Автор Тема: Peugeot 607 - Проблем со вториот акумулатор.  (Прочитано 1384 пати)

Отсутен milanamd2000

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Peugeot 607 - Проблем со вториот акумулатор.
« на: 06 Август 2013, 15:45:13 pm »
Купив пежо 607 2000 см3 ,2002 год. и имам еден проблем
Колата има два акумулатора , еден за моторот а другиот е за отварање на врати, прозори и дел од борд комјутерот .
Проблемот е во тоа што има некој потрошувач кој што го празни вториот акумулатор а не можеме да го пронајдеме.
Ако колата не ја возам два до три дена и тогаш кога ќе ја стартувам колата (да ја запалам ) пали без проблем , но последните  податоците  се изгубени и се појавуваат некои нови и нереални, Откако ќе ја запалам колата светлата . жмигавците се палат се гасат и никако не можам да ги исклучам освен да ја извадам клемата од акумулаторот.
Купив нов акумулатор за позади во багажникот .После неколку дена се појави порака на повеќе наменскиот екран дека е празен (напонот е слаб) на вториот акумулатор(батерија).Со тоа што ги брише податоците од компјутерот  (уште колку км има за возење, средна потрошувачка, часовникот и датата трепкаат , мерачот за гориво покажува сосема други вредности)   кои се појавуваат  на повеќе наменскиот екран т.е ги враќа назад некои предходни податоци .  Го наполнив акумулаторот , и после неколку дена пак истата порака се јави.
Ја однесов колата во Еуроимпекс Скопје да го пронајдат дефектот, рекоа дека се е во ред (акумулаторот се полни , добар е напонот , се о.к. а парите си ги зедоа ) , но фактички не е така.
Дали некој знае во што е проблемот? има ли некое решение ?

Милан Кавадарци
« Последно менување: 07 Август 2013, 14:20:11 pm milanamd2000 »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: ПЕЖО 607 ПРОБЛЕМ СО ВТОРИОТ АКУМУЛАТОР
« Одговори #1 на: 06 Август 2013, 15:55:13 pm »
Јас би тргнал со дијагностицирање по следниов редослед:

1. Би проверил со мултиметар подесен на волтажа, дали навистина е испразнет акумулаторот по 2-3 дена. Тоа ќе ми каже дали нешто компјутерот брљави или навистина нешто го празни. Ако е компјутерот тој што заебава - чаре, барај на старо :)
2. Ако навистина е испразнет акумулаторот (паднат му е напонот), би закачил амперметар (мултиметарот повторно во рака) во серија со акумулаторот, да видам колку ампери струја тече низ возилото при мирување. Ако е екстремно висока (500mA ќе испразнат 50Аh акумулатор за 100 часа а тоа се 4 дена, и тоа ќе го испразнат до даске!) тогаш ќе почнам со вадење на осигурачите. Еден по еден. Извади, дур не падне потрошувачката на струја на некое нормално ниво (50-тина mA би ми била некоја стартна ведност). Откако ќе откријам  од кој уред е осигурачот, мислам дека ќе биде полесно понатака :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Peugeot 607 - Проблем со вториот акумулатор.
« Одговори #2 на: 06 Август 2013, 15:56:21 pm »
Здраво Милан, добредојде.

Не можам да ти помогнам со проблемот, но можам да те советувам да не пишуваш наслови на теми со вклучен Caps Lock.

Поздрав!

zeroSignal Скопје

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Peugeot 607 - Проблем со вториот акумулатор.
« Одговори #3 на: 06 Август 2013, 16:10:11 pm »
Јас би тргнал со дијагностицирање по следниов редослед:

1. Би проверил со мултиметар подесен на волтажа, дали навистина е испразнет акумулаторот по 2-3 дена. Тоа ќе ми каже дали нешто компјутерот брљави или навистина нешто го празни. Ако е компјутерот тој што заебава - чаре, барај на старо :)
2. Ако навистина е испразнет акумулаторот (паднат му е напонот), би закачил амперметар (мултиметарот повторно во рака) во серија со акумулаторот, да видам колку ампери струја тече низ возилото при мирување. Ако е екстремно висока (500mA ќе испразнат 50Аh акумулатор за 100 часа а тоа се 4 дена, и тоа ќе го испразнат до даске!) тогаш ќе почнам со вадење на осигурачите. Еден по еден. Извади, дур не падне потрошувачката на струја на некое нормално ниво (50-тина mA би ми била некоја стартна ведност). Откако ќе откријам  од кој уред е осигурачот, мислам дека ќе биде полесно понатака :)
Одлично објаснето.
Сега барај инструмент и фаќај се за работа.

Отсутен milanamd2000

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Peugeot 607 - Проблем со вториот акумулатор.
« Одговори #4 на: 07 Август 2013, 14:27:06 pm »
Simo - Carrier166  Фала за информациите

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Peugeot 607 - Проблем со вториот акумулатор.
« Одговори #5 на: 07 Август 2013, 14:33:24 pm »
Бидна нешто? :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Peugeot 607 - Проблем со вториот акумулатор.
« Одговори #6 на: 07 Август 2013, 16:37:31 pm »
Супер му објасни, ама сигурно ќе му треба време да го обави сето тоа.

Да почекаме. И мене многу ме интересира што е проблемот. И интересно ми е што вика - два акумулатори.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Peugeot 607 - Проблем со вториот акумулатор.
« Одговори #7 на: 07 Август 2013, 18:40:47 pm »
Јас би тргнал со дијагностицирање по следниов редослед:

1. Би проверил со мултиметар подесен на волтажа, дали навистина е испразнет акумулаторот по 2-3 дена. Тоа ќе ми каже дали нешто компјутерот брљави или навистина нешто го празни. Ако е компјутерот тој што заебава - чаре, барај на старо :)
2. Ако навистина е испразнет акумулаторот (паднат му е напонот), би закачил амперметар (мултиметарот повторно во рака) во серија со акумулаторот, да видам колку ампери струја тече низ возилото при мирување. Ако е екстремно висока (500mA ќе испразнат 50Аh акумулатор за 100 часа а тоа се 4 дена, и тоа ќе го испразнат до даске!) тогаш ќе почнам со вадење на осигурачите. Еден по еден. Извади, дур не падне потрошувачката на струја на некое нормално ниво (50-тина mA би ми била некоја стартна ведност). Откако ќе откријам  од кој уред е осигурачот, мислам дека ќе биде полесно понатака :)

Што би рекол другар ти filipv, ко' ја да сум го пишувал текстот ;D