Автор Тема: Kia Optima 2011  (Прочитано 39988 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #30 на: 25 Јануари 2011, 07:54:26 am »
@Dende

И мене ми има некоја жица на Голф 6, ама повеќе ми личеше на Сивик. Откако Банза ја шлапна сликата од америчкиот Акорд купе, дефинитивно од таму е превземена предницата. Инаку Дени шо си милува VW си милува, ама мислам дека повеќе ги мрази KIA и Huyndai одошто што ги сака VW. :D Јас на пример сум алергичен на Рено. Едно е што сите возила ми се грдосии, а друго е што се срање од досегашните информации кои ги имам стекнато од лични искуства на сопственици.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #31 на: 25 Јануари 2011, 11:24:40 am »
@Dende

И мене ми има некоја жица на Голф 6, ама повеќе ми личеше на Сивик. Откако Банза ја шлапна сликата од америчкиот Акорд купе, дефинитивно од таму е превземена предницата. Инаку Дени шо си милува VW си милува, ама мислам дека повеќе ги мрази KIA и Huyndai одошто што ги сака VW. :D Јас на пример сум алергичен на Рено. Едно е што сите возила ми се грдосии, а друго е што се срање од досегашните информации кои ги имам стекнато од лични искуства на сопственици.
Да Акордот ептен личи. А под светлата таа црната „дупка“ на цел браник ми личеше на Поло. Ама ептен се полкопува Акордот.
« Последно менување: 25 Јануари 2011, 21:36:15 pm Deni »

Отсутен Deki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #32 на: 25 Јануари 2011, 11:42:59 am »
Секој некој копира во нешто битно е како целосен производ да е убава, сите нови голи имаат одназад штопови во облик на бубрзи и сега кој кого копира да не е кинеска копија а внатрешноста е од тука преземена



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #33 на: 25 Јануари 2011, 16:06:21 pm »
Дени, секој нема буџет за Ц класа, 3-ка, ЦЦ и слично. Секој во рамки на можностите. Во спротивно немаше да постјат многу брендови на пазарот, меѓу другите и VW немаше да постои. Но како што гледаме денес не само што постојат помалку добри брендови од VW, туку постои и ѓубре како Gely, Chery и други и некој нив ги купува.


Така е за сите работи во животот. Сите знаеме дека е убаво да живееш на Малдивите во хациенда од 3000 квадрати со 10000 квадрати двор, 15 слугинки и помошнички на возраст од 18 до 25, возен парк од 10 милиони евра и слично. Ама тоа го уживаат помалку од 1% популација на планетава.

Да се вратиме на темава, за да биде успешна Оптима, ќе треба ценовно да биде правилно поставена. Односно, да нуди подеднаков квалитет, перформанси и дизајн како модели од повеќе популарни марки, а да биде поефтина со 15-25%. До сега Kiayndai ја водеа таа ценовна стратегија и беа мошне успешни во тоа. Погледни ги ретроспрективно бројките на продадени возила во последниве 5 години.


Не би рекол дека поседување на Мерцедес Ц, 3ка, А4, ЦЦ е споредливо со живеење на малдивите и дека се до толку недостапни. Сепак листата продолжува со Мондео, 6ка, Инсигниа, Пасат, Акорд, Ц5, Лагуна, Авенсис и Суперб. Вториве се коли за оние кои ем неможат да си ги дозволат првите, ем неќат возило на старо... Ова возило е во рамките на Круз, Лансер, Соната, а мислам дека нивните цени ќе бидат поконкурентни од Оптимата, во секој случај. Ако се нуди заедно со последниве во ценовно подрачје, како финансиски конкурент на Фиеста, Џез и сличните им, тогаш океј.  ;D

