Вчера вечер се правеа проби со инсталацијата, со приклучен исправљач за пунење акумулатор,
и тоа по мракот да видиме каде сме ја згрешиле инсталацијата, и реално да го направевме тоа со
акумулатор нешто ќе изгореше, така да препорачувам проби само со исправљач.
Една од грешките беше, сноп од жици кои треба да одат на маса, беа на +
Друга грешка беше и не ја елиминиравме вчера, ама денес ќе биде, е светењето на греачите нон стоп,
пак е по грешка некоја маса закачена.
Третата и најлоша грешка е CODE KEY свети тоа жутото сијаличе, и потенцијалниот проблем
можеби е во пад на напон, пошто од 50 пати давање контакт, два пати се изгаси сијаличето.
Одкога ќе ги отклониме другите грешки, ставаме акумулатор и правиме проба.
Инаку со штекер на бензинската пумпа и 12 Волти го испразнивме резервоарот од Бензин, па
ќе му ставиме конечно нафта да го напуниме системот и филтерот за нафта.
Дали има некој што може да го тргне имобилајзерот?