Т 34 тенкот бил направен да може лесно и масовно да се призведува, со најпроста технологија со цел и најголемиот Руски сељак со два часа обука да може да го вози и да се бори со него.
Предности над германскиот Тигар : полесен, многу побрз, по окретен, едноставен и лесен за прозиводство и одржување, прилагоден на руската клима со ладни зими и воопшто прв тенк кој има закосен преден штит кој бил и повеќе од ефикасен во случај на челен погодок.(решение што и ден денес се применува кај сите тенкови)
Слабости:76 милиметарскиот High Velocity топ бил извонредно оружје за тоа време но не можел да го пробие 120 милиметарскиот оклопот на Гермнскот Тигар на поголеми далечини, за успешна борба морал да се приближи на растојание помало од 500 метри на кое пак германскиот Тигар бил невероватно прецизен и разорен.
Најголема предност на гермнаскиот тигар биле масивниот 120 мм Оклоп и 88 милиметарскиот топ кој можел прецизно да разнесе Т 34 на далечини поголеми и од 2 км. овој топ е всушност протиавионски топ кој користи специјално дизајнирана за тогашно време, против оклопна муниција, која успешно пробивала оклоп дебел 10 цм на далечина од 1 км.
Каде добија Русите?
Впрочем и Најголемата тенковска битка во историјата, битката кај Курск, русите ја добија искористувајќи ги своите предности. Брзината и бројноста. Германскиот Тигар можел да уништи и по неколку Т 34 додека бил и самиот разнесен но русите под команда на Жуков, Конев , Рокосовски и Ватутин влегле со поинаква татктика во Битката.
Повеќе од 30% од германските тенкови кои биле уништени во битката биле разнесени со директен удар на руски во германски тенк, и онеспособување на можноста да се движи по што Тигарот станувал лесен плен. Русите избегнувале статична, класична тенковска борба поради надмоќното наоружување на Тигарот, искористувајќи ја брзината и маневарските способности на своите тенкови, целата им била да се приближат што повеќе и со бројчана надмоќ да ги уништат германските тенкови.
Каде е предноста на рускиот Т 34 во втората светска војна? Хитлер бил опседнат со големи нешта, најголем тенк, најголема ракета, најмоќни оружја, но во војна не секогаш најмоќното победува што се докажа и овој пат. Квантитетот имал поголема важност од квалитетот.
Имено, прозводството на еден Тигар како технолошки најнапредно оклопно возило во тоа време чинело многу и одземало премногу време. Да не зборуваме за времето потрошено за транспорт до рускиот фронт.
Т 34 бил простотија од тенк, се управувал со две рачки и можел да го вози секој. Се прозведувал во Харков во Украина, чинел малку, а неговото производтсво било многу брзо, лесно и едноставно.
Русите можеле своите тенкови да ги заменат веднаш за разлика од Германците кои морале да чекаат со месеци на замени на старите оштетени, дефектни или уништени тенкови.
Голем недостаток на германските тенкови била што не биле проектирани да работат во зимски услови на минус 40 , главниот проблем било маслото кое се замрзнувало и тенковите откажувале послушност.
Нај на крај...Русите стасаа до Берлин со Т 34.
Многу добро видео каде се споредуваат прастариот Т 34 и еден од помеодерните Т 90 тенкови.