Одлична беше трката, секоја чест за Мерцедес, позитивно е што за разлика од времето на Ред Бул, овде гледаме отворена борба без тимски наредби и педерски моменти, негатвно е тоа што се многу подоминанти од Ред Бул во нивното време и не гледам како некој може да ги загрози.
Ферари се смешни, делуваат како Торо Росо, жал ми е за Кими пошто како негов навивач, криво ми е да го гледам како го претицуваат без проблем, а што е до него не може ништо да направи. Тркава беше супер, тоа што Ферари се лоши не значи дека било досадно, јеби га нова ера не се снајдоа најдобро, се надевам дека во текот на сезоната ќе средат некои работи, па ќе бидат конкурентни за подиум и нема гзот да им биде исплескан од Вилијамс и Форс Индија.
Малдонадо е луд, како му влезе на Гутиерез, ко на душман. Ни две ни три, директива у него. Треба да ти фали нешто у паметот за таков потег, а и не му ни прв. Барем направи да биде интересно
Ќе заборавев да пишам дека Мерцедес имаат шампионски дух, имаат многу добра и позитивна атмосфера во тимот и помеѓу возачите. Се надевам дека нема да си ја расипат сликата, иако не сум нивни навивач баш поради тие причини ми се симпатичен тим и не ми сметаат што доминираат. Последен пат ваква убава атмосфера во Ф1 во шампионски тим имаше во Ферари во 2007ма и 2008ма година, додека тимски колеги беа Кими и Маса.
п.с. се извинувам за дупли пост.