Автор Тема: Каде плови бродот, со танкерот шлепери со старите возила  (Прочитано 4205 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1302
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Два интересни текста преземени од веб. Прилично јасно како се убиваме со загадувањето од изводите на деновите со загадување, дека покрај вкупното загадување од оџаци со греење на ќумур/дрва и индустриските капацитети, главниот загадувач се токму старите возила.
Дали требаше да се направи ваква стратегија, или можеше да биде преку стимулација на малолитражни возила, кои ке ги задоволуваат еколошките стандарди, а истовремено зголемување на акцизата на големолитражните ( или систем пари за единица кубик, со што поисплатливо би било да се купи помало возило, а поново, за разлика од некое ќумбе од 450К КМ со голема кубикажа )

Еве ги текстовите

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот

Еколошки освестените држави со децении го пречистуваат возниот парк, само Македонија го гледа виновникот за отровниот воздух во скарата на ќумур. Тоа што никој не го кажува: Народот мора да троши гориво, државната каса мора да се полни
Македонија вози за државата да функционира. Секој граѓанин што поседува возило, несвесно, но послушно придонесува државната каса брзо и сигурно да се полни уште од првиот момент кога ќе проработи моторот во неговото возило. Аналогно на тоа, ако возилата мируваат, има помалку пари за државата. Тоа е кусото објаснување зошто ниту по десеткратно пречекорување на дозволената граница од 50 микрограми ПМ10 на метар кубен, државата Македонија и натаму не презема реални и радикални мери за спречување на загадувањето на воздухот од сообраќајот. Препораките децата, пензионерите и хронично болните да не излегуваат при прекумерна загаденост на воздухот со ПМ10 ниту оддалеку не ја допираат суштината на проблемот, но затоа и не спречуваат сообраќајот и натаму да се одвива со вообичаениот интензитет.
Во празниците нагло опаѓа концентрацијата на ПМ10. Зошто?

Следниов графикон табела јасно укажува од каде потекнува загадувањето на воздухот со честички ПМ10. Се разгледува периодот на новогодишните и божикните празници, со исклучително намален интензитет на сообраќај, во споредба со периодот по празниците, кога сообраќајот повторно се одвива вообичаено. Податоците се официјално признати и потврдени од Министерството за животна средина, со вредности на просечната концентрација на ПМ10 во воздухот, за општина Центар, Скопје. Сосема е очигледно дека во деновите со малку сообраќај драстично се намалува количината на опасните честички во воздухот, имајќи ја во предвид инертноста на воздушната маса.

Загадување

Според тоа што го покажува графиконот повеќе не би требало да постои сомневање околу тоа од каде доаѓаат овие честички што сé повеќе ни стануваат видливи, а уште повеќе ги чувствуваме како остануваат трајно заглавени во телото. Впрочем, нашиот воздух не е ништо поразличен од оној што толку внимателно го чуваат општествените средини во светот каде што заштитата на животната средина ужива приоритет пред купувањето на медиумските гласила.
38 денари од 77,50 денари за литар бензин одат во државна каса
Додека државата глуми неукост и ни објаснува дека апстиненцијата на ветриштата и дождовите е главната причина што полека умираме додека дишеме, возилата продолжуваат да врват по улиците. Поинаку не смее. Малку потсетување што сé влегува во цената на горивата, со пример за бензин БС – 95. Во 77,50 денари за литар бензин влегуваат 0,080 денар за активности за заштита на животната средина, 0,890 денар за задолжителни резерви на нафта, 21,814 денари за акциза, 3,20 денари за трошок на промет и уште 12,322 денари на име данок. Притоа, самото гориво чини 39,194 денари, што значи дека 38,306 денари отпаѓаат на давачки кои ги касира државата. Со секој потрошен литар гориво БС – 95, македонската каса се полни со 38 денари. Ако нашите возачи просечно минуваат 10.000 километри за една година и нивното возило троши во просек 10 литри бензин на сто километри, тоа значи дека секој плаќа по 38.000 денари во текот на една година на сметка на државата. За тристотини илјади автомобили, колку што неофицијално изнесува возниот парк во државата, тоа дава 11.400.000.000 денари или околу 185 милиони евра – во случај сите возила да трошат токму БС – 95 и по десет литри на сто километри.
Преполовување на сообраќајот ќе значи преполовување на државната каса
Што би се случило ако Македонија реши уште од утре да го ограничи сообраќајот по патиштата и дозволи да се користат само еколошки коректните возила? Да претпоставиме дека половина од возилата би мирувале, односно не би трошеле гориво во име на одржување на државниот апарат во живот – иако реално би мирувале повеќе од три четвртини. Потрошувачката на гориво би се смалила, полнењето на државната каса повеќе не би успевало толку мазно. Преполовената наплата би повлекла или преполовување на народот што работи за државата или преполовување на нивните плати. Тоа би било еднакво на катастрофа. Како тогаш ќе се држи насмевката на нивните лица и подготвеноста да го дадат својот глас во име на продолжување со загадувањето на воздухот преку сообраќајот?

