Ае да ажурирам прикаска. На крај испадна најдобро што можеше од ваква ситуација
Тие од М-Кар се јавиле, не можеле да одработат интервенција веднаш, ми предложиле да го оставам кај нив на паркинг до сабајле и тогаш да се поправа...
За АМСМ можеби не напишав добро. Шлеп служба работи 24/7 ваљда, ама сервисот беше само до 4.
Ениху, Дамјан од форум ми препорача Даим дека биле достапни да работат веднаш.
Да се среди колку може и продожни со патување, да не се расипува боза и благо од Апче
Дојде шлеп од АМСМ и ме однесоа до Даим. Додека ја качивме колата на дизалица си отидоа од АМСМ.
Ни за пиво парички не им дадов да му ебам.
Извадиле inner fender (внатрешен браник?), така едно 1м долго парче гумено пластична заебанција, баш ова од слика
http://my.is/forums/attachments/f221/318-tutorial-how-shave-your-fender-mini-grinding2.jpgи уште неколку тврди пластични делчиња помали
Мислев дека тоа што отпадна е air intake pipe, но подоцна го видов тоа на своето место а ова што се заебало било нешто друго. Ми се чини дека е нешто за воздухот да го однесе накај долниот дел... сеедно изгледа не е толку важно, штом без проблем поминавме 400+ километри.
Уствари капка некое масло/уље од амортизер ама решивме да продолжиме сепак со патување, ќе го носиме на детална поправка утре.
Некаква водичка течеше само додека чекавме на авто пат, потоа таму во сервисот немаше вода.
И да, браникот со нитни го закачиле да држи добро и толку беше...
Значи во Даим за 20 минути досредено за пат.
Пред да стасаме таму на гугл пребарување најдов само under construction страница, гледам возиме некаде надвор од град во ПМ, си викам ова ќе биде интересно...
Испадна профи сервисот, голем простор, убаво уредено, чисто, 10тина дечки...
За крај, уште еднаш... Фала Дамјан!