Врв на комедијата (и тешка иронија) се тие видеата со прскање ДДТ пестицид. Прво пошто властите прскале ДДТ за да елиминираат Полио, кое погрешно мислеле дека го шират инсекти. Второ, пошто властите проповедале дека пестицидот ДДТ е совршено безбеден (како што сега верглаат за Роундап -глифосат), за подоцна да испадне непобидно докажано дека ДДТ е ебано опасно отровно страње и заебан канцероген (како што сега конечно излегува и за Роундап -глифосат отровот).
Kaко што рекол Сантајана: Тие што не ја памтат (знаат) историјата, осудени се истата да им се повторува.
Исто како неуките со пестицидите и хербицидите. Ама не му се секирај ти Симо - кркај си глофосат заедно со ГМО храната, се за науката (читај се за профитот на газдите на индустријата).
ГМО технологијата и науката врзана со ГМО, НЕ СЕ КРИВИ ЗА ШТЕТНОСТА НА ГЛИФОСАН (или било кој друг продукт). Едно време убаво разговаравме за скакање на гените лево-десно, ама отиде @Van во фаза „вмро пуштено на најјако“
Ха, епа ако вртиш на политика еве ти цитат од Гебелс: „Ако повторуваш лага доволно често, и ја повторуваш и повторуваш, луѓето ќе поверуваат во неа, и самиот ќе почнеш да веруваш во неа“.
Тоа како да е напишано за тебе со твоево одбивањево да се соочиш со реалноста дека во денешнава индустриска реалност, хербицидите и технологијата за ГМО одат нераздвојно заедно.