За три години потрошувачката на гориво е зголемена за 30 милиони тони

Сите преземени чекори во последните години одат во тој правец. Во периодот од 2010-та до 2013-та година, во Македонија се увезени вкупно 175.486 патнички автомобили, камиони и автобуси, од кои главнината се користени и без актуелни еколошки норми. Доколку при ослободувањето на увозот на користени возила беше земено во предвид нивното влијание врз животната средина, ќе се поставена барем неколку ограничувачки критериуми во поглед на староста на возилата, големината на моторот и потрошувачката на гориво. На улица се гледа што донесовме сите. Големи лимузини, најголеми што може за парите, со големи и силни мотори и соодветно висока потрошувачка на гориво. Јасно е дека не било приоритет да се обнови возниот парк и на народот да му се овозможи да вози евтини и чисти автомобили, туку спротивното, да се донесат колку е можно повеќе автомобили во функција на полначи на државната каса.

Еве ги и бројките. Во 2009 година, во вкупниот биланс на нафтени продукти, Македонија има потрошено 411.369.000 тони гориво на име патен сообраќај. Една година подоцна горивото расте на 428.046.000 тони или 4,05 проценти повеќе. Во 2011 година, нашите возила потрошиле 449.499.000 тони, што е повторно плус од 5,01 проценти! Во 2011 година, се случува минимален пад на 441.765.000 тони, што би требало да се поврзе со стегнувањето на кризата.
Биланс на нафтени продукти во период 2009-2012 (вредност во тони)

                  2009                2010                2011               2012
Вкупно   411.369.000   428.046.000   449.499.000   441.765.000
Дизел   243.618.000   263.107.000   284.991.000   296.975.000
Бензин   123.339.000   123.131.000   129.734.000   111.708.000
Течен нафтен гас   44.412.000   41.807.000   34.774.000   33.082.000


Потрошувачката на гориво континуирано и рапидно расте, паралелно со големувањето на возниот парк во државата, народот послушно вози. За потсетување, колку повеќе се троши гориво, толку повеќе е полна касата на државата. За споредба, пак, од вкупно 417.383.000 тони нафтени продукти во 2012 година, дури 300.000.000 тони се потрошени во патниот сообраќај. Колку е тоа најдобро може да покаќе бројката дека индустријата во истата година потрошила само 47.878 тони нафтени продукти! Според тоа, возењето автомобил е најсилната индустриска гранка во Македонија.

Во 2014 година воздухот ќе се загадува уште повеќе

За иронијата да биде уште поголема, за оваа година е предвидено потрошувачката на горива да се зголеми за 2,6 проценти во однос на 2013 година – во годината која што е само една година поблиску до моментот кога ќе се отруеме од сопствените возила.
Затоа, ако некој спомне поведување акција за оставање на возилата и користење на јавниот сообраќај, никој не смее да го послуша. Народот мора да вози, државата мора да функционира. Во еколошки совесните средини, народот веројатно би го гледал сопствениот премиер како неизбањат, сокинат и неизбричен кога овој би дозволил воздухот околу да биде толку загаден и токму во протест би се откажал од секакво натамошно користење на автомобилите. Народот во тие средини би престанал да вози, затоа што тоа би било единствениот спас од труењето и заболувањето – така би им се одзела моќта на тие што го трујат и разболуваат сопствениот народ.
Народот вози, државата инкасира, народот се гуши
Инаку, како е можно земја каде што просечната плата изнесува 300 евра во најоптимистичкото сценарио, автомобилите да се возат со толкава упорност небаре е ова Германија или Америка? Кога ќе се земат во предвид сите трошоци околу автомобилот, вклучувајќи сервисирање, одржување, регистрирање, секако и полнење гориво, од нашите џебови се празнат по стотина евра секој месец. Вистински феномен. Холанѓаните, пак, познати се како нација што негува навика да вози велосипед. Или тие немаат пари или пак никој не ги тера да возат автомобил? Којзнае.



Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1302
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Зошто користените автомобили станаа толку евтини?

Огромен теренец стар седум години чини колку нов „Голф“, бизнисменски лимузини се достапни за сите. Што се случи? Високите еколошки давачки при регистрирањето во земјите во ЕУ направија колите да се евтини, но поседувањето скапо. Нерегулираните пазари како нашиот плаќаат уште поскапо.
Во последните неколку години се случи досега невидена девалвација на користените автомобили на целиот европски пазар. Десет години стари лимузини од престижни марки чинат три до четири илјади евра, големи теренци се нудат најмногу за двојно повеќе. Mercedes ML 270 CDI од 2004 година, со 350.000 километри и комплетна опременост, во двор на германски трговец со користени автомобили е достапен за 5.850 евра, односно 4.900 евра без ДДВ. Нетаксирана лимузина од класата Е со „четири очи“, во моделска изведба E 320 CDI со 197 КС, со прва регистрација во 2004 година и оригинални 200.000 километри, со повраток на „мервертштоер“ чини едвај повеќе од 3.000 евра. Ова мора да е најголемата автомобилска револуција во историјата.
Колку повеќе штетни материи во издувот толку повеќе пари за регистрација

Автомобилите се евтини, но нивното поседување е скапо. Поточно, нееколошките автомобили. Со исклучок на неколку земји, висината на трошоците за регистрација на автомобилите во подрачјето на ЕУ се одредува според емисијата на СО2. Формулата е едноставна: Колку повеќе штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина излегуваат од издувниот систем, толку повеќе мора сопственикот да й плати на државата за неговиот автомобил да продолжи да се движи по патиштата, односно да ја загадува животната средина.

Mercedes од класа Е и Opel Corsa чинат исто?

