Конечно решен проблемот со гасењето на моторот, што го барав сигурно 2 месеци,
и како викаат: кога ќе си влезеш у некој филм, нели, никој не може да те извади од филмот.
Еве што се случило:
Во сета таа работа што се одвиваше при склапањето на инсталацијата, едноставно видов дека
штекерот на бензинската пумпа во резервоарот пасува, на новата инсталација, воедно и пловакот
покажува точно, го штекнавме, контакт - Има ли нафта? - Има, добро е има притисок, ќе запали вака!
И запали ама по некое време гасеше, мењавме сензори, незнам што и накрај се испостави дека самите
бензински пумпи се тотално различни на довод и поврат на гориво.
По препорака на Стерио, го заменив пловакот со одредени модификации, (пошто беше поширок).
ги преспоив цревата, и конечно моторот пали убаво и многу мирно работи, без да сецка или да угаси.
Целата глупост е во тоа што повратното црево кај дизелот треба да биде веднаш до доводното и при
поврат на гориво, да не прави меури од воздух, а кај бензинскиот мотор, овој систем бар кај GTV е различен.
Edit: Позитивно од сето ова е дека ги изчистив сите сензори, и сега убаво прима до 5000 обртаи.