Автор Тема: Нов автомобил до 15 000 ~ 17 000 евра, совети, предлози, искуства  (Прочитано 11756 пати)

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3017
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
И јас би играл така, затоа треба да се иде на лице место и да се напраи муабет, а не само преку интернет и листање ценовници. Туку, имаше спомнато и мазда, па нели имаше сеа некои мазди тест возила што се на продажба, или тоа беа само 6ки?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Moндео ако успее да се исценка за 17 топ.

Абе S-klasse.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Самиот си ги наброја најдобрите, голф и фокус (цитроенот, е ок, ама во ова друштво НЕ)
Е сеа, еден предлог кон тебе. Викаш имаш приватен бизнис. Доколку би можел, колата да си ја земеш на име на фирма тогаш си у win win ситуација! Повраток на данок ова она, цените што ги гледаш рачунаш - 1500/2000 евра на цената што ќе ја добиеш! Незнм дали си размислувл на ова, ама е најдобрата опција.

исто наместо ц4ката во случајов требало да дојде Опел Астра



Според ценовникот можеби би можел да извадиш 1.7 цдти со ок опрема :)
Според твоите критериуми ова би било исто океј ауто

Исто си пропуштил и Меган, кој според ценовникот ти иде ептен во прилог. 1.5 дци го земаш со одлична опрема без мака, а можда имаш шанас да земеш и 1.9 дци доколку би се одлучил на тоа. Ова е ептен сериозен кандидат!



Мислам најубаво би било да ја замениш ц4ката со овие два (пошто пежо 308 или леон тешко за овие пари) и да видиш кој ќе даде најубава понуда директно во салон

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1854
  • Renault Megane R26
На патничко возило колку што знам неможе да го користи данокот ;)

Со добро пазарење може да се земе солидно опремен Меган фејслифт со 1.5 дизел.1.9 веќе не иде во меган,сега иде 1.6 130кс и во некој понормални држави носат и 2.0 165кс :)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Може, може. затоа и пишав. Штом си има негова фирма, колата ја купува на фирма :) и после сам на себе ќе си даде полномошно нели :D нема везе патничко или комерцијално :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Тоа може, не може да го врати данокот.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14031
  • Пудингот на шоферството
Не сум сигурен,односно мислам дека данок се одбива само на товарни,на патничко нема шанси(затоа и фирмите за комерцијалистите купуваат ван возила без задни седишта)...
Плус не би препорачал да ја пиши на фирма,300 глупости има,казните се 3х повисоки итн.итн...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5711
  • Почесен кинез.
Подобар избор е Рено Меган. Најдобриот и најиздржливиот мотор го има. 1.5 дци со 105 коња ако се прави тоа е моторот.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1854
  • Renault Megane R26
Колата ќе си ја купи на фирма,тоа не е проблем ама тие 18% ддв не може да ги користи како кај комерцијално возило.Има поволности од типот,може да користи гориво на сметка на фирма,амортизација,сервиси,регистрација и сл.Во овие случаи ќе го користи данокот а не во старт со тие 18%
Ти го кажувам ова како дипломиран економист кои е засегнат со оваа тематика.Во фирма имаме 2 комерцијални и 4ри патнички и знам како одат работите ;)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Мхм се извињавам моја грешка :) у право си да :)
Ништо ако може леон или голф дизел супер, ако не меган да се лапа :D

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1854
  • Renault Megane R26
Најдобро да си отиде во сите салони,прво да ги проба сите возила,па после да напраи муабет да се испазари здраво и на крај да си реши за тоа што ги исполнува неговите услови.Џабе дискутираме тука ако него не му легне возилото од прва и ако не му напраи ќеиф :)

Мој совет е кај сите да прашаш дали имаат тест возило за продавање,ако не ти е проблем да купиш возило со неколку иљади километри и неколку месеци старо ;)

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Најдобро да си отиде во сите салони,прво да ги проба сите возила,па после да напраи муабет да се испазари здраво и на крај да си реши за тоа што ги исполнува неговите услови.Џабе дискутираме тука ако него не му легне возилото од прва и ако не му напраи ќеиф :)

Мој совет е кај сите да прашаш дали имаат тест возило за продавање,ако не ти е проблем да купиш возило со неколку иљади километри и неколку месеци старо ;)

Потполно се согласува со бушав, ако можеш да најдеш тест возило, супер е опремено и ќе го земеш за доста поевтино... А ако сакаш стриктно ново, види, разгледај пробај да се изценкаш, па пиши ги твоите импресии, цените па после ќе се види што највише вреди да се купи... Јас би ти предложил цитроен ц5, значи тоа ти е сепак класа на кола, моментално понуда со многу опрема 1.6 хди 110кс дизел мотор кој е таман за возилово и за во град и за на отворен пат, економичен и јак и се тоа за 18.990 но за во кеш верувам дека ќе добиеш добар попуст барем до кај 17.ххх... Јас би играл на таа карта или би се размислил од овде нешто http://www.peugeot.com.mk/vozila/koristeni-vozila, поточно би се размислил помеѓу пежо 308 новото со 800км или 2008 со 8.250 км двата со 1.6 хди дизел мотор и со опрема, фала богу овој предлог е ако не ти сметаат неколку илјади километри или неколку стотина километри... :)