Сепак да не заборавиме во која класа на коли припаѓа ова. А пред се да не се залажуваме дека тој што земал Ц или 3ка како и другите прекрасни макри, се зае*ал зошто можел да земе вакво. Генералниот проблем со корејските возила е тоа што нивните корисници мислат дека се најпаметни и дека сите други се зае*але со нивниот избор. После продавањето на возилото потрошеното ќе дојде на 0, а едниот возел Ц или Мондео, а другиот Киа. Незнам кој се зае*ал во случајов. А тек ако си земеш 3-4години стара 3ка...  :D

Покрај се да не заборавиме и на психолошката вредност на предметие кои ги поседуваме. Знам дека сите ќе изглумат дека не им е важно, но и тоа како им е важно. Секој сака Мерцедес, секој сонува за БМВ, секој ќе се задоволи со Мондео. А секој сопственик на Киа ќе се ддокажува дека е иста со Мерцедесот, дека трошела помалку од БМВ, дека поубава била од Мондео. Истиот муабет е со сите убави и лоши марки. Истиот. Секогаш изгледа дека повеќе добиваш кај послабата марка, ама има нешто во тебе кое го сака вистинското. Дали ќе излезе ова на површина или самоубедувањето е доволно силно да го прикрит, тоа е индивидуално. Ама глобалната вистина е таа.  :P

Душата сака Акорд, ти и нудиш Оптима. Душата сака Ролекс, ти нудиш Своч. Користен Акорд или Ролекс ќе ти го направи најголемиот мерак на свет, зошто пред се е Акорд и Ролекс.
Исто е, ама не е исто.
« Последно менување: 25 Јануари 2011, 21:35:04 pm Deni »

Отсутен Deki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #34 на: 25 Јануари 2011, 16:26:31 pm »
Види со дел се сложувам али со ова не мерцедес, ауди и бмв се приказна за себе, тие се баш како ролекс, а додека мондео, акорд, вектра, мазда се приказна која е башка од тие 3, мондео од 2003-2004 можеш комотно за 6-7000 да земиш додека ако е ауди, мерцедес бмв под 2000 година за тие пари, значи секогаш се губат пари што поскапо возило повеќе пари губиш, и никој немислам ќе купи испод тие 3 марки кола или сув и ќе мисли дека е феноменале нормално треба кеш за тие коли и ги купуваат господа или бизнисмени ама само за наново за тие три бренда, за настаро е пак истото возам мерцедес ама од 96 поарно да не возиш, а за корејциве никогаш не можат да ти понудат квалитет блиску на ауди а и да успеат некако тогаш ќе бидат поефтини од ауди за 1-2000 евра не за дупло, ама со корејциве многу ме потскеа приказната со тојота, ако памтис до 95 никој и нишо не беше тојота, така сега и хјундаи ќе ја стигне сакале ние или не за 3-5 години. Поздрав

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #35 на: 25 Јануари 2011, 18:43:52 pm »
Deni, ако така гледаш, и тој што вози Акорд ќе мечтае, односно ќе се докажува дека има Мерцедес ама за помалце пари. И он може да купи некоја година стара Ц класа, наместо нов Акорд.

Тој што вози Ц класа, ќе сака да вози С класа, тој што вози С, ќе сака Ролс и така до безкрај :)

Али ако си свесен што возиш, какви ти се можностите, какви ти се потребите, нема да имаш никаков проблем од овој тип ;)

Ролекс е одличен, али има различни модели на Ролекс, а постојат и Vacheron Constantin, Audemars Piguet, Patek Philippe, Blancpain за кои некој сопственик на Ролекс може да сонува, на пример.

