Убава цел си имал, се е до километрите, ако поминуваш до 15000 км бензин, над 15000км дизел до компакт класата, нагоре повеќе се исплаќа по мое мислење дизел, е сега ако имаш доволно пари во старт плус 2000-3000 евра со овие цени најдобро би ти било да си земеш дизел, сите се со турбо, имаат подобри меѓузабрзувања односно подобри се за претекнување, ама кај нас знаеш како е ако имаш 10000 евра за корса бензин, и ако треба да додадиш уште 2000 за дизел тогаш ќе си речиш подобро да земам форд фокус, астра, лансер бензин отколку корса дизел, меѓу кои сум и јас, а за настаро кое е во подобра состојба, дизел на старо ти е многу поопасна работа од бензин, турбо, бош пумпа, а со квалитетот на нашите горива можиш да замислиш.