Еколошки совесните држави ги привилегираат автомобилите со ниска емисија на СО2 и или комплетно ги ослободуваат од скапите давачки при регистрација или пак воведуваат посебна категорија со намалени давачки. На автомобилите од пониските класи, со помали мотори и ниска потрошувачка на гориво, цената воопшто не им се променила. Напротив, некои чинат и повеќе на пазарот на користени возила. Opel Corsa, на пример, регистрирана во 2002 година, со бензинец од 1,2 литар и 75 КС, со километража под сто илјади, кај истиот германски трговец со користени возила чини 3.000 евра. Голема лимузина на Mercedes од класата Е и три класи помалечка Opel Corsa чинат исто?
Германците ја ценат еколошката погодност на возилото
Вистинската цена на возилата, а тоа значи цената во која што влегува и користењето, се дознава дури по примената на формулата според која што се пресметува висината на давачките при годишната регистрација. За германскиот пазар е едноставно. За секои сто сантиметри кубни работна зафатнина на моторот, за возила со бензински мотор се плаќа две евра, за дизели 9,5 евра. Во случај на Corsa тоа се 24 евра, за Mercedes се 190 евра.
Opel заштедува 819 евра во период од три години
Покрај оваа основна такса за регистрација, во Германија се плаќа и такса за СО2, во висина од две евра за секој грам од штетниот гас, без разлика на еколошката норма или каков било друг параметар на автомобилот. Овој данок за Corsa изнесува 308 евра, додека за Mercedes е 414 евра. Во збир на двата данока, сопственикот на малечката Corsa секоја година й плаќа на државата 332 евра, а оној на класата E по 605 евра. За период од три години, колку што обично изнесува периодот на замена на возилото, возачот на Mercedes плаќа 819 евра повеќе од возачот на Opel, што претставува речиси една третина од набавната вредност на возилото.
Германската држава, или како уште сака да се нарекува „автонацијата“, гледа повеќе либерално кон еколошката погодност на возилата, што воопшто не значи дека екологијата е запоставена. Како народ што има слабост за последната технологија во светот на четири тркала и воопшто, а уште повеќе има и стандард што го дозволува истото, Германците ги менуваат старите автомобили со нови и без присила од ригорозни еколошки норми од страна на државата.
Ригорозно во Франција: 7.000 евра за регистрација на голем теренец со преку 200 КС
Системот е многу поригорозен во Франција. При првата регистрација на возилото, сопственикот плаќа „малус“, односно казна за нееколошката погодност, доколку емисијата на СО2 е поголема од 135 грами на километар. За секое возило со емисија над 200 грами СО2, овој малус изнесува 6.000 евра! Дополнително, секоја година се плаќа и еколошка такса за возилата со екстремно висока емисија на СО2, во случајов 190 грами на километар, во висина од 160 евра. На тоа следува и регионалниот данок, кој се пресметува од фискалниот број на коњски сили, помножено со фактор на емисија на СО2. Во зависност од регионот и од емисијата на СО2, за секоја фискална коњска сила се плаќа меѓу 27 и 51,20 евра. Во случај на возило со 20 фискални КС, за годишна регистрација ќе се плаќа повеќе отколку што вреди возилото.
Тоа што е евтино за продавање е скапо за поседување
Токму тоа е објаснувањето зошто користените автомобили одеднаш станаа евтини. Сопствениците на автомобили со тешки каросерии и големи мотори со висока потрошувачка на гориво и соодветно висока емисија на штетни гасови повеќе немаат интерес да ги задржат нивните автомобили, поради големие давачки што треба да се плаќаат кон државата. Од истата причина, никој нема интерес и да го купи тоа возило. Како резултат, возилото што никој не го сака губи на вредност, станува евтино, неинтересно. Евтино е затоа што е скапо неговото поседување. Кристално е јасно.
Македонија не разликува еколошки и нееколошки автомобили
Тука стапуваат на сцена нерегулираните пазари, меѓу кои и македонскиот пазар, каде што евтините автомобили наидоа на одушевувачки прием. Близу 200.000 возила се увезени откако државата ги симна сите рампи. За регистрирање на автомобил со 200 КС во Македонија се плаќа најмногу 5.776 денари, врз основа единствено на моќноста на возилото. Нашата држава воопшто не ги разликува еколошките и нееколошките возила. Откако екологијата почна да го дефинира развојот на новите генерации на возила, законите во светот постојано се приспособуваат на актуелните норми, во интерес на заштита на животната средина. Инаку на сите ќе им се случеше тоа што е македонско секојдневие – дишење воздух со канцерогено ниво на загаденост со неразградливи честички.
Имаме помалку возила од Европјаните, но повеќе сме загадени
Нашиот возен парк ниту оддалеку не го достигнува степенот на моторизација на европските земји, иако во минатите години се случи драстично зголемување на бројот на возила во државата, но според загаденоста е исто како да имаме десетпати повеќе возила од нив. Токму поврзувањето на еколошката погодност на возилата со висината на трошоците за нивна регистрација во земјите во ЕУ имаше за цел да се спречи загадувањето што ни се случува нам.
Отруени од простотилак и незнаење
