Автор Тема: LED наместо позиција...  (Прочитано 8116 пати)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
LED наместо позиција...
« на: 16 Септември 2013, 12:20:48 pm »
Се прашував дали е можно да се наместат по неколку ЛЕД диоди наместо глупавата ламбичка за позиција....
Пошто струјата и не ми е баш омилен дел, не сум многу упатен... кај можам да најдам обични лед диодички (бели... ор самтинг елс), која е цената нивна, дали работат на 12ка струја без никакви дополнителни дранкалашки...?? и колку диоди би биле доволно за да се направи светлината.... по 3... по 5 од фар???

Ако знае некој...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #1 на: 16 Септември 2013, 12:26:28 pm »


Ја имам вакви кај мене, земени од Старс Ауто (или како и да се викаше дуќанот во Ѓорче). Нешто као 2 за 100 денара.
Кај мене без проблем си работат, ги збоднав само и толку. Без дополнителни дранкалашки :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #2 на: 16 Септември 2013, 13:50:27 pm »
Имав некоја замисла сводесто да наместам 4-5 диоди околу големата ламбица, како за ефект...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #3 на: 16 Септември 2013, 17:58:55 pm »
Треба да го ебаваш фарот за да го постигнеш тоа.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #4 на: 17 Септември 2013, 01:12:08 am »
Јас имам вакви наместо позицијата/ Убаво бело светат, ама ме ебат нешто ;D Од 5 палења, еднаш нема да свети едната  :D После некое време, сама си проработува :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #5 на: 17 Септември 2013, 04:55:05 am »
Се малце чудни... ако сакаш да правиш нешто сам врзувај ги по 4 сериски (една по друга).За подобра илустрација мислам ќе ти послужи сликата http://sub.allaboutcircuits.com/images/00082.png

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #6 на: 17 Септември 2013, 11:08:17 am »
Фарови за Шкода имам колку сакам дома... од претходните Шкоди и што сум најдувал....
Не е некој зијан да направам експеримент на 2 од нив, ионака не коштаат поќе од 100 денари 2та заедно...

Спенсер, а убаво ти се залемени, да не има нешто пропуст или така на здраво се случува ситуацијата?

Тка една ко ќе прегори, сите гасат... нели? Добро, не е страшно...
А гледам R.... треба ли и некакви отпорници за ова?
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #7 на: 17 Септември 2013, 22:22:07 pm »
Не, само за илустрација, не најдов посоодветна шема. Наместо отпорници треба да се диоди, и тоа по 4. Многу страдаат од лоша инсталација, во секој случај добро е да се додаде отпорник(исто как онив,) 15-27оми/2вати и кондензатор после отпорникот 2200-4700/16в али кај понови коли нема потреба(па и голгон што е од 95 нема проблем, само диоди се)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #8 на: 18 Септември 2013, 00:27:12 am »
само диоди, без оторник, кога ке ги врзеш на акумулаторска струја или ке се стопат, или ке прегорат за 3-5 секунди мењајки ги сите нијанси помеѓи портокалово и црвени или (во нај лош случај) ке испукаат како петарди... си има таму како се мери тоа, побарај по нетов, без отпорник не ни замислувај да ја туриш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #9 на: 18 Септември 2013, 05:11:28 am »
Да онак ако врзиш една диода, ама 4 во серија нема да има гајле... Белите диоди се со напон од 3.6 волти, па падот на напонот во секоја е 14.4/4=3.6... Ако има скокови во напонот т.е. ако не чини инсталацијата ќе изгорат... Ама прајме муабет за нормало употребливо возило... Еве диоди, ланилето работеа секој божји ден 3 месеци по 5-6 саат. Врази се по 4 сериски, 16 реда се на се 64 диоди https://www.facebook.com/photo.php?v=393028670799094&set=vb.100002758947002&type=2&theater
п.с. снимката е "сега" направена

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #10 на: 18 Септември 2013, 10:11:23 am »
друже... јас купив црвени лед диоди за да составам стоп светло за во спојлер. и идев по таа логика дека една диода е со 3,6 волти напон, па одтука значи во серија врзување е 4 комада за да биде на 12 волти. мене ми требаа 3 реда по 5 така и ги врзав, 3 реда по 5 во серија, значи добив 3 серии. ги поврзав и се стопија за 3 секунди. ај си викам, нешто грешно направив.. зедов нови диоди и пак се случи истото...

после дојде еден електроничар и ми појасни за напони, ампераѓи и останати срања за на акумулатор со права и силна струја дека неможе без отпорник.. еве и денеска кога зимам диоди за возило гледам дека поред диодите има и отпорници, не се само во серија врзани... јас сум и елкетроничар и имам диплома за тоа, само повеќе од 15 години не сум се бачкал со елкетроника, а диодиве се релативно нов правец во електрониката па така да појма немав што и како... он ми пресмета кој отпорник, купив отпорник, го врзав и него во серија и крај на приказната.. ене ги светат диодите и ден денес (3-4 години) на едно од возилата што ги имав а више ги немам...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #11 на: 18 Септември 2013, 10:14:40 am »
Диода е бејзикли краток спој. Согласно и потребата од отпорник.

Отсутен Suki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #12 на: 18 Септември 2013, 10:51:48 am »
jas sega na golfot imam so 5 diodi staveno samo plavi nemashe momentalno beli vo autolider i koshtat 150den. dva komada

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #13 на: 18 Септември 2013, 13:38:56 pm »
хмм... ме заинтересира сега ова...

Ваљда таму каде што се продаваат диодите ќе знае тој братот каков отпорник да ставам... или јок? 4 или 5 диоди сакам да ставам...

Да не знае некој веќе каков отпорник да барам и кондензатор за најавенава праправка?
Барав по нет, ама некако слабо фајде... :(

Колку за информација:алтернатор 14v.35A
Акомулатор 45 ампери на кола

Сијалицата што ја има сега е регуларна ba 9s 4w T8/4 (како кај 101, југо и тн...)
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: LED наместо позиција...
« Одговори #14 на: 18 Септември 2013, 13:41:07 pm »
хмм... ме заинтересира сега ова...

Ваљда таму каде што се продаваат диодите ќе знае тој братот каков отпорник да ставам... или јок? 4 или 5 диоди сакам да ставам...
Колку за информација:алтернатор 14v.35A
Акомулатор 45 ампери на кола

Сијалицата што ја има сега е регуларна ba 9s 4w T8/4 (како кај 101, југо и тн...)

5 диоди е подобро од 4... поблиску е до волтажата а и позаштитени се диодите, помали се шансите да прегорат брзо...

што се однесува до тие што продават такви џинџиралници нај често се трговци... појма немаат од елкетроника, за жал... побарај по нетов ке најдеш како се пресметува кој отпорник да се стави..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време