Кај нашиот прост народец најубаво поминува Мишелин, па затоа препродавачиве си дозволуваат да ги дерат. Ако малку почнеш да истражуваш и разгледаш критики, повозиш разно-разни гуми ќе дојдеш до некој по-оптимален и подобар избор како во квалитет така и во пари.
На пример, јас имам зимски Мишелин Алпин ХП, а на стариот му монтирав Сава Ескимо. Одговорно тврдам дека Ескимото е забележително подобра зимска гума од Алпин ХП, иако Алпин ХП е буквално дупло поскапа. Што се однесува до брендовите, имам возено повеќе модели на Гуд Ијр, Данлоп, Мишелин, Континентал, Бриџстоун, Пирели и сега за прв пат Тојо. Најлош квалитет и вожња без конкуренција имале Данлоп, а особено моделите SP15 и SP2000. Потоа по лоша вожња имаат Пирели, па Гуд Ијр, па Континентал, па Бриџстоун, на крај Мишелин. Додуша не секој Мишелин бил така добар, но во принцип нај-ок гуми имале. Гуд Ијр возев на Фиестата и на Мерцедесот, не се сеќавам кои модели, меѓутоа не ми оставија впечаток. На фиестата најдобри гуми кои ги возев беа Мишелин Енерџи Сејвер, кои беа релативно тивки, комфорни и се лепеа неспоредливо подобро одошто ѓубрето SP15.
За Маздава имам и летни Континентал кои се недораснати во однос на Тојо кога станува збор за возните карактеристики, мекоста и комфорот, и покрај тоа што се повисоко-профилни 195/65R15 наспроти 205/55R16. Дури добив и впечаток дека C1S се покомфорни од зимски Alpin HP 195/55R15. За перформансите на C1S ми потврди и еден мој другар кој има Леон 2008 со спортско подвозје, суспензија и други тинтири-минтири. Возеше Контиентал, а сега стави C1S. Дечкото даде мнгоу позитивни критики, а исто како мене првично беше решен да купи Primacy HP, но јас го разубедив и си зема C1S. Понатаму, прашај го Гугле како се лепи Маздата на кривини и кои беа неговите коментари без ништо ниту да го прашам, ниту пак да збориме за гуми. Прашај го и Денде, како стојат C1S во однос на ѓубрето SP2000 од Dunlop која наводно треба да е премиум гума...