Македонија покажа елементарно непознавање на ситуацијата со загадувањето од автомобилите, неспособност за предвидување на развојот и незаинтересираност за раководење со возниот парк. За некаква одговорност пред народот воопшто и да не се помислува. Ние се отрувме од простотилак, од незнаење. Но, не сме виновни ние што ги купувавме еколошки непогодните возила, туку тие што не нé спречија да го направиме тоа. Заштитата на животната средина е должност на секоја единка, но кога државата е незаинтересирана, не може ниту единката да биде функционална.
Новите стари возила не се почисти од возилата од стариот систем
Уште пред многу години државата требаше да реагира, првите алармантни знаци почнаа да се покажуваат во 2008 година, кога Светската Здравствена Организација објави ниво од 80 микрограми честички ПМ10 на метар кубен атмосферски воздух, за 30 над дозволениот максимум. Денес имаме загаденост што е до дваесет пати поголема од нивото што светот го смета за штетно. Без автомобили не се може, тоа е факт. Но, без големи, тешки, неекономични и нееколошки автомобили можеме. Место целосно занемарување на еколошката погодност на возилата, можеше да се дозволи увоз на помалечки и штедливи возила, кои бездруго чинат исто колку големите лимузини по кои сите се залетавме.
И покрај сé, дилетантските изјави и тврдења нема да завршат уште долго време. Оние што требаше да одговараат за еколошката катастрофа предизвикана од нерегулираниот увоз на автомобили и натаму ќе тврдат дека дваесетгодишните лимузини со светкави знаци се почисти од старите стокецови, југа или фиќа. Зарем навистина? Не се сеќаваме дека до пред пет шест години немавме „стаклено ѕвоно“ над секој поголем град во Македонија. Овие ѕвона се гледаат од секое повисоко место. Во нив треба да дишеме и живееме.
Колку чини регистрација на нечисто возило во земјите во ЕУ?
Како пример за пресметка на трошоците за регистрација на еколошки назадните возила во земјите од ЕУ го земавме големиот кросовер на Audi, седумседот Q7. Во моделската изведба 3.0 TDI, со трилитарски турбодизел со 233 КС, погон на сите тркала quattro и менувач tiptronic, Audi Q7 произведен во 2006 година чини на пазарот на користени возила околу 16.000 евра, според каталогот на вредности на Schwacke. Со емисија според нормата Euro 4 III и просечна потрошувачка од 10,5 литри дизел на сто километри, од неговиот издув според фабричките податоци излегуваат по 282 грами СО2 на секој километар. За годишна регистрација на овој автомобил во Германија се потребни 849 евра, додека во Франција повеќе од 7.000 евра!
Австрија
NoVA или данок за потрошувачка на гориво се плаќа при првата регистрација на возилото. За нашиот Audi, пресметката изгледа вака: 2% од вредноста на возилото х (потрошувачка на гориво – 2 литри). За автомобилите со емисија на СО2 над 150 g/km се плаќа казна од 25 евра за секој грам СО2 над вредноста 150. Дополнителни 25 евра одат за секој грам над 170 и уште по 25 евра за секој грам над 210. За емисија над 5 mg неразградливи честички се плаќаат уште 300 евра. На крај, првата регистрација на Audi Q7 од 2006 година во Австрија ќе чини 5.966 евра.
Франција
При купувањето возило, казна се плаќа за секој грам СО2 над вредноста од 135 g/km. За сите возила со емисија на СО2 над 200 g/km се плаќа единствена висина на казна од 6.000 евра. Дополнително, секоја година се плаќа казна во висина од 160 евра за сите возила со емисија на СО2 над 190 g/km.
Трошоците за регистрација се одредуваат врз основа на фискалната моќност, помножено со факторот на еколошката погодност. Во зависност од регионот, за секоја фискална КС се плаќа меѓу 27 и 51,20 евра. Audi Q7 конкретно спаѓа во фискалната група со 20 КС, со регистрација во висина од 1.024 евра.
Германија
Висината на годишната регистрација се состои од два данока. За основниот данок, 9,50 евра се плаќаат на секои 100 сантиметри кубни работна зафатнина на моторот (во случај на дизелски мотор), а еколошкиот данок се плаќаат по 2 евра за секој грам CO2, без разлика на еколошката норма. Конкретно, годишната регистрација изнесува 849 евра.
Велика Британија
Годишната регистрација изнесува 475 фунти (579 евра) за возила со емисија на СО2 над 255 g/km. Првата година регистрацијата чини 1.030 фунти, односно 1.255 евра (над 255 g).
Шведска
Увоз е дозволен само за возила од норма Euro IV и повисоко. Годишната регистрација се состои од основна давачка, во висина од 360 круни, плус 20 круни за секој грам CO2 над 117 g/km. За дизелски мотори оваа вредност се множи со фактор 2,33. За дизелски регистрирани по 2008 година дополнително се плаќа 250 круни. Вкупно 8.778 круни, односно точно 1.000 евра за Audi Q7.
Шпанија
За возила со емисија на СО2 над 200 g/km се плаќа прва регистрација во висина од 14,75 проценти од вредноста на возилото. Конкретно 2.360 евра.
Словенија
Возила со емисија на СО2 над 250 g/km и дизелски мотор подлежат на трошок за прва регистрација во висина од 31% од вредноста на возилото, односно 4.960 евра.
Португалија
Пресметката се врши според следната формула: 127,97 евра х g/km – 23.434,67 евра. За Audi Q7 3.0 TDI се плаќа прва регистрација во висина од 12.652 евра. Годишната регистрација исто така се одредува според емисијата на СО2, староста на возилото и зафатнината на моторот.
Ирска
Првата регистрација за возила со емисија на СО2 над 255 g/km чини 36% од вредноста на возилото, односно 5.760 евра.
Годишната регистрација за нашиот Q7 изнесува 2.350 евра.
Грција
Годишната регистрација се одредува врз висина на емисијата на СО2. За возила со емисија над 225 g/km се плаќа 3,40 евра за секој грам, односно 958,8 евра.

