Автор Тема: Renault Twingo 1995  (Прочитано 9110 пати)

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #30 на: 15 Февруари 2014, 20:59:25 pm »
@Vlatce-Punto - за ова „момче“ треба пиво :) Водоотпорен е маркерот, да. За полирање, има многу драски, па ќе дојде на ред и фарбање, ама прво да дојдат пари...
@Deni - и тука е прв мотор и 274500 има до сега :)

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #31 на: 15 Февруари 2014, 21:28:20 pm »
инспирација  ;D


Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #32 на: 15 Февруари 2014, 21:31:58 pm »
@Pistorij - не сум по спуштените коли, повеќе ме привлекува теренски изглед, но сепак, најмногу ме привлекува ова :)

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #33 на: 15 Февруари 2014, 21:38:44 pm »
Аиии хахаха во секое твинго е вака :) :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #34 на: 15 Февруари 2014, 21:41:14 pm »
@Skorpion - вистинска кола за вредни луѓе :)

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #35 на: 15 Февруари 2014, 21:42:55 pm »
не е воопшто спуштена ама твојава дефинитивно е :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #36 на: 22 Септември 2015, 02:35:26 am »
@Pistorij - не сум по спуштените коли, повеќе ме привлекува теренски изглед, но сепак, најмногу ме привлекува ова :)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

аиииии... не ме зезај еј... браво... кој би очекувал од едно мало количе како твинго, ваков комодитет да доживееш, екстремно потребен во одредени ситуации... :)

младиќу, очигледно добар ти е изборот... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #37 на: 19 Септември 2016, 20:41:34 pm »
Твиги си доби нов ауспух од кај Горан Николов Дизна https://www.facebook.com/goran.d.nikolov?fref=ts
Некои го имаа препорачано тука на форумот па ете фала до сите кои го спомнале.
Јас сум задоволен и го препорачувам на сите кои имаат потреба од таква услуга.

(edit)
Еве ја и локацијата, баш таму кај моторите :)
https://goo.gl/maps/k9rumYnBDKz

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Одг: Renault Twingo 1995
« Одговори #38 на: 10 Октомври 2016, 23:59:22 pm »
Твиги си има дигитален брзиномер и тој си свети вака кога се исклучени светлата:

е кога ќе се вклучат светлата, оти мисли дека е ноќ го намалува осветлувањето на брзиномерот, па тоа изгледа вака на сенка:

а кога бие сонце во него не се гледа буквално ништо ни кога е застаната колата не пак во возење.
Читав и најдов дека другите овој проблем си го решиле со промена на сијаличките кои позадински го осветлуваат брзиномерот. Имено ги менуваат со лед сијалички кои се отпорни на намалувањето на напонот при вклучување на светлата на колата.
Си ги најдов сијаличките и си ги нарачав од тука:
https://www.aliexpress.com/item/10pcs-Bright-White-B8-5D-B8-5-T5-LED-509T-Car-Led-Gauge-1SMD-5050-Led/32357417193.html?spm=2114.13010608.0.0.vIBMcS
По две недели си стигнаа сијаличките на домашна адреса и во неделата си фатив да ги менувам. Постапката одеше вака:
Ова е брзиномерот и неговата маска која се вади со отштрафување на три штрафа (двата се гледаат лево и десно, а средниот доаѓа точно на средина па не се гледа од тоа мирисчето):

Откако ја извадив маската си реков чек да сликнам како изгледа брзиномерот без вклучени светла:

и со вклучени светла:

Може да се види дека и самиот брзиномер се држи на три штрафа:

кои мора да ги отштрафите за да дојдете до трите сијалички (кај поновите модели се четири) кои се наоѓаат на задната страна:

Еве како изгледаат сијаличките, лево е новата лед, десно старата:

Во мојот случај требаше малку повнимателно да се внесат ледот затоа што кнап доаѓаат со отворот оти се пошироки од обичните, но затоа дојдоа 10 во пакетот па можеше 1-2 да отидат јабана :)
По ставањето на сијаличките осветлувањето на брзиномерот со исклучени светла изгледаше вака?

а со вклучени вака:

Исто де :)
По враќањето на маската брзиномерот со исклучени светла изгледаше вака:

а со вклучени светла вака:

Исто де :)
Јас сум задоволен како испадна, сега нормално си ја гледам брзината без никаков напор. Наместо овие со бела светлина можеби требаше да земам лед со жолта светлина, можеби е попријатна за очи, ама оти првпат не ми се ризикуваше, па одев на сигурно. Сега кога знам како е и дека целата постапка траеше петнаесеттина минути можам да си нарачам и жолти од чичко Али :)