Автор Тема: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !  (Прочитано 91247 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4921
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #135 на: 24 Јануари 2023, 20:22:22 pm »
Пали сеа да ја спо*бсм, сабајле на плин ја запалив дирек,  па проработе и на бензин,  после уште еднаш затаи на граница и  толку,  сеа гајле нема како ништо да не било. Сабајле ќе видам на ладна кола дали има нешто мака пак или некој гремлин беше.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13472
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #136 на: 24 Јануари 2023, 21:45:28 pm »
Однесија кај Менде. Шо си ја чукаш глата.

Отсутен Mvrik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #137 на: 30 Јануари 2023, 09:31:04 am »
Другари, помагајте.

Вчеравечер се враќам од на гости накај кола, и го ставам клучот у брава и не се отклучуваше вратата. Што е најтрагично, се врти дупката од бравата бескрајно, а дури и далечинскиот клуч не функционира.. Сега пуштам пораки, дур барам чаре како да го средам ова. Колата не се отклучува, се мислам за шлеп служба и да ја однесам на сервис, ама што би можеле таму да направат?


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13472
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #138 на: 30 Јануари 2023, 09:36:31 am »
Другари, помагајте.

Вчеравечер се враќам од на гости накај кола, и го ставам клучот у брава и не се отклучуваше вратата. Што е најтрагично, се врти дупката од бравата бескрајно, а дури и далечинскиот клуч не функционира.. Сега пуштам пораки, дур барам чаре како да го средам ова. Колата не се отклучува, се мислам за шлеп служба и да ја однесам на сервис, ама што би можеле таму да направат?



Совозачка врата? Багажник не се отвора ли?

Ако нема чаре, кршење стакло. Ако имаш помало стакло кај ретровизор од таму ќе кршеш. Прво осигурај се да најдеш такво стакло пред да кршиш.


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4921
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #139 на: 30 Јануари 2023, 10:05:03 am »
Викни клучар,  ќе те закрпат 1500/2000+ ден, без кршење, ако е поефтина кола,  ако се наоѓа стакло за ефтинк пари  крши.
-Втора опција шо ја имам  јас  напраено на кола  и ако има дугме за централно на маска е ќе фатиш да тргаш на горниот ќош на вратата, дур тргаш некој да  подтурни нешто по можност конусно во отворот што ќе се  створи,  како шо тргаш така нека подтурнува.  Ако се направи доволно простор со нешто танко и долго  ќе го притиснеш дугмето( јас на одмор со тие шипките од шатор  завршив работа.  Ако нема дугме тогаш некој тељ или закачалка растури и пробај да ја фатиш бравата од  внатре.
-Трета опција е да пробаш на стаклото со рацете,  ама тешко ако е новичка кола, на стари се турка надолу,  ако не барај вакуми за стакла носење залепи ги и туркај надолу. Ако не најдиш барај нешто шо имаш со вакум,  држачи за телефон/таблет на шофершајбна и сл. Краен случај онакви за одзатнување шољА,  ма да мислам дека ќе мрдаат тие.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mvrik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #140 на: 30 Јануари 2023, 10:37:23 am »
Се чув со клучар, на лице место ќе дојде и ќе среди, 1500 ден е услугата ако затреба некому.

Фала ви на препораките :)

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1589
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #141 на: 30 Јануари 2023, 11:00:12 am »
Пушти бројче од клучарот и град нека стои тука на некој ако затреба ургнетно побрзо да се снајде

Отсутен Mvrik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #142 на: 30 Јануари 2023, 11:15:18 am »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13472
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #143 на: 30 Јануари 2023, 11:18:15 am »
Ние со жица од прслук имаме отклучувано Мазда 323F во Сутоморе ;D

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2048
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #144 на: 23 Јуни 2023, 14:08:29 pm »
Апел до класниот да ја тргне темава од Sticky.

