Гледам загреан си за 306-ка...

Јас се мислев пред некое време да ја продадам, но...
Кога видов какво ѓубре се продава и за која цена, дефинитивно се премислив..
Прво зошто знам како ми е одржувана и во која состојба се наоѓа...
Незнам до колку пари ти се даваат за 306-че, но дефинитивно треба да знаеш еден куп работи на кој треба да бидеш спремен доколку купуваш кола од човек кој не го познаваш...
На некои дечки им покажав сервисна книшка од мојата кола, + лист со што се е заменето, со датум и цена на чинење на деловите

Ако си конкретно заинтересиран за 306-че, и ако сакаш совет или пак да знаеш на што да обрнеш внимание, контактирај ме...
1. Вимавај на торзионото вешање - цена на замена на лагери на време е околу 100-тина евра, ако не се сменети во интервал од 90 до 110 иљади км, рачунај од 250 до 300 евра сервис...
2. Дискови, плочки, пакни, цилиндри, цена околу 120 евра + / -
3. Гуми, 150 евра за 13-ки или 200 за 14-ки...
4. Ребраст, клинаст, серво, затегачи околу 100 евра со се работна рака...
5. Уље 1600 денари + филтер за воздух 300, масло 300, гориво 400 околу 50-тина евра...
6. Стабилизатори, околу 20 евра за пар...
7. Гумици на баланштангла не ми текнува за цена.
8. Пужеви, тука се вадат и полуосовините за да се сменат, + семеринзи, минимум од 50 до 100 евра. Семеринзите знаат често да пуштат масло ако се ставени неквалитетни...
9. Јабучици се по 900 денари комад...
10. Спони со се работна рака за менување се 1000 денари комад...
11. Не дај боже да тропка некој зглоб, односно полуосовина....Цена за е една ГКН, оригинална е околу 150 евра....Репарирани не помишљај да зимаш, а турски ке тераат година дена, ке ги платиш поефтино, ама пак имаш проблем...
Во главном тие се работи на кој треба да внимаваш...
Моторчињата им се супер...
Немаат проблеми, барем кај мене нема на 230 000 км...Годишно јас поминувам максимум по 2500 км последниве неколку години, имам службена кола, и километрите ги правам единствено ако отидам викенд некаде надвор и сабота недела...

Останатото време е гаражирана...
И што е најважно на неа е оригиналната боја, па можеш и тоа да го видиш како изгледа кога не е полирано и замачкувано

Поздрав
