На почетокот имав проблеми со Winamp затоа што работеше само како администратор, ама одма му најдов замена. Потоа мислам дека го средија, одкако искочи Виста, сега веќе секој софтвер би требало да може да работи од обичен корисник. За тие неколку што не работат, ќе мораш да ги палиш како администратор.
Уште на XP си го имав наместено така системот. Кај 7 и 8 ова веќе е автоматски подесено, во C:\Users добро се поставени правилата за пристап, не мора да правиш run as admin, сам си го повикува ако му треба и ред други подобрувања. Само треба да го активирате администраторскиот корисник и вашиот да го направите да биде обичен.
Ако малку се разбирате и делите компјутер со други, вреди да се намести вака, ќе избегнете многу нервози поради туѓи несовесни акции. Од Виста па навака, Микрософт го препорачува ова поради зголемување на безбедноста.
Ова го правам откако почнав да работам на Линукс и се навикнав на таа изолација на корисниците. Таму системот се обидува да те спречи да работиш како администратор, освен ако не е неопходно. Еве како изгледаше позадината кога ќе се логираш како root(Администратор за тие што не знаат), за да те потсети дека се што правиш од тука може да има последици кон целиот систем.