Автор Тема: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ  (Прочитано 586793 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3390 на: 28 Ноември 2019, 23:43:06 pm »
Вчера трагикомична слика на влезот во Прилеп од М.Брод.  Стојат на правото кај Авто Контрол и мавтаат со батериска ламба, буквално сите до еден ги запираа. Траги комедијата беше во тоа што сред пат стоеше полицајка која едвај беше 150 см висока и згора на тоа преку рамо имаше КАЛАШ. Онака уфилмана прописно.

До дома се смеев.

Није лепо смејати се туџој несречи!

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3391 на: 07 Декември 2019, 12:02:33 pm »
Pa ne razbrav shto ti menja dali si viken 2 dena vo nedelata sloboden ili bilo koi 2 dena. Ja rado bi menil vikend za bilo koi 2 dena kako bi zi zbrkal privatni raboti...

И те како менува дали си викенд или не си викенд. И те како менува дали си на празник слободен или не си...
Ете и кај мене некокогаш викал газдата: Работата мора да се заврши!!! И сум останувал на 31 декември до 20:00 за да завршам некоја работа која што никого нема да го интересира, а додека јас клечев и штрафев глупости, кои некој ќе ги види и поќне да работи со нив тек после месец дена, другите си се спремаа за славење а и некои од нив почнаа да си слават нова година.

Едноставно викенд е период во неделата кој е за семејството. Сабота да прошеташ, да испазариш (до 16 часот) и после да ручаш, да се видиш со домашните, да размениш мислења, да разговараш, да се расправаш.
Недела е ден за одмор, семеен ручек, средување работи по дома, спремање за престојната недела. Или ако е убаво времето да прошеташ со деца, девојка ...
Која ми е поентата да одам на викенд во работна недела?
А сите се научиле да спијат до 12 на пладне, па да се тегнат, па да станат, доручек у 15:00 наместо ручек и ке одиме ноќе ке шетаме и пазариме....глупости на квадрат.
Треба да одам сам? Другата половина е слободна у петок а ти у среда. Кај ке одите?
Тоа со било кој ден во неделата е најголемата глупост која што некој ја измислил, само за да се направи паметен.
Треба изрично да се направат измени во законот за работно време и работни денови. Со цел сите да бидат подеднакво третирани, ке се направи дежурство, на кое ке треба секој од вработените по еднаш да биде опфатен.

На времето кога бевме држава, се ова функционираше беспрекорно и идеално.

Кога се осамосталивме, си ги оставивме мозоците во минатото и со празни глави влеговме во демократијата, анархијата и самоволието.

Во недела не треба ништо да работи. Во сабота до 16 часот максимум.
Луѓето треба да поминуваат време заедно, а не да живеат сами како утови... Луѓето не знаат да зборуваат.
Преку недела работно време до 20:00, почнувајќи од 8:00.
Тие што се во една смена од 7:30 до 15:30.
Прехрана од 7:00 до 20:00

Дежурни бензиски, дежурни аптеки, дежурен маркет.
Другите институции се знае: Полиција, Пожарна, Здравство.

Од приватните ми е преку курац. Ако не ги почитуваш работните времиња, 1: Опомена, 2: Опомена и Казна, 3: Казна и затварање на дуќанот во наредни 6 месеци. Ако го фатам за било каков пропуст после ова, одземање на лиценца за приватно стопанисување.

Од идеално општествено уредување, се вративме назад во времето на робовладетелството...


Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16755
  • Keep it 100
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3392 на: 15 Февруари 2020, 00:03:17 am »
Целосно се согласувам особено во делот каде што овој тест е се само не е стандардизиран а на темава ако ја пролисташ ќе ти остави впечаток дека мус тест е нешто што носи објективност за тоа колку некое возило е управливо, а уствари целава работа околу управливостса на овој тест доаѓа тоа од како е испрограмиран софтверски есп системот како целост. Прост е примерот со тојотата рав4 која поради мали промени во софтверот има многу различни резултати. Никакви механички компоненти не беа сменети. И тука значи доаѓаме до најбитното а тоа е дека може да земам тука и југо 45ка да му ставам агресивен есп и да биде на исто рамниште со порше 911.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3393 на: 18 Февруари 2020, 22:27:01 pm »


Прекрасно.

Ајде давајте предлози за тркачки гуми за Спарк, ремап на Ecoboost, КН филтри, сечење лонци, вадење значки и 100 октанско екстра гориво од Педерлада.

Гуми: Мишелин фјуел сејвер
Ремап: Фјуел сејв, power cut
Уште стреј пајп, вадење седишта и спремен си за рекорд на стаза у потрошувачка.

 ;D ;D ;D :-* :-* :-*

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3394 на: 20 Февруари 2020, 20:58:00 pm »
Види, F40 одамна е технолошки надминато ауто, ама е далеку попосакувано од било кое модерно „еколошки прифатливо“ суперауто. Знаеш зошто? Затоа што може да „станеш едно“ со F40, симбиотична комбинација човек-машина. Тоа никогаш нема да го имаат електричниве прдалца без разлика колку совршени резултати прават на хартија и на стаза.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3395 на: 09 Март 2020, 23:43:35 pm »
Не станува збор да те фасцинира колава за 12к, туку да те види господ со ново количе.

За фасцинации се знае, 20к ќе си плукнеш.
Или 73.580...