Убаво е ако можеш да купиш Хјундаи или Киа, кое во квалитет и изработка е блиску до Акорд, Мондео но поради недостаток на имиџ мора да има пониска цена за да го купуваат луѓе.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #36 на: 25 Јануари 2011, 20:47:32 pm »
Ова е виша наука веќе за мене. Ја се откажувам  :-\

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #37 на: 25 Јануари 2011, 23:58:49 pm »
@deni vo vrska so seldnovo:
Генералниот проблем со корејските возила е тоа што нивните корисници мислат дека се најпаметни и дека сите други се зае*але со нивниот избор. После продавањето на возилото потрошеното ќе дојде на 0, а едниот возел Ц или Мондео, а другиот Киа.
јас имам корејско возило и не мислам дека сум најпаметен толку сум имал пари за парите најдобар избор според мене било тоа возило затоа што муабетот беше на поново возило на старо ама кога видовме дека со цената се приближив од гетзот муабетот испадна друг дека боље е ново не рекол џабе форд дека најдбра кола е нова кола, и јас сум комплетно свесен што возам и какви се можностите и квалитетите на возилото и за парите што сум ги дал сум презадоволен а нормално е тоа дека кога би имал повеќе би купил нешто подобро, кога веќе зборуваш за сопствениците на корејци да ги спомнам и сопствениците на волксваген кои мислат дека се најпаметни и најдобри и мислат дека возат болиди а кутрите под хауба имаат само 80 коњчиња па коа ќе се прокурчат на улица некој со кореец ќе му набие комплекси не е тоа толку битно само сакав да ти напраам една паралела дека како што некои(читај не сите со корејски возила мислат дека се најпаметни ист таков случај имаме и со сопственици на волксваген). друга работа премиум возилата губат да не речам и повеќе од половина од вреднста на старо така што не верувам дека после продавањето ќе си дојдат на исто тој шо возел ц и тој шо возел киа. немој да мислиш дека ги бранам корејците ама многу се плука по нив а од друга страна многу се бранат европските марки.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #38 на: 26 Јануари 2011, 00:05:56 am »
Епа ти имаш Гец, најевропското од корејците. За тие пари е да речеме ок. Ама зборувам за Спортаж, Оптима, Соната итн. Ти текнува? Поголемки коли кои мислиш купуваш лимузина... Или џип!
„Абе нема никаква разлика да ти кажам, исто е како Астра.“ - Сум го чул ова повеќепати, и си ќутам. Кој ќе се расправа за глупости...

П.С. Најскапиот Своч е поскап од најефтиниот Ролекс. Погоди што е подобро...

П.П.С. Kad bi se zanat od gledanje učio, svi zagari bi kasapi bili.
« Последно менување: 26 Јануари 2011, 00:42:21 am Deni »

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #39 на: 26 Јануари 2011, 00:28:57 am »
Епа ти имаш Гец, најевропското од корејците. За тие пари е да речеме ок. Ама зборувам за Спортаж, Оптима, Соната итн. Ти текнува? Поголемки коли кои мислиш купуваш лимузина... Или џип!
„Абе нема никаква разлика да ти кажам, исто е како Астра.“ - Сум го чул ова повеќепати, и си ќутам. Кој ќе се расправа за глупости...

П.С. Најскапиот Своч е поскап од најефтиниот Ролекс. Погоди што е подобро...
епа ете сеа ти шо ми го кажа ова најевропско од корејците можам да дрвам со тоа и да зборам дека возам којзнае каква кола ама си возам кореец и крај како што пежо е француско така и гетз е корејско. и да ми текнуе шо збориш и во право си ама има и такви кои што на пример голф го прават мерцедес или опел е нешто најбоље или пак ланцер е крал на б сегментот итн итн главната причина е во тоа што секој си го фали својот коњ ама некои претеруваат.
п.с. ако не знаеш шо е боље прашај што е поскапо ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #40 на: 26 Јануари 2011, 01:14:06 am »
Епа ти имаш Гец, најевропското од корејците. За тие пари е да речеме ок. Ама зборувам за Спортаж, Оптима, Соната итн. Ти текнува? Поголемки коли кои мислиш купуваш лимузина... Или џип!
„Абе нема никаква разлика да ти кажам, исто е како Астра.“ - Сум го чул ова повеќепати, и си ќутам. Кој ќе се расправа за глупости...

