Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408356 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #555 на: 21 Мај 2014, 17:43:15 pm »
Van... ај биди маж и признај дека не си прочитал ниту една книга поврзана со генетика. Или покажи пред сите дека грешам со тоа што ќе ми кажеш еден наслов кој си го прочитал.

А имаш поттик да реплицираш, да постираш линкови од карлин и да ми викаш дека нема да дискутираш? И тоа неколку пати?

А да приложиш наслов - оп одеднаш ти снемува поттик.

Шо така?

Да погодам?

Eee, Van, Van...

Гледај вака Филип, ако јас бев позер како тебе... ако бев тоа за што ме обвинуваш, тогаш сега јас ќе прогуглав пар наслови, ќе ти ги копи-пастирав тука, и ќе се правев како да сум ја открил Америка.
(ова повеќе го пишувам да им објаснам на другите, пошто изгледа јас и ти изгледа се разбираме)

Но, прво јас не сум како тебе. Второ сеуште мислам дека има надеж за тебе, и не само тоа туку и искрено сакам да дискутирам на тема генетика или се што е поврзано со контроверзите окулу ГМО храната. Искрено сакам да се дискутира на оваа тема, и дури и спротивните мислења се многу добродојдени... зошто преку искрена дебата се учи многу, но само ако соговорникот е искрен и вољен искрено да ги дебатира работиве.

Толку го потенцирам зборот искрено затоа што ти не си искрен.
Како поинаку да се објасни фактот дека цело време плачеш како зборуваме за некакви теории на завери, и слично. Цело време плачеш како немаме peer reviewed научни студии да ги поткрепиме тврдењата, но кога ќе ти сервираат како на тацна токму такви peer reviewed научни студии... тогаш Ти тоа целосно го игнорираш.
Што е тоа, ако не нечесност?

Штом си се нафатил да бистриш наука на темава, одлично, стисни заби и одвој неколку саати да ги проучиш студиите и доказите што ти ги посочувам. Па сите сме сведоци дека тие неколку саати повеќекратно веќе ги вложи во препукување на темава, зарем не сакаш да научиш малку повеќе за тоа, за што толку време пишуваш?

Мислам дека си имаш проблеми со некакви комплекси, се поставуваш како професор кој дошол ги испрашува ученичињата, или така нешто. :)
Демек си единствениот писмен човек на форумов. Те гледам јасно, и гледам колку инаетот те тера да идеш во контра. Можеби е редно да се запрашаш, кој ти е тебе непријателот тука?
Дали јас, пошто (реално) нешто повеќе ја познавам темава на дискусијата... или непријателот ти се прво, сопствениот инает, и второ, тоа што си ја изгубил способноста критички да гледаш кон најзаслужните за критика: тие што ни ја кројат судбината.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #556 на: 21 Мај 2014, 18:01:22 pm »


Темава опишана.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #557 на: 21 Мај 2014, 18:17:16 pm »

@DarthJe5us тоа ти така ја разбираш работата, од аспект на нивото на познавањето на темава.

Јас лично темава ја разбирам како место за дискусија каде можам и сам да научам нешто што не сум го знаел, нормално ако зборувам со некој што знае повеќе од мене... или во најмала рака да го понудам моето знаење на сите што се заинтересирани.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #558 на: 21 Мај 2014, 18:20:27 pm »
Знаењето е небитно пошто на крај или ќе јадеш ГМО или ќе умреш од глад. А второво нема да се случи.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #559 на: 21 Мај 2014, 19:00:56 pm »
@filipv, пази ако го откорнеш убаво стануваш: ;D ;D ;D

Гледај вака Филип, ако јас бев позер како тебе...

А пред некој месец:

Лично мислам дека си само позер...

Ме пресмеа. ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Темава опишана.


Позер еден.  ;D ;D ;D ;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #560 на: 21 Мај 2014, 19:27:03 pm »
Не знам кој е позер:

„Ја имам читано книги бе“
„Кажи една?“
„трт прт бла бла“

Не позирај дека си читач. Све што си „читал“ се јутјуб клипчиња и арка-трече-око псевдонаучни параноја „нов светски поредок да цркнат американците“ сајтови. Највисок дострел ти е она мешано пролив+јагоди Zeitgeist.

