Автор Тема: Renault Twingo 1995  (Прочитано 9195 пати)

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Renault Twingo 1995
« на: 03 Февруари 2014, 10:42:24 am »
Е па ете земав Renault Twingo 1995 година е и регистрирано уште некој ден :)
Секаква помош и предлози се добредојдени.
Значи: препорака за мајстор за моторот и механиката, подготовка за регистрација, станица за технички, делови, кое масло за моторот, кој антифриз, кој глицерин, гуми...?
Сметајте како да сум почетник и имајте предвид дека сум обелен во главата и колата ми е главно да ме однесе и врати од Скопјево до некоја точка низ Македонија.
Ова е тоа:
лево крило малку чукнато, мислам лепенка да ставам



воланот е подизлупен, а сегашнава навлака така ја наследив. Не знам дали е подобро половен волан или нешто што читам репарирање, или пак само подобра навлака е најразумна опција.


капачево на отворот за додавање масло ми мати памети, очигледно не е негово, клапа, лесно се вади-става како чаша да е :)

ова кабелче е кај десниот фар, а не гледам каде би требало да оди, поим немам зошто би било, а малку подесно на сликата се гледа демек со ланче бил моторот и тоа било доброто :)

акумулаторот, чисто за да научам, можеби овие ознаките значат нешто и може некаде да се прочита кое годиште е, иако сега за сега пали без проблем

еве го одблиску вдлабнатото


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #1 на: 03 Февруари 2014, 11:05:55 am »
Си има работа на твингово...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #2 на: 03 Февруари 2014, 11:15:25 am »
Има има и тоа не малку, мајстор околу механиката би ти го препорачал сервис Нико 1 кој се наоѓа позади големиот паркинг кај Холидеј Ин. За лимарски делови и останати тракатанци прошетај се до плацот кој се наоѓа на патот за накај косово кај бензинската што личи на Лук Оил.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #3 на: 03 Февруари 2014, 12:09:22 pm »
делови можеш да побараш во Радишани на самиот почеток на стариот пат, а можеш и во Орман т.е накај Косово после бензинската од лева страна се спушташ надоле и од десна страна ти доаѓа

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #4 на: 03 Февруари 2014, 12:22:19 pm »
@Simo - да тркала до целта.
@Prcot - за сервис Нико 1 добив препорака и приватно, па веројатно тој ќе биде изборот.
@Peconi - за Радишани ми го спомнаа, а и ова во Орман ми изгледа блиску од кај мене (позади Мида сум).

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #5 на: 03 Февруари 2014, 12:26:31 pm »
Со здравје да си го возиш,за средување полека полека ќе го средиш.Масло филтри,гуми ако се слаби менувај,провери од долу јабучици и сл...  и вози.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #6 на: 03 Февруари 2014, 12:28:57 pm »
@Strumjan, јас вака би одиграл:

Прво би средил механички се` да биде во најдобар ред. Кочници, подвозје, мотор.
Потоа би земал нови гуми (и ова некако во прво, ама ај нека биде второ), и би ги исправил тие бандаши
Трето, би земал бампер спреј, една шмиргла, и сам би си ги средил браниците, не е тешко.
Четврто, би го подисправил и подзаштитил тоа чукнатото крило, па кога ќе се собере некое денарче би ја средил целосно каросеритјата.



Али, најпрво, најпрво од се! Една дезинфекција, дензинсекција и дератизација би напраил на цела кола :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #7 на: 03 Февруари 2014, 12:32:18 pm »
Другарче ако не е тајна колку го плати?

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #8 на: 03 Февруари 2014, 13:09:14 pm »
@MecheTo - не брзам никаде :)
@Simo-Carrier166 - Редоследот е сличен, за браниците се надевам тука да најдам некое упатство/искуство, а ддд е во план, ама некако ладно ми е сега :)
@Achtung - 500 евра во наши пари :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #9 на: 03 Февруари 2014, 14:35:55 pm »
Добро е за парите.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6845
  • French diamond
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #10 на: 03 Февруари 2014, 14:45:10 pm »
Со здравје да се вози, капачето како што најдов по интернет изгледа е фабричкото



А тоа кабелчето провери дали свети жмигавецот на таа страна, како од него ми делува џекчето.

Масло јас би ти препорачал Elf Competition 10w-40, ама сепак нека видат по каталог тој што има какво треба поточно.

Еве нешто за браникот

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,8024.0.html

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #11 на: 03 Февруари 2014, 14:59:35 pm »
@N1kola - ме чуди што е толку лабаво, ни навој ни бутур, а инаку според сликава дефинитивно е истото.
Трепкачот си работи, мислам, ама ај после пак ќе проверам.
Масло Elf препорачал и производителот на хаубата, само не пишале кој вид, а каде може да се најде?
Тој спрејот за браници е во боја или...? Оти овие се избледени сиви, а сакам црни да станат ако е можно со тој спреј :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7386
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #12 на: 03 Февруари 2014, 15:15:28 pm »
Добредојде :) Со тек на време, ќе го средиш количето полека полека.. советите од погоре мислам ќе ти користат.

Еве јас како го средив мојот браник...

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,8024.0.html

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #13 на: 03 Февруари 2014, 15:29:29 pm »
@Спенсер - фала, ќе биде според твојата постапка или слично, само уште одговор на прашањето од погоре за боите :)

Отсутен Antonio

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 397
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #14 на: 03 Февруари 2014, 17:05:31 pm »
Немаше некој др избор ???