П.С. Најскапиот Своч е поскап од најефтиниот Ролекс. Погоди што е подобро...
епа ете сеа ти шо ми го кажа ова најевропско од корејците можам да дрвам со тоа и да зборам дека возам којзнае каква кола ама си возам кореец и крај како што пежо е француско така и гетз е корејско. и да ми текнуе шо збориш и во право си ама има и такви кои што на пример голф го прават мерцедес или опел е нешто најбоље или пак ланцер е крал на б сегментот итн итн главната причина е во тоа што секој си го фали својот коњ ама некои претеруваат.
п.с. ако не знаеш шо е боље прашај што е поскапо ;)
Тоа се вика Кексуална Дискриминација.
1. Јадеш само Плазма Кекс, а останатите кексови ги сметаш за грозни.
2. Плазма кекс - најскап кекс.

Отсутен Deki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #41 на: 26 Јануари 2011, 11:16:30 am »
и пак дојдовме на истото, ново мондео што го купил човек во 2004 го платил 22000 евра, ист таков купил ауди а4 го платил 30000 евра, е сега кој колку ќе го продаде и колку ќе изгуби, мондеото повеќе од 6000 нема шанси, ауди можи до кај 12000евра, значи тој со мондеото изгубил 16000 евра а тој со ауди 18000 е едниот возел ауди а другиот мондео, парите се главна пречка, исто ко сега некој ке купи киа цид 10400 некој голф 6 14000 кога ќе ги продава по 4 години киата ке ја продај 7000 а голфот 9000, доаѓа со киата ке изгуби 3400 а со голфот 5000 евра, значи секогаш на поголемото повеќе се губи, и од иста марка да се на поло најмалку на пасат најмногу се губи, така да нема правило битно е колку пари имаш и колку парина ти се даваат за возило, и кај настоа важи возам голф, во америка се стопати побогати од нас чичко ми е милионер па вози веракруз хјундаи има и мерцедес али то му е останато од тука ко заминал, американците се збеснаа по корејските и јапонски возила, а се побогати и комотно можат да возат европски коли и за чудо тамо се пониски цените до 30% на европските коли од тука, кај е логиката.
« Последно менување: 26 Јануари 2011, 11:18:04 am Deki »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #42 на: 26 Јануари 2011, 11:33:16 am »
Америка е Америка, заедно со Амерички стандарди. Имаше објаснувано колку е голема разликата од една иста кола предвидена за Америка и за Европа. Верувај неќеш да влезеш во Америчка верзија.

Отсутен Deki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #43 на: 27 Јануари 2011, 12:40:29 pm »
еве го тој турбо мотор што кажуваше гојдо
Одлучено е Kia Sportage да добие нов мотор. Моќниот турбо бензинец T-GDI кој веќе работи во Hyundai Sonata Turbo ќе се вградува и во европската верзија на Sonata, i40, а понатаму ќе го добијат и други модели и на Hyundai и на Kia.

Моторот има зафатнина од 2.0 литри, директно вбризгување на горивото, турбо натполнење и испорачува 274 КС при 6.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 365 Nm расположиви меѓу 1.750 и 4.500 врт/мин

Снагата до сите четири тркала се пренесува преку шест степен автоматски менувач, а просечната потрошувачка според наводите на инженерите на Kia не треба да минува преку 8,0 L/100 km.

Турбо верзијата на Sportage пристигнува на пролет и прво ќе им биде испорачана на купувачите во Канада. На почетокот на летото ќе ја добијат и купувачите во САД, а на есен и европските купувачи.
извор вози мк
изгледа со овој мотор ептен ке ја биде


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Kia Optima 2011
« Одговори #44 на: 27 Јуни 2012, 00:38:50 am »
Epic post bump from hell!

Не сакав да почнувам нова тема, кога памтам дека веќе имаме.

Како и да е, на тест ја имаме новата Optima опремена со 1.7 литарски турбодизел мотор и 136 коњски сили и средно ниво на опрема (Business).

Ако нешто ве интересира, пуцајте.