Извор: Аутомедиа

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Пред неколку месеци имаше одлична анализа на некој од нашиве медиуми - дека не само што се инкасирани многу пари на државна сметка со увозот на половњаци (180.000 возила), туку и дека прилично добри пари се исцедени со градењето на катни гаражи со цел да се задоволат потребите за паркирање на сите тие екстра возила (во Скопје се околу 60.000 од тие 180.000 возила).

Интересна споредба беше едно паркинг место во Зебра паркингот (приватен паркинг, правен со приватни пари) кошта 7.000 евра. Едно паркинг место на јавен платен паркинг (поточно, некоја од катните гаражи - државни објекти, правени со државни пари) кошта 20.000 евра.

Чиста работа.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
3.0тди на Ауди 282г цо2 еуро4...Кај мене е 2.2дт 226г цо2,еуро2...Кој кого е**...Како сметаат тука?
Ова со баслословните цени за регистрација малку мие чудно...Тетин ми во Франција има Мерцедес 190 2.3д од 90година...Тој Мерцедес сигурно загадува повеќе од Ку7 па нема кажано дека регистрацијата го кошта над 7000евра...Додуша и да не ми кажи сам ке дознам,досега ке се обесеше да му спомнеа толкава цифра. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Зошто да не направиме истражување колку чини осигурување и регистрација таму на неколку коли, и со тоа да видиме дали е точен текстот или не.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Е ајде де. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3061

Интересна споредба беше едно паркинг место во Зебра паркингот (приватен паркинг, правен со приватни пари) кошта 7.000 евра. Едно паркинг место на јавен платен паркинг (поточно, некоја од катните гаражи - државни објекти, правени со државни пари) кошта 20.000 евра.


Оној момент кога ни EPIC не врши работа...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Епа и колата ќе ја жениме, си сака и таа стан.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Каде плови бродот, со танкерот шлепери &
« Одговори #8 на: 14 Февруари 2014, 11:15:05 am »

Интересна споредба беше едно паркинг место во Зебра паркингот (приватен паркинг, правен со приватни пари) кошта 7.000 евра. Едно паркинг место на јавен платен паркинг (поточно, некоја од катните гаражи - државни објекти, правени со државни пари) кошта 20.000 евра.


Оној момент кога ни EPIC не врши работа...

За тие пари поарно гаража.

Што е поентава на ова кога стандардот е мал. Екологијава е одлична работа за некои Картели да почнат да наметнуваат нивни решенија (финансиски).

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Монтажна, да си ја носиш со себе.


Lord, give me strength.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Темава ја прочитав од почеток до крај,
Никаде не беше спомнато колку тоа се месечните примања во една фамилија, на
пример 5.000 или 10.000 Евра.(зборам за некои европски држави).
Од тие примања - такви даноци, регистрации, нови возила од 80-100.000 Евра.
Ништо ново за нив, и ништо старшно.
За загадувањето се слагам, ама се слагам и за платите.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Ретко каде се спомнува разликата во примања која е најмалку 10 пати.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Не успеав да најдам (ваљда пошто треба да барам на германски) калкулатор за цена на регистрација во Германија.

Најточната споредба би била рецимо колку проценти од годишната плата (просечна) се трошат за трошоци за кола во Македонија и Германија.

Во секој случај, дека го увезовме кршот од Европа, го увезовме. 180.000 коли не се малку, особено за толку мала земја како Македонија. Од една страна ја покажува гладта што ја има народот за коли, а и реалната потреба. Од друга страна, си натопоривме проблеми за следниве 10-15 години, како од еколошки, така и од инфраструктурен поглед.

Јас искрено се надевам дека ќе почне да се наплаќа некаква сериозна еколошка такса, дека ќе се субвенционираат хибриди и возила со пониска емисија на CO2 (иако не е највалиден репер, некаков репер е) и дека ќе станат построги техничките прегледи.

