Момци, другари, вака најпрво, со оглед на тоа што зад мене веќе имам едно мислење на форумот и тоа на темата
Добредојдовте.. и фактот што моето членство тука не датира од вчера што се вика.. него од денес, мислам дека имам се што е потребно да отворам и тема.

Не сега озбилно, шала на страна, доколку ги немам тие привилегии односно доколку администраторите сметаат дека нема потреба од ваква тема, слободно префлете во некоја од темите за која сметате дека е адекватна за ваков тип на прашања, совети и сл.
Иначе како што претходно напоменав ве пратам доста време, а имам и претходно искуство од КГН форумот така да горе - доле знам како стојат работите во поглед правила и начинот на функционирање.
Сега да пpеминам на главното или она што ме натера пред се да ја отворам оваа тема.
Се работи за совет при избор на нов автомобил кој би чинел до/околу таа вредност која е прецизирана во насловот, значи грубо кола до 15 000 евра, со отстапки за нешто подобро/поквалитетно до 17 000 евра како некоја крајна цена.
Конкретно за мојот случај, значи се дво/тро-умам, барам совет за кола која ќе ми биде најдобро решение за подолг период, еве да речеме некои 10тина години. Пред се' многу битни фактори кои можат да бидат и клучни, ми се:
-
економичноста на тоа возило во поглед потрошувачката на гориво (значи, исклучиво дизел мотор) затоа што многу често сум во кола (приватен бизнис) најчесто кратки релации но секојдневни,
-
квалитетот - истрајноста на тоа возило,
-
комфорт - пред се мислам на возило кое е и воедно фамилијарно (за едно 4 члено семејство, здравје понатака, на хартија тоа

) и
-
сигурност нормално.
-
возни способности, средства, опрема.. итн. не многу битни детаљи
Значи, сума сумарум, барам -
All round компакт возило.
Во потесниот круг ми останаа како што спомнав погоре, 3 фаворити, нормално секој со свои предности и недостатоци, и тие се:
1. WV Golf Mk7
2. Citroën C4
3. Ford Focus

1. Фаворит број 1 односно желба секако ми е голфот, a како недостаток во мојов случај - напоменувам заради лимитот со финансиските средства, ќе ја истакнам нормалнo високата цена за дизел моторите, реално во досег би можел(?) да ми биде само основниот дизел мотор 1.6 TDI 90 ks кој има цена 19500 евра. Сега незнам колку и дали воопшто може нешто да ми спуштат попуст, со оглед дека и на основниот бензинец 1.2 TSI 85 беше 16 750е па е сега на попуст 14 990е, очекувам да ми дадат некој попуст за плаќање во готово. Немам никакво претходно искуство со купување на нова кола од салон, па оттука и незнам како оди спуштањето на цена, едно е сигурно, ако успеам да го земам 1.6 ТDi некако на мускули супер, ако не, односно не ми спуштат некоја прифатлива цена, нивна грешка

, продолжувам понатака во "соседниот" салон кон фаворитот под реден број 2.
2. Кај Цитроенот симпатичен ми е изгледот, големината и големиот комфорт внатре. Реално најсимпатична ми е цената. Како други предности и недостатоци ќе оставам на вас да ми помогнете, и не сум баш многу голем познавач.

3. Фокусот, повеќе ми е како резервна варијанта на овие два, најмногу пред се' поради тоа што најмалку ме привлекува на изглед па и најмалку се интересирав за него за да добијам некоја повратна посебна карактеристика што би ме предомислила. Од "муабети" и ревјуа читам као имал најдобра вожња или како што "љубат" да истакнат автомобилските критичари е најзабавен за возење, што и не ми менува нешто ригорзно во она што го имам зацртано како главни атрибути во изборот на најдобар автомобил за тие пари.
Мислам дека ова би било сосема доволно, за тоа каков автомобил сакам.
Чекај, да не се разбереме погрешно, јас сакам Јагуар или Мерцедес, може и Мазда*, ама овде се работи за она што реално може да си дозволам. Сепак да се придржаваме на оваа тема која воедно може да служи понатака и за сите други кои се заинтересирани за автомобил до
15000 евра и нешто плус, кон она народното "колку пари, толку музика".
Секаков предлог, совет, знаење, искуство е добредојдено.
Ќе ги замолам администраторите/модераторите ако може и анкета да стават.
Ајде сега навалете.
*Очекувам доста мислења околу новата мазда 3, штета што оној модел кој ми е во досег е бензинец, а од друга страна и мислам дека е повисока класа и нема што да барам, мада има убитачен изглед.