Може да се оди од две места на местово каде што ќе се одржува драгстерот. Првиот е преку Сопиште, вториот преку Марков Манастир.
За тие што незнаат:
Прва опција - преку К.Вода, па Припор, Сопиште, Соње и на крај се искача кај каменоломот кој е од лева страна. Од тука се врти десно и на 2-3 километра од приклучувањето ќе биде настанот. До Сопиште може да се дојде и преку Теферич
Втора опција: Се оди преку К.Вода, па Пинтија, кај исклучувањето за Драчево место лево се оди десно. Се поминуваат Батинци, депонија Дрисла и Марков Манастир и практично се оди каде што те носи патот и нигде не се исклучуваш. Вторава рута е подолга некој 5-6 километри али патот е многу поубав.