Зошто вака ги објавија резултатите?
Не знам. Минативе неколку години се организира возење низ источна Македонија со финалистите, да имаат можност и другите новинари да ги повозат сите на купче и да споредат. Годинава немаше ништо - претпоставувам дека е заради намалување трошоци. Со сигурност знам дека учесниците не си ја плаќаат котизацијата (10.000 мкд по возило), па може и заради тоа е.
Како и да е, ќе се распрашам. И јас сум изненаден.
Иначе, котизација за АутоБест наградата (што годинава ја доби Hyundai i10) е 5000 EUR по возило, а правото за користење на името и логото за победникот во период од една година е 40.000 евра.
ЕДИТ: Сега во официјалната објава за печат видов дека во жирито веќе не е член Зоран Коцев, човекот кој е втор автомобилски новинар во државава (после Томислав Биљарац, кој го има основано Авто+ пред 20 години) и кој беше уредник на Авто+ добри 10-тина години. Неодамна премина во АвтоМагазин по некои фрки во Авто+.
Не знам што се случило и зошто веќе не е во жирито - дали сам напуштил или го избркале. Знам дека многу долго е трн во очи на многу луѓе, а човекот беше столб на целиот избор. Без него веќе сериозно би се сомневал во валидноста, особено во изборот на *кхм* SUV.