Нешто што се направи деновиве на колава:
1. Голем сервис
На 269655km (и на околу 84000km/6 години) сменети:
Уље - Shell Helix HX8 ECT 5W-30 (5L)
Филтер за уље - Mann HU7008Z
Филтер за нафта - Hengst E85KP D146
Филтер за воздух - Hengst E488L
Филтер за полен - Mann CUK 2939
Сет ребраст каиш со водна пумпа - INA 530 0550 32
ПК (линиски каиш) - Continental 6PK107
Антифриз - Bell Polar Long Life 100 G12+ (3L)
Дестилирана вода - Glazer (3L)
Затегачот за ПК каишот и ременицата за алтернатор (куплунг шајбна), и двете INA, иако ги купив - не се сменија, мајсторите кажаа дека постоечките биле одлични.
Некако шубе ми е кога ќе купам нешто и планирам да се смени, но овој пат ќе ги послушам, за сега на колава откако ја одржувам кај нив немам забелешки.
Единствено го „пресадиле“ подвижниот дел (тркалцето) од новиот затегач за ПК каишот - на стариот (се гледа на сликите подол)







Стариот линиски (Bosch), личи ОК од сликите. Знам дека е од мојата кола (освен ознаката) пошто датум на производство е 10.2019, а јас голем сервис направив некаде во јули 2020-та.

Затегачот за ПК каишот, пред и потоа:



Некаде фати околу 29000 денари. Заменски делови и работна рака.
2. Сијалици за кратко Philips WhiteVision Ultra (4200K) H7
Како и обично, порачувам од Фели-Ас.
Но ми испратиле Ultra наместо обичните WhiteVision кои се 3700K. Она што читав е дека наводно траеле на пола од обичните, но ќе видиме. Мене обичните ми траат/траеја обично околу година и пол-две, со оглед на тоа дека Леонов нема дневни светла и ги палам овие јер закон...


Најгорните слики од колажот се од обичните H7, средните слики е мешано, третите слики се WhiteVision Ultra.


Цена - 1600 денари.
3. PP апарат од 2kgПишав на форумов (гледав од CarBox), па се јави Саше, не знаев дека со тоа работи.
Испратено по карго, земено за некој ден. Со сервисен картон/документација на македонски и англиски. Производител е Mobiak од Грција.
@Sase91 - заборавив да ти кажам. Сум поминал покрај фабрикава на Мобиак во 2023-та кога бев на Крит, акав по тој делот блиску до аеродромот во Ханија. Ме интересираше каде им е, па ја препознав кога ја видов на Гугл Мапс.
Некогаш се зачудувам колку е мал светот.
Тргнато е тоа за фирмата, не знам колку Саше сака да го знаат, побарајте го ако ви треба нешто


Цена - 1500 денари. Да напоменам дека рандом кинески се од 1100, па нагоре.
Фала ти Саше и тука уште еднаш.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Темата за малку и ќе ја затворевме, сакав половен Артеон (фејслифт) или некој нов кинез, пример новиов Forthing S7 REEV
Но сепак се стави приоритет и се задолживме со кредити за станов.
Наредно не знам што е за колава, освен да се вози и чува/одржува.
Можеби полирање следната пролет и нови летни гуми/all-season гуми, ќе размислам.