Не дека не можи со отпорник, али црвените диоди имаат помал пад на напон(работат на 2, нешто волти... плавите исто така...). Што вели велештрумф може и 5 да се стават, не мора максимумот да се вади. Е сега може и отпорник на секоја диода. еве калкулатор да не сметаш на рака
http://led.linear1.org/led.wiz. Е сега како работи пресметувачов.... Можеш значи да врзиж една диода и отпорник, можеш и 4-5 или повеќе диоди и отпорник. Диодите кога ќе ги купуваш ќе прашаш карактеристики да ти запишат, напон и струја ќе ги прашаш.
Во полето (Source voltage) ќе внесиш вредност 14.4, тоа е напон на напојување, нели кога е запалена колата максимум треба да достигне 14.4в.
Во второто(diode forward voltage) поле ти е напонот на кој работи диодата, точно ќе ти го кажат продавачите би требало да е 2-3.6в
Третото(diode forward current (mA)) поле е потрошњата на струја, исто така ќе го прашаш продавачот.
Четвртото(number of LEDs in your array) поле ти е број на диоди(сериски врзани).
Кога ќе кликниш каклулејт ќе ти даде пресметките и визуелен опис, како и мало објаснивање.