско количе... количето беше пежо 306 XSi или во превод тоа значи 2000цц со 135 коња. и така фраерот си го возеше и одвреме навреме вртеше под рачна колку да излезе уште поголем фраер пред локалните провонциски фуфарки. еден убав сончев ден, вртејки го така под рачна успеа да го сврти и фино да го закова задниот лев дел (возачкиот) во тераса на зграда, а за бељата да биде уште поголема на кровот му паднаа две жардињери полни со земја и цвеке...
и така фраерот ја однесе колата на локален мајстор-лимар кој попрво би рекол дека е зидар а не автолимар. мајсторов му опаша 10 кила кит и некако му ја прикрпи... фраерот си ја зеде колата, ама набрзо свати што му направил мајсторот, затоа што за некој месец почнало да пука се она што зидарот му нашлакал по колата, па разочаран од тоа одлучи да ја продаде...
е тука настапив јас... му ја купив на фраерот колата, бидејки е добро годиште, има бесен мотор со многу потенцијал, и вклучително со мењачот е во мноооогу добра состојба...
прво и основно му се смести плин на пежото. а второ, пред гаража, со штемајц и чекич да се симне целиот кит од колата, да се корегираат крилото и кровот онака како што треба да биде, во линија, во правец без измрдувања. и така приказната почна. слики имам одкако го ископав целиот кит.. верувале или не наполнив една кофа од поликолор, со ПАРЧИЊА од кит подебели од плочки за купатило, а да не зборам колку истругав со машина и тоа одлета во форма на прашина...
идеме со слики:
крилото комплетно исчистено но не и исправено.
исто така кровот исчистен кај китот и не исправен.
од внатре отворавме мали дупки за да го избиеме крилото на критичните места. се работи за 2 дупчиња, се гледаат на сликата
еве го мајстор боро тука струга со машинчето
на мое лично барање, го стиснавме ќошот од крилото надоле, бидејки тука стварно лошо беше направено. не толку лошо извиткано одошто одполсе лошо поправено. на апкан, по димензија нарачав дупло подебел лим да ми свиткаат по формата на ќошот од крилото, зашто сметам дека тоа е дел од возилото кое трпи многу терет. и така и би. на првата слика го пасираме, на втората веке е напасирано. немам слика каде што е комплетно заварено. не сум луд да го оставам само на тие 10 точкички заварено:
на оваа слика веке е поставен слојот од кит кој е само порамнителен слој. овој кит се струга до железо и има улога да ги пополни нерамнините на лимот т.е. дупчињата. но секако, за тоа треба прво да го средиш крилото, да го вратиш во линија а не како претходниот мајстор со зидарски моменти да оправаш... јас незнам што не турил цела табла гипс картн, полесно ке му било...
ова до сега беше работено деновиве претходно... одкако се иструга китот и од крило и од кров, боро ми вика: момак... филер немаме... ај трк до максмаер и земам филер и грунд. прво грунд, па шмирглање па филер... по моја желба земав црн филер. потешко се струга одпосле ама па полесно се фарба на него. и така би. вчера грунд, па иструган до перфекција и вечерта филер. ја гу ја боро како шприца филер црн:
денес сликан ефектот. вака изгледа црн филер нанесен:
а боро рано рано, се фрли на обработка на филерот:
откако се иструга и измазни целиот филер (додека чекавме да се исуши го излепивме со хартии) тоа изгледаше вака:
и боро вика, време е за обезмастувачот. шишето во рака, крпчињата во другата и пребришувај.
на крај тоа изгледаше вака:
седна мајстор боро на столче, си нареди шишињата со боја околу себе и почна да мучка и кликоти. наполни пиштолот и без многу размислување се фрли на фарбање почињајки од кровот:
додека се тераше со фарба, некако и се дишеше.. ама кога дојде лакот да се шприца, е тоа богами е страшно. се изнаглтав лак за сите пари, а низ објективот на телефонот тоа изгледа вака:
еве и една снимка во живо да видите како тоа изгледа. плус моментот е јак каде што се гледа до каде е само боја од десната страна на кровот а каде е лак...
финални слики утре. утре ке треба да си ја довршам домашната. набавени се други седишта комплет, бидејки овие беа арабат, да монтирам штоп, кедери, стакла, па ако не заборавам ке фотнам... секако, јас не би бил јас, ако не му сменам комплет делови што страдаат. иако се да речеме ок, сакам да биде стегнато до крај, па така набавив комплетно нови оригинални: дискови, плочки, спони, стабилизатори и комплет нови манжетни за сите 4 зглобови и тоа не гумени туку од термопластика... тоа ке биде за или утре вечер или во недела... а да, и комплет сите 4 држачи за трап. французите тука страдаат...
и секако за крај... сите тие сиво офарбани елементи (лајсни, ретровизори и вратите со се рачките) ке бидат префарбани во црна боја... лајсните, ретровизорите и рачките во црна мат а вратите кај прозорите со истата боја од крилото и кровот... ке апдејтирам со слики...
позз до сите...