Може е корисно да се најде брзо, ама кога има нови мислења - ретко кој ја отвора. Сите гледаме во темите што се најгоре/со последни мислења.
Мислам дека е подобро така отколку во Sticky, не знам...

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3928
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #145 на: 23 Јуни 2023, 14:29:57 pm »
Инаку пак треба да ја бара некој во search или да листа надолу ако има повеќе теми над неа, а во оваа тема да не е долго време пишувано.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9869
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #146 на: 24 Јуни 2023, 01:25:22 am »
Ние со жица од прслук имаме отклучувано Мазда 323F во Сутоморе ;D
So prsluci se suncas 😆🤣🤣

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2048
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #147 на: 12 Август 2023, 20:29:45 pm »
Клабери, најверојатно имам проблем со водна пумпа, ми истече повеќе од пола антифриз на Меџитлија. Нешто завибрира напред, вртежите се качија од 700 на 1000 и светна после некоја минута check coolant. Се тргнав одма на страна.
Не качи температура во ниту еден момент и скоро празно беше резервоарчето.
Долу течеше бааги, ама дотурив обична вода 1 литро, го смеша со останатиот антифриз во системот и сега има пак розов антифриз/вода во резервоарот. Во место капе по малку кога работи колата. Од граница до Бач изгубив еден прст.

Моментално сум во Бач кај роднини на девојката, тука и треба да бидеме викендов.

Ќе ми треба мајстор во Битола да го ѕирне Леонот во понеделник. Пишете тука или побарајте ме на Вибер или СМС или повик.

Зоки
071200161

@vladic3110 и останати Битолчани - помош :)

П.С Опција е и да ја шлепам со Vozzi до Штип во понеделник, ама не сум сам.
« Последно менување: 12 Август 2023, 20:50:59 pm balanar »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #148 на: 13 Август 2023, 15:29:33 pm »
Оди во Бис-Ауто, ќе ти кажат шо течи од кај течи, малку е поскапо од  други мајстори ама можи ќе те услужат истиот ден.
Треба да си улав до Штип да шлепаш 1.9тди.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13472
Одг: ПОМОШ НА ПАТ - SOS тема !
« Одговори #149 на: 14 Август 2023, 11:10:26 am »
Клабери, најверојатно имам проблем со водна пумпа, ми истече повеќе од пола антифриз на Меџитлија. Нешто завибрира напред, вртежите се качија од 700 на 1000 и светна после некоја минута check coolant. Се тргнав одма на страна.
Не качи температура во ниту еден момент и скоро празно беше резервоарчето.
Долу течеше бааги, ама дотурив обична вода 1 литро, го смеша со останатиот антифриз во системот и сега има пак розов антифриз/вода во резервоарот. Во место капе по малку кога работи колата. Од граница до Бач изгубив еден прст.

Моментално сум во Бач кај роднини на девојката, тука и треба да бидеме викендов.

Ќе ми треба мајстор во Битола да го ѕирне Леонот во понеделник. Пишете тука или побарајте ме на Вибер или СМС или повик.

Зоки
071200161

@vladic3110 и останати Битолчани - помош :)

П.С Опција е и да ја шлепам со Vozzi до Штип во понеделник, ама не сум сам.

Bis Auto - поранешен официјален салон за VW во Битола

https://www.google.com/maps/place/Bis+Auto/@41.0115394,21.3505115,15z/data=!4m6!3m5!1s0x135724c184f133e3:0x37e6239eeae66e74!8m2!3d41.0115394!4d21.3505115!16s%2Fg%2F1hf2wl3_z?entry=ttu

Ако не таму, јас Пасатот во Битола го носев на сервис овде и бев презадоволен.

https://www.google.com/maps/place/Hyundai+service/@41.0243411,21.3456754,18.52z/data=!4m6!3m5!1s0x1357250e66dea6b9:0xc81dc5c6fa33cb05!8m2!3d41.023773!4d21.3459653!16s%2Fg%2F11t4b1jn_9?entry=ttu