И никој не ти е крив - сам си се натрти. Да не спомнеше самиот дека си читал книги, немаше ниту еднаш да те прашам што си читал жими фамилија. Сам си се нагузи и сега циу-циу. Па немој бе бачко, цени си ги сопствените зборови повеќе мајку му...

Не те мрзи да пишуваш мегабајти текст, а те мрзи да напишеш еден мочан наслов и автор?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #561 на: 21 Мај 2014, 20:42:53 pm »

@Deni позери сте и двајцата, и ти и @filipv.  :)
Но ти си потрагичен вид на позер, добро знаеш со кои автори каде да позираш, но проблемот е иде кога треба да се дискутира авторот. Јеби га 32к+ постови не е шала, се нема време за читање книги. 
Пази, увек можеш да ме демантираш и да кажеш нешто не копи-пастирано.  ;)

@filipv со Дени се обидов да ја дискутирам релевантноста на... еден еволутивен биолог овде во темава, но на жалост Дени ете нема свое мислење... нема став. Со тебе filipv, пред воопшто да дојдеме до дискутирање на автори и дела, треба прво да коментираш за peer reviewed научните студии што бараше да ти бидат покажани...

Чекам коментар за студиите, пред воопшто да те земам во обзир дека си доволно писмен за дикутирање поозбилна литература. Ако не си способен да прочиташ студија од неколку десетина страни, кои се шансите дека си прочитал цела книга, не па книги. Инаку како што веќе кажав и мило ќе ми биде да имам со кој да продискутирам автори од посочената област, ама немам намера да си го трошам здивот со позери.

Искрено 5 пати ти одговорив, и искрено мрско ми е пак да се повторувам. Можеби треба на игнор да те ставам... ама ајде сепак да расчистиме дали си позер или не си. Како сакаш на крају краева, ти сам од себе правиш будала.  ;)


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: ГМО
« Одговори #562 на: 21 Мај 2014, 20:45:33 pm »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #563 на: 21 Мај 2014, 20:51:57 pm »
 ;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #564 на: 21 Мај 2014, 20:56:20 pm »
Само ти надевај се дека со гифчиња (или клипчиња од карлин) ќе го скриеш поразителниот факт дека не си во состојба да посочиш макар една книга која си прочитал. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #565 на: 21 Мај 2014, 21:17:35 pm »
Карлин не ми го спомнувај во дерогативна форма, ќе ме налутиш!  ;)
Книгите ми се во ебук ридер, ваљда си има и датум кога последен пат се отворени... ако веќе мора да ме прегледа „форумската полиција„... да не сум лажел можда.  :D

Туку што правиме што упорно ги игнорираш доказите за ГМО?
Ти сигурно ли не работиш во некое претставништво на Монсанто или така нешто, а? Ќе мора да ги распрашам момциве што ги знам од форумов...  ;)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: ГМО
« Одговори #566 на: 22 Мај 2014, 00:15:10 am »
@FilipM на добар пат си чим критички размислуваш.
Не му верувај на никој. Не и верувај на владата, не и верувај на индустријата, не ми верувај мене и не му верувај на никој тука или било каде... се додека не ги научиш фактите и не си создадеш свој сопствен став.

Од друга страна, добри работи ти кажаа и тие со кои јас имам спротиставени ставови на оваа тема.
Ете ти спомнаа како секоја наука или иновација некогаш била на зародиш, како што сега на почеток е ГМО аспектот на генетскиот инжинеринг. Ти посочија паралела со авијацијата, која исто така некогаш почнала со скромните летови на браќата Рајт, а денес е секојдневие и важен, корисен и интегрален дел од денешното човештво.
Тоа што не ти кажаа е дека во тие рани денови, па до денес, безбројни жртви ја платиле цената на усовршувањето на безбедноста на авионскиот сообраќај. Самите изумители браќата Рајт, имале неколку несреќи и падови. Уште нешто што не ти кажаа, е дека од авијацијата сите имаме корист, а од ГМО храната најмногу корист има профитот на ГМО индустријата. Всушност со методите со кои таа индустрија ги манипулира и поробува (буквално) фармерите, повеќе го заслужува називот ГМО мафија.

