Јер социјално дистанцирање, а и секако треба да ги спремaм за складирање зимските, денес се занимавав малку со начини и хемии за најдобро ЧИСТЕЊЕ на гуми, ем за складирање кога не се користат, ем за поголема трајност на дресинг.
По консултации вчера со
@Dejan Gj , и немањето на хемија пакувана по галон и што се разредува на нашиот пазар, употребував Meguiar's APC (зелениот), во сооднос 1:4 и Mafra Wheel and Tyre Cleaner..

Ќе си земам од кај него пумпица што прави пена, а не прашина. 300 денари е. За денес, ја користев пумпицата од Мафрата, пошто таа прави пена, за двете средства.
Од прилика, вака се понашаат хемиите, пошто немам видео.
Еве резултати. Лево, на летната гума, е користено APC-то. Десно, на зимската, Мафрата. И на двете гуми трлав на внатрешната страна, пошто е каде-каде поизложена и повалкана.




Зимската беше повалкана.
Користена четка, која е малку тврда за мој вкус, ама супер си ја заврши работата:

Ако гледаме резултат, Мафрата е во блага предност, но само затоа што е dedicated за тркала. А можда е така, пошто контрастот е поголем, пошто и самата гума беше повалкана.
Вложен труд - горе-доле исто. По четири пати ги поминав и двете гуми со двете средства, со тоа што мааалку повеќе триев кај APC-то.
Цена на чинење - неспоредлива, во корист на APC-то, што и eventually е пресудно да го користам него, наместо dedicated чистач на гуми и фелни.
Имено, Мафрата ме кошташе 320 денари, 500 милилитри. APC-то, имам галон (3.78) литри, кој чини 1.300 денари, а се разредува. Плус, се користи БУКВАЛНО за се.
Притоа, во сооднос 1:4, APC-то би ме чинело околу 35 денари за пола литро, што е пре, премногу за споредба, за разлика од придобивките кај Мафрата, кои морам да признаам дека се минорни.
Останува да се управи времето, да набавам пумпица од кај
@Dejan Gj , и да ги средам гумите.
За бандажи, мислам дека ќе земам Supermafrasol, 900 ml за 450 денари, и се разредува за добивање на 50 литри, што е баш по моја мера.
Ќе видам како ќе биде.