Ќе ти ебу и фасцинации и све за 73 бона!

Знаеш ли каква Шкккхххххх...

[ - ПРЕЧКИ - ]


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3396 на: 10 Март 2020, 00:37:20 am »
Не станува збор да те фасцинира колава за 12к, туку да те види господ со ново количе.

За фасцинации се знае, 20к ќе си плукнеш.
Или 73.580...

Ќе ти ебу и фасцинации и све за 73 бона!

Знаеш ли каква Шкккхххххх...

[ - ПРЕЧКИ - ]

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Седи миран бе, све глеам :D

Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3397 на: 23 Март 2020, 11:23:13 am »
Јас подобра реплика не сум слушнал во изминатиов период!

Незнаењето не е глупаво само по себе, но упорното игнорирање на достапно знаење е одлика на глупавоста на човечката суета.

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3398 на: 23 Март 2020, 15:57:58 pm »
Многу широка тема е тоа богами.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3399 на: 07 Април 2020, 06:38:40 am »
Си фалат вакви постови и членови, секоја чест @Diesel

Јер социјално дистанцирање, а и секако треба да ги спремaм за складирање зимските, денес се занимавав малку со начини и хемии за најдобро ЧИСТЕЊЕ на гуми, ем за складирање кога не се користат, ем за поголема трајност на дресинг.

По консултации вчера со @Dejan Gj , и немањето на хемија пакувана по галон и што се разредува на нашиот пазар, употребував Meguiar's APC (зелениот), во сооднос 1:4 и Mafra Wheel and Tyre Cleaner..

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ќе си земам од кај него пумпица што прави пена, а не прашина. 300 денари е. За денес, ја користев пумпицата од Мафрата, пошто таа прави пена, за двете средства.

Од прилика, вака се понашаат хемиите, пошто немам видео.



Еве резултати. Лево, на летната гума, е користено APC-то. Десно, на зимската, Мафрата. И на двете гуми трлав на внатрешната страна, пошто е каде-каде поизложена и повалкана.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Зимската беше повалкана.

Користена четка, која е малку тврда за мој вкус, ама супер си ја заврши работата:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ако гледаме резултат, Мафрата е во блага предност, но само затоа што е dedicated за тркала. А можда е така, пошто контрастот е поголем, пошто и самата гума беше повалкана.

Вложен труд - горе-доле исто. По четири пати ги поминав и двете гуми со двете средства, со тоа што мааалку повеќе триев кај APC-то.

Цена на чинење - неспоредлива, во корист на APC-то, што и eventually е пресудно да го користам него, наместо dedicated чистач на гуми и фелни.

Имено, Мафрата ме кошташе 320 денари, 500 милилитри. APC-то, имам галон (3.78) литри, кој чини 1.300 денари, а се разредува. Плус, се користи БУКВАЛНО за се.

Притоа, во сооднос 1:4, APC-то би ме чинело околу 35 денари за пола литро, што е пре, премногу за споредба, за разлика од придобивките кај Мафрата, кои морам да признаам дека се минорни.

Останува да се управи времето, да набавам пумпица од кај @Dejan Gj , и да ги средам гумите.

За бандажи, мислам дека ќе земам Supermafrasol, 900 ml за 450 денари, и се разредува за добивање на 50 литри, што е баш по моја мера.

Ќе видам како ќе биде.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3400 на: 25 Април 2020, 16:27:26 pm »


Стоп 5Г! Стоп Вакцини! Или пројде тоа? Сега "Стоп Бил сакам во сандаче" да пишуваме ли треба? Како беше кажете да сме во тек.

Амин.

Бил гладен.

  Stop 5Gates


Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3401 на: 29 Мај 2020, 10:46:11 am »
нема гласна музика, има само неквалитетна музика и неквалитетно озвучување
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3402 на: 25 Јуни 2020, 15:33:16 pm »
Така викаат сите додека не го расипат, и после како покакани ;D Џонтра абе да го видиш лаптопов, е ајде ќе го видам ама ќе те палам, ебам, закопам, откопам, пак палам, пак закопам, пак откопам, пак ебам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3403 на: 25 Јуни 2020, 18:35:45 pm »
Денес видов BMW 2 grand coupe во живо и можам слободно да кажам дека мислењата на форумов дека е ружно се тотално неосновани.  Во живо е сосема друго, ОДВРАТНО Е, значи нема една убава линија, ништо со ништо не е пропорционално, како на Роџер Пијано ресторанот!

Од далеку не знаеш дали е некоја мутирана тројка, дали е некој X(Y), кросовер ли е, СУВ ли е, седан ли е, ама купе не е сигурно. А од блиску више е премногу болно да го гледаш.....

Немам слики пошто телефон не ми се вадеше да сликам, а и гордиот сопственик можеби беше у близина па ќе помислеше дека е убава колата па ја сликам... Иначе прописно паркирана како што ја личи, пола на тротоар пола  на улица.

Е за бојата морам да признаам дека е одличен избор, црна беше, и поарно, барем навечер нема да се приметува колку е одвратна.




Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3404 на: 07 Јули 2020, 15:06:22 pm »
Сакав да го постирам ама ме изнервира кога кажа дека било скоро исто како 911. Не дека имам возено било која од тие 2, едноставно одбивам да ја прифатам таа споредба.
Ми се допаѓа како размислуваш.