Како и да е, назад на авијацијата... како некогаш авијацијата така денес и ГМО храната, сега е сеуште е непознаница од безбедносен аспект, и е експеримент врз сите луѓе. Што е најважно, тогаш браќата Рајт, сами експериментирале врз себе. Но газдите на ГМО индустријата денес, тие експериментираат врз други луѓе, врз нас.
Наш ризик, за нивни профит. Не се дозволува ни да се етикетираат ГМО производите. Ние овците не треба да знаеме што јадеме, не дај боже да се дрзнеш да не земеш од рафтот на продавницата ГМО производ.

Не е вистина тоа што ти кажуваат дека ние тука јадеме многу ГМО храна. Ќе бидеш релативно на страна од ГМО храната се додека седиш на страна од увозна храна, посебно од пченка и соја (репката не е толку опасна, зошто во исхраната се користат деривати во вид на шеќер и масло). Исто во последно време проблем е патлиџанот и паметно е да се купува јабучар или од другите стари видови (стануваат се поскапи пошто слабо се нудат).

И не ги слушај кога ти велат, тоа што газдата на стадото од сите овци одбрал 2-3 пара овци за размножување, дека е истата работа со лабораториски генетски сплајсинг каде гени од риба ставаат во патлиџан. Двете постапки во основа и двете се генетска модификација, но постапките се различни и уште поважно: безбедноста од резултатите е различна.
Не е исто, и овој имењаков твој знае дека не е исто... ама инаетот му е голем. :)




Ако веќе се оди кон ГМО, треба да постои избор - храна класифицирана како ГМО, и „нормална“ храна. Од причина што, без храна, не може да се преживее. А без технолошките напредоци, како примерот со браќата Рајт, се можи :)

My 0.2$
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #567 на: 22 Мај 2014, 00:32:20 am »
Се преживува и без медицина, без земјоделие, без водовод и канализација, без функционални институции и владеење на правото, но многу е потешко и со тоа помал е бројот на преживеани.

Сватете ги генетски модификуваните организми како следната насока за напредок на земјоделието.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #568 на: 22 Мај 2014, 03:34:11 am »
Точно, генетскиот инжинеринг е иднината. Без разлика дали го сакаме ние тоа, или не.
Тоа никако не е спорно. Но спорни се следниве работи:

- Во која насока треба да одат промените и модификациите.
- Кој треба да управува со истражувањата (ова е засегнато и со следната ставка).
- Меѓународно научно тело, во стилот на ОН, кое ќе ги одредува правилата
- Донесување на меѓународно прифатени норми и стандарди за методите на испитување на безбедноста, за човечка употреба.
- ГМО и немодифицираните култури мора да бидат географски изолирани.
- Луѓето да имаат право на личен избор.

Касно е, па сигурно можев и подобро да го составам тоа погоре. Во секој случај, тоа е тоа што отприлика е потребно. Нешто како почетен драфт.


Од друга страна, која е состојбата во реалноста?