EDIT: Данок за мојот Голф во Германија е 302 евра годишно.

http://www.kfz-steuercheck.de/kfz-steuer-rechner/pkw-steuer/

Осигурувањето (Teilkasko, не целосно каско, со франшиза од 300 евра, живеалиште во Минхен, колата да стои на улица) е меѓу 650 и 1100 евра годишно, во зависност од компанијата.

http://www.kfz-versicherungsvergleich-online.info/teilkaskoversicherung-vergleich.html

Данок за Audi A8 4.2 TDI е 703 евра, ме мрзеше да рачунам осигурување.
« Последно менување: 14 Февруари 2014, 12:55:40 pm zeroSignal »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Јас не верувам дека има толкави давачки.
Цитат
Екологијава е одлична работа за некои Картели да почнат да наметнуваат нивни решенија (финансиски).
Потполно се согласувам со Бугар...ОД ова може да излези само уште еден финансиски товар на народот друго ништо.Ќе воведат такса,ке се плаќа ке се вози,загадувањето исто,само олеснети ќе бидиме дополнително.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
    Субвенции за возила под 100цо2 (дали плинашите ќе влезат тука ако е ставено во салон е прашање), како и за хибридите иста таква повластица. Но, со тоа ќе се намалат приходите кон државата. Согласно тоа, нема логика да се даваат такви повластици во држава без сериозна економија. Возилата во Македонија се еден од главните приходи на државата, преку горива и продажба.
Тоа значи дека поголемиот дел од парите кои ги добива државата (а не се кредити) доаѓаат од таму. Се надевам ова дека ви е јасно, зошто е многу круцијална точка во објаснувањето.
    Доколку една држава има приходи од многу места, може некое од местата да го намали. Но, кога има само од едно место голем приход и тој да си го намали е налудничаво.

    Државата е бизнис. Секој бизнис сака да се одржи себеси. Доколку имате фирма со 100 вработени, и трошоци од 100.000 евра месечно, а приход од 60.000 евра месечно, и ги покривате останатите 40.000 евра месечно со кредити, позајмици и донации, нема логика да има ја покачите платата на вработените и да си го зголемите трошокот.

Кај држави кои имаат голем суфицит на средства од неизмерен број на индустрии како Германија, државата може да ускрати од многу места и пак да биде во голем суфицит на пари кои ги добива. Согласно тоа може да си дозволи да троши пари на екологија и слични гранки. Таа држава има еден многу голем проблем помалку. Пари.

    Истото се случува и кај еден народ, еден човек или едно семејство. Најголем проблем кај нас се парите. Општо земено народот нема пари за трошење. И тао се гледа преку уништени влезови, прастари фасади, викторијански вециња, стари коли. Тоа е реален проблем со кој се соочува 98% од народот во државата. Во земјите како Германија која ја споменавме и со која сакаме да се споредуваме, парите не претставуваат проблем. Што значи тоа? Тоа значи дека опстанокот на човекот, семејството, улицата, маалото, општината, градот, државата не се предмет на расправа. Тие знаат дека секогаш ќе имаат повеќе од доволно пари за да преживеат во одлични услови. Тоа е голем терет тргнат од мозокот на човекот. Во Македонија таква монетарна сигурност нема. Кај ниту еден Македонски државјанин. Ништо не е сигурно. Денес едно, утре друго. Тркалото се врти и слично. Во Германија тркалото не се врти, тоа е застанато а луѓето се качиле на горната половина на тркалото и таму си живеат. И немаат намера ни да го вртат, ни да се симнуваат. Истото се случува во сите цивилизирани земји, кои имаат развиена екомонија или природни ресурси.
    Еден Германец не е загрижен за финансиската состојба. Единствената разлика меѓу Македоснки град како Струга, и Германски град на езеро се пари. Многу пари. Многу, многу пари. Многу повеќе пари од што може да си замислиш. Не зборуваме за приход на едно семејство или човек. Туку за голбален приход на градот/селото. Тоа е разликата. Ништо повеќе. Oдносно:
Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата.
    Но тоа не застанува кај колите. Не застанува кај куќите, кај одморите, становите, улиците, мостовите, фасадите, парковите, екологијата, точаците, кобасиците, фабриките... не застанува никаде. Нема крај. Мислам дека се случува истото како кога зборуваме за бесконечноста на просторот и големината на универзумот и бројот на галаксии во него. Едноставно тоа не е замисливо за човековиот мозок. Исто како што не е замисливо да се има 4000 евра просечна плата во државата месечно. Како би изгледала Македонија кога сите граѓани би имале 4000 евра просечна плата, кога би имале работни услови како во Германија, кога 6% од населението би било невработено, кога годишен одмор би траел 25 работни дена, кога улиците би биле стакло мазни, кога куќите ќе беа најнови, кога автомобилите ќе беа најеколошки? Како Германија, ете така би изгледала. Ако воопшто може тоа да го замисли еден човек.



    Се надевам колку толку ви ја доближив реалната слика на Македонија и Германија, како и нивните сличности и разлики во економскиот и еколошкиот свет.