Едит: Башка на овие користениве мора да падне некој добар попуст, затоа што ги фураат малце цениве овие, пример 2008 нова со таа опрема е 18.400 со ценкање ќе ја земеш за 17.500 па и подоле, а овие возена 17.000, па мислам и за 15.500 може да ти ja дадат затоа што толку би вредело реално...  :D
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3017
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Вака повеќе глави коа размислуваат стварно е подобро. Ептен избор има, не знам зашто се ограничил на Голф, Ц4 и Фокус. Мислам дека со муабет у салон дека до толку и толку пари ти треба дизел возило со таа и таа опрема при што би назначил дека би отишол кај конкуренцијата во случај да не ти се допаѓа понудата и те како би се потрудиле да те добијат како купувач, односно да ти понудат добра цена. Земи си слободен ден од работа и прошетај си се низ салоните и најбитната работа, побарај тест возило, провози, спореди, сепак се работи за нова кола која што како што си напомнал ќе ја користиш следните 10 години.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1470
Убаво кажа Kими , земи си слободен ден и разгледај убаво , пробај , повози тест возила ,  па одлучи . Ако парите ги имаш во кеш , рачунај дека од таа "последна цена" што ќе ти ја понудат , ќе можеш уште повеќе да им спуштиш . Новата астра со active опрема и 1.6 115 кс мотор + плин ја даваа за нешто над 15.000 . Јас на твое место би гледал некое тест возило да соберам  , бидејќи тест возилата најчесто го имаат најјакиот пакет на опрема и се доста поевтини + регистрирани се :)
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен b3nd0

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Најпрво, да се извинам отворам тема и нигде ме нема, не бев присутен овие два дена во МК, Ви благодарам на сите за понудените совети, многу корисни кои ќе ги употребам при купување. Го проширив мојот спектар на гледање во однос на она што почетно го имав зацртано. Добив интересни понуди кои секако ќе ги разгледам на лице место, во салон, а ќе побарам помош и лично на некој од вас тука, како што конкретно @zeroSignal ми посочи, сепак немам претходно искуство како вас, па најдобро би било вака заедно да го решиме. Иначе што се однесува до изборов Ц4-ката би ја исфрлил од конкуренција, (иако заборавив да споменам дека само неа ја посетив во салон неодамна) со оглед на тоа што и не беа баш многу расположени за ценкање, основниот дизел веќе бил на попуст со 13 900е односно 14 200е со 16" , а Seduction e-HDi 1.6 115 BVM6 кој е со основна цена од 18 490e ми го оставаат за 17 000е со металик односно 16 600 без, што сметам дека е многу за такво возило. Сепак најдобро ќе биде да одвојам ден-два слободни, па да ве исконтактирам кој кога е слободен. Одбирам, капарисвам, па частам.

Мој совет е кај сите да прашаш дали имаат тест возило за продавање,ако не ти е проблем да купиш возило со неколку иљади километри и неколку месеци старо ;)
Потполно се согласува со бушав, ако можеш да најдеш тест возило, супер е опремено и ќе го земеш за доста поевтино... А ако сакаш стриктно ново, види, разгледај пробај да се изценкаш, па пиши ги твоите импресии, цените па после ќе се види што највише вреди да се купи... Јас би ти предложил цитроен ц5, значи тоа ти е сепак класа на кола, моментално понуда со многу опрема 1.6 хди 110кс дизел мотор кој е таман за возилово и за во град и за на отворен пат, економичен и јак и се тоа за 18.990 но за во кеш верувам дека ќе добиеш добар попуст барем до кај 17.ххх... Јас би играл на таа карта или би се размислил од овде нешто http://www.peugeot.com.mk/vozila/koristeni-vozila, поточно би се размислил помеѓу пежо 308 новото со 800км или 2008 со 8.250 км двата со 1.6 хди дизел мотор и со опрема, фала богу овој предлог е ако не ти сметаат неколку илјади километри или неколку стотина километри... :)

Едит: Башка на овие користениве мора да падне некој добар попуст, затоа што ги фураат малце цениве овие, пример 2008 нова со таа опрема е 18.400 со ценкање ќе ја земеш за 17.500 па и подоле, а овие возена 17.000, па мислам и за 15.500 може да ти ja дадат затоа што толку би вредело реално...  :D

Не ми смета ако е тест возило воопшто, напротив, ми падна во очи 2008-кава, се мислам каква вожња дава со толку мала потрошувачка како му што стои на хартија.
Ц5 веќе е од повисоката класа - седан,за која не сум заинтересиран. Хечбек компакт (small family) е онаа во која се ориентирам.