- Промените и модификациите, во најголем број се сведуваат модифицирање за отпорност на хербицидите на проприатари (спијам) компаниите. Целта? -Поголем профит.
- Сите одлуки ги носи индустријата, која е сопствеништво на мала група (педера) од најбогатите луѓе на планетава кои се раководат само од алчност и желба за моќ и профит.
- Оваа индустрија мафија ги носи сите моментални стандарди за определување на безбедноста за човечка исхрана, со тоа што влијае на владите ширум светот. Почнувајќи со САД, па се до малите банана држави како нашава. Затоа практично и немаме детални и веродостојни испитувања и студии за безбедоста.
Симптоматично и многу покажувачко е што имаме повеќе случаи на врвни научници кои укажуваат на оваа опаснот. За веднаш потоа да бидат нападнати на лично ниво (лудак, педер, теоретичар на заговори, и што се не). Најпознат таков пример е тој на доктор Пузтај, кој всушност раководел со официјалното ЕУ истражување на оваа тематика... и нормално експресно бил отпуштен откако ги објавил резултатите без да ги фингира. Но за тоа веќе пишував повеќе пати, има поназад на темава.
- Како резултат на сево ова, немаме: контрола над безбедноста на ГМО, контрола на правецот на модификациите, право на избор и ГМО ги бутаат каде стигнат и сакаат (кај нас не толку, засега). Најлошото е што нема географска изолација меѓу природните немодифицирани растенија и ГМ растенијата. Се случува кросполенизација и мешање, со што се повеќе се губат изворните природни организми.

Во крајна линија, на долги патеки ова не е проблем за природата. Процесот на еволуција ќе си го направи своето и тоа што не го бива нема да преживее... но на кратки патеки, што ќе се случи со нас луѓето што ќе го јадеме тоа, и дали и колку (и како) од нас ќе преживеат, е тоа е веќе друга работа.
Знам дека овојпат не звучам кохерентно, но тоа е тоа. Можеби другпат подобро ќе напишам нешто.



Во меѓувреме, ќе поделам со вас нешто. Еден документарец кој само што го гледав.

Се работи за фракинг, постапка за вадење на гас од шкрилци. Постапката инволвира неколку километри длабоки бушотини, кои прво се вертикални но потоа завртуваат хоризонтално за да се направи бушотина во хорознталниот слој на шкрилците. Потоа се истураат на тони и тони опасни хемикалии во бушотините, и се ствара голем притисок со кој се прават микрофрактури во шкрилците. Со тоа се ослободува гасот од шкрилците.

Постапката има неколку големи проблеми. Една бушотина се експлоатира само 20тина пати и со тоа за кратко време е експлатиран поголемиот дел од гасот. Хемикалиите остануваат долу (освен мал дел кој се вади заедно со гасот) и со децении (или повеќе, никој не знае точно) ги загадуваат подземните води кои прават токсични. Со тоа се загадуваат и надземните води. Штетите по луѓето и нивното здравје се огромни.

Пошто требаат тони и тони хемикалии и вода, до бушотините тие се превезуваат со стотици и стотици цистерни (не, не ве заебавам). По ескплоатацијата, се прави нова бушотина отприлика еден километар далеку... и така се додека не се искористи полето со шкрилци (обично се огромни пространства). Градбите од бушотините остануваат да штрчат засекогаш како чиреви, и не престануваат да испуштаат количини гас кој е штетен по целиот жив свет наокулу. Целата постапка не е ни толку исплатлива, колку што е политички пожелна (се добива привремена независност од земјите како Русија и Иран, кои ги имаат најголемите резерви од природен гас).

Најверојатно забегав со техничките детали, но мислам дека е важно да го знаете ова. Погледајте го документарецов, и ќе дознаете зошто:
(може и HD квалитет да се одбере, а и да се симне од јутјуб, па на раат да се погледа на ТВ)



Како и да е, причината зошто ова го покажувам и пишувам тука, е за да ви покажам каква е реалноста. Ако владата на САД може ова да им го прави на сопствените граѓани, зошто мислите дека се замара со безбедноста на ГМО за истите тие граѓани (за нас тука па уште помалку). Документарецот е долг, ама и интересен... на чуден начин.
ОК, толку... лека ноќ.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #569 на: 22 Мај 2014, 08:09:57 am »
Van, ај шо не си прочитал ништо озбилно - не си прочитал. јутјуб клипчиња и naturalnews. Нејсе.

Него, друго да те прашам: рече дека во светот нема стандардизирани методи на тестирање на гмо.

Како тогаш е докажано дека се штетни?

Кога научната јавност ќе каже „не се штетни“, тогаш нема стандардизирани методи.

Но кога јутјуб ќе каже „штетни се“, тогаш тоа е докажано